„Гответе со Дракче“ - Пиперки во бел сос - Канал 5

„Гответе со Дракче“ - Пиперки во бел сос

Во четврток (12.03.2026) во емисијата гостин ни бeше Дуле Китановски

„Гответе со Дракче“ - Пиперки во бел сос

Состојки за денешниот рецепт:

5 - 6 зелени пиперки

3 јајца

250 гр. павлака за готвење

3 - 4 чешниња лук

масло

сол и др. зачини по избор

прилог - потпечени лепчиња

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Српскиот евролигаш КК Партизан го претстави шестото засилување! 

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Американскиот кошаркар Дерек Вилис е официјално новото засилување на Партизан.

205 сантиметри високиот Вилис потпиша двегодишен договор со „црно-белите“ од Белград.

Станува збор за класичен крилен центар, односно играч на позицијата „четири“.

Дерек Вилис имаше солидна сезона во Евролигата, со просек од 5,8 поени, 3,9 скока и 1,2 асистенции, при што реализираше 55 проценти од обидите за два поена и 37 проценти од оние за три поени, што го направи атрактивна опција на пазарот.

Вилис забележа уште подобри бројки во француското првенство, со просек од 7,6 поени, 4,8 скока, 1,2 асистенции и 0,8 украдени топки за помалку од 19 минути по натпревар, остварувајќи импресивни 65 проценти реализација за два и 43 проценти за три поени.

Американецот роден во Кентаки му се приклучи на тимот на Жоан Пењароја и е шестото засилување во екипата што се формира за претстојната натпреварувачка сезона во Евролигата.

Пред него, во црвно белиот табор пристигнаа Кевариус Хејс, Ламар Стивенс, Алесандро Пајола, Никола Танасковиќ и Лука Вилдоса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Крушево: Водата за пиење во Општина Крушево е исправна и безбедна за употреба

Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност.

О. Крушево: Водата за пиење во Општина Крушево е исправна и безбедна за употреба

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија. Веднаш по отстранувањето на дефектот беа преземени сите неопходни мерки за нормализирање на процесот на хлорирање и континуирано беа спроведувани контроли на квалитетот на водата.

Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност.

Ги известуваме граѓаните дека водата од јавниот водовод во Општина Крушево може слободно да се користи за пиење, подготовка на храна и за сите останати потреби во домаќинствата, без потреба од дополнителни мерки или ограничувања.

Општина Крушево и Јавното комунално претпријатие ќе продолжат со редовен мониторинг на системот за водоснабдување и со континуирана соработка со Центарот за јавно здравје – Прилеп, со цел обезбедување сигурна, квалитетна и здравствено исправна вода за сите граѓани.

Им благодариме на граѓаните за трпението, разбирањето и довербата што ја покажаа во текот на изминатиот период.

Општина Крушево

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар

Министерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар и следење на вектор-преносливи заболувања

Министерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар

На денешната прес-конференција министерот за здравство информираше за актуелната епидемиолошка состојба во Гостивар, како и за состојбата со вектор-преносливи заболувања во земјава.

Во Гостивар денеска се евидентирани 109 нови први контакти, додека во изминатите четири дена нивниот број се движи од 80 до 125 дневно. Според податоците од претходните години, просечно во текот на јули, во Гостивар биле пријавувани по 25 заразени лица.

Во моментот се евидентирани вкупно 869 формални пријави, а досега е спроведена епидемиолошка анкета со 622 лица.

По консултација со Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство донесе одлука за воведување засилен здравствен надзор во постакутна епидемиолошка фаза. До сите јавни здравствени установи и матични лекари ќе бидат доставени соодветни упатства за навремено следење, информирање и рано препознавање евентуални случаи на хепатит А и Е, како и на други заразни заболувања што може да се појават како последица на епидемијата.

Паралелно, Министерството спроведува сеопфатна анализа и евалуација на текот на епидемијата и на настанатата состојба. Анализата го опфаќа системот за пријавување, како и актуелните и ретроспективните податоци собрани преку системот Мој Термин. Целта е да се утврдат можностите за дополнително унапредување на системот и да се зајакне неговото навремено и ефикасно функционирање.

Следење на вектор-преносливи заболувања

На последната седница на Комисијата за заразни болести беше разгледана и состојбата со вектор-преносливи заболувања. Под засилена опсервација се четири заболувања: маларија, денга, зика и западнонилска треска.

По две години без регистриран случај на маларија, годинава се потврдени четири случаи кај туристи кои престојувале во Занзибар и на Малдиви. Регистрирани се и три случаи на денга и еден случај на зика, сите поврзани со престој на Малдивите. Станува збор за возрасни пациенти со коморбидитети.

Министерството апелира граѓаните кои патуваат во тропски земји доследно да ги следат препораките на Светската здравствена организација во однос на потребната вакцинација и профилакса. До матичните лекари ќе биде упатена препорака при прегледите задолжително да ги земат предвид податоците за неодамнешни патувања во тропски земји, со цел навремено препознавање, дијагностицирање и третман.

Во однос на западнонилската треска, досега се евидентирани осум случаи, од кои два во текот на јуни. Станува збор за повозрасни пациенти со придружни заболувања. Во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат се дадени насоки за контрола на спроведувањето и опфатот на дезинсекцијата во општините.

Министерството за здравство останува посветено на континуирано следење на состојбата, навремено преземање конкретни мерки и транспарентно информирање на јавноста. Во соработка со Комисијата за заразни болести, здравствените установи, матичните лекари, инспекциските служби и локалните самоуправи, ќе продолжиме да дејствуваме координирано за заштита на здравјето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер