3Ристовски: Струшкиот ракометен турнир е историја на македонскиот спорт, наша обврска е да ја чуваме традицијата!
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пита со празВо вторник (25.03.2025) во емисијата гостин ни бeше Вилијам СтојановскиСостојки за денешниот рецепт: 1 пакување готови кори 3 - 4 страка праз 5 лажици брашно 50 мл. масло 1 ќесичка пециво 500 мл. вода сол и други зачини по вкус Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗ: Епидемиолошка состојба со вирусот Западен Нил во МакедонијаВо текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани. Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите пациенти се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман. Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај 2026 година во Велес. Најефикасната превенција е заштитата од убоди од комарци. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зори и во самрак, кога комарците се најактивни, како и да се користат репеленти и заштитни мрежи на вратите и прозорците. Граѓаните треба редовно да ги отстрануваат застоените води од дворовите и терасите, бидејќи тие претставуваат погодни места за размножувањ Министерство за здравствоТагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЗ: Обезбеден итен авионски транспорт и континуирана медицинска грижа за млад пациентМинистерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција.По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), обезбеден е владин авион со кој пациентот утре ќе биде транспортиран во земјава. За време на транспортот, пациентот ќе биде придружуван од специјализиран медицински тим од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), при што се обезбедени сите неопходни услови за безбеден медицински транспорт. По пристигнувањето во Скопје, пациентот ќе биде преземен од тимот за спинална хирургија на Клиниката, каде што веднаш ќе биде хоспитализиран и ќе му биде обезбедено натамошно специјалистичко лекување, медицинска нега и соодветна рехабилитација. Грижата за здравјето и безбедноста на секој пациент останува наш највисок приоритет. Надлежните институции продолжуваат посветено и координирано да обезбедуваат навремена и соодветна здравствена помош секогаш кога тоа е потребно МЗКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски: Струшкиот ракометен турнир е историја на македонскиот спорт, наша обврска е да ја чуваме традицијата!Министерството за спорт е главен покровител на 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ што ќе се оддржи од12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. Струшкиот турнир кој е една од од најпрепознатливите спортски традиции во Македонија, се одржува во организација на РК Струга, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија. На денешната прес-конференција во најава на турнирот, министерот за спорт Борко Ристовски изрази поддршка и истакна дека Владата на Република Македонија и Министерството за спорт секогаш ќе стојат зад вакви турнири, федерации, клубови и поединци кои што продуцираат нешто што значи историја и традиција. -Во Струга повеќе од 50 години се организира овој турнир и ние секогаш со задоволство ќе бидеме покровители, поддржувачи и ќе помагаме во било која форма да биде побарано од нас, затоа што Струшкиот турнир навистина претставува историја за македонскиот спорт, историја за ракометот, но и историја на Струга и историја на Македонија. Новото раководство на турнирот и на РК Струга го сочинуваат сериозни луѓе кои навистина вложија многу за да се направи добар турнир, иако времето беше кратко. Верувам дека од следната година турнирот ќе расте, а ќе настојуваме конечно да се реконструира и игралиштето во Струга и овој турнир да прерасне во нешто налик на турнирот во Добој, турнир од полузатворен тип – истакна Ристовски. Министерот за спорт потсети на важноста на Струга како расадник на ракометни таленти и најави поддршка во продолжувањето на оваа традиција. -Струга отсекогаш била расадник на таленти во ракометот, Струга и денес промовира спортски вредности и во овие неколку турнирски денови градот живее во духот на спортот. Ние како Влада и Министерство за спорт ги поддржуваме овие проекти кои промовираат нешто што е наша заедничка цел – промоција на позитивни вредности и што е можно повеќе деца на спортските терени. Се надевам дека заедно ќе успееме Струга повторно да биде успешна ракометна приказна и расадник на ракометни таленти – порача Ристовски. Спортскиот директор на РК Струга и претседателот на организацискиот одбор на Струшкиот турнир, Милчо Чакарески, го најави новото издание на турнирот и упати благодарност за поддршката од Владата и од Министерството за спорт. -Оваа година не зборуваме само за уште еден спортски настан. Зборуваме за почеток на една нова ракометна ера во градот. Сакам искрено да им се заблагодарам на Владата на Република Македонија, Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, кој го прифати покровителството на овој турнир, на Ракометната федерација на Македонија, како и на сите ракометни клубови кои безрезервно ја прифатија поканата за учество. Благодарност и до спонзорите, волонтерите и сите поединци кои несебично се вклучуваат во организацијата и придонесуваат овој настан да продолжи да живее. Струшкиот ракометен турнир е многу повеќе од неколку натпреварувачки денови. Тоа е заедничка приказна која ја градиме веќе 54 години – истакна Чакарески. Годинава на Струшкиот турнир ќе настапат шест екипи, поделени во две групи. Во групата А се Вардар, Бутел Скопје и Прилеп, додека во групата Б ќе играат домаќинот Струга, Охрид и српскиот претставник Дубочица од Лесковац. Во досегашните 53.изданија на турнирот најуспешни учесници се РК Вардар и РК Еурофарм Пелистер, кои имаат освоено по 14 трофеи. Актуелен бранител на титулата е РК Охрид, кој минатата година во финалето го совлада РК Бутел Скопје и за првпат го освои турнирот. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook