„Гответе со Дракче“ - Пилешко во бел сос - Канал 5

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во бел сос

Во четврток (02.04.2026) во емисијата гостин ни бeше Силвана Крстовска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во бел сос

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

250 гр. неутрална павлака

1 лажица нишесте

300 гр. шампињони

1 лажица кари

1 лажиче лук во прав

масло

сол, бибер и др. зачини

За украсување

неколку шери домати

половина свежа краставица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на аеродромот во Белград: Турчин нападна полицаец и извикувал „Алаху акбар“!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за гранична полиција, донесоа решение за притвор на Т. Ц. (27), државјанин на Република Турција.

Драма на аеродромот во Белград: Турчин нападна полицаец и извикувал „Алаху акбар“!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за гранична полиција, донесоа решение за притвор на Т. Ц. (27), државјанин на Република Турција, врз основа на наредба од јавниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство во Белград, под сомнение за сторено кривично дело Напад врз службено лице при вршење на службена должност, објави Телеграф.

Драматичен инцидент се случи вчера, 30 јули, на аеродромот „Никола Тесла“ во општина Сурчин.

Како што дознаваме, полициските службеници интервенирале поради претходен физички конфликт што избувнал помеѓу осомничениот Турчин и друг патник. Сепак, за време на самата интервенција, осомничениот одбил да постапи по полициските наредби.

Кога полицајците се обиделе да употребат средства за врзување, Т. Ц. пружил жесток отпор — тој посегнал и го зграпчил огненото оружје на полицаецот, обидувајќи се да го извади од футролата!

Со брза реакција на припадниците на МУП, осомничениот беше совладан и му беа ставени лисици, додека цело време извикуваше „Алаху Акбар“.

Се бранеше со молчење, обвинителството бара притвор

Осомничениот беше испрашуван пред јавниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство во Белград, каде што изјави дека нема да коментира за околностите на извршување на кривичното дело, односно го оствари своето законско право да молчи.

Со оглед на тоа што осомничениот нема регистрирано постојано или привремено живеалиште на територијата на Република Србија, како и дека постојат јасни околности што укажуваат на ризик од бегство, Третото основно јавно обвинителство поднесе предлог до надлежниот суд да му се одреди притвор на Т. Ц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут

Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут.

Мицкоски: Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут

Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави.

Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Градскиот базен е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни спомен

Лето, сонце, вода и многу детски насмевки, токму така изгледаат деновите на Градскиот базен во Кавадарци.

Јанчев: Градскиот базен е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни спомен

Градскиот базен секојдневно е исполнет со детска смеа, спортски дух и прекрасна енергија. Во овие топли летни денови, базенот е вистинско место за разладување, рекреација и уживање за сите генерации.

Посебна радост носат најмладите, кои преку Школата за пливање ги прават своите први пливачки чекори, стекнуваат нови вештини, самодоверба и љубов кон спортот. Секој ден е исполнет со активност, дружење и насмевки што ја покажуваат вистинската вредност на овој современ спортско-рекреативен простор.

Инвестицијата во овој базен е инвестиција во здравјето, спортот и иднината на нашите деца. Денес, овој модерен објект е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни спомени, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер