Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата
1Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек и сланина во сосВо петок (03.01.2025) во емисијата гостин ни беше Ристо ЛијаковскиСостојки за денешниот рецепт: 2 парчиња стек 200 гр. брокула 200 гр. карфиол 200 мл. павлака за готвење 100 гр. маслинки без семка 100 гр. сланина со месо малку сол и сув зачин зачини по вкус Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНово инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницатаПуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот.Во среда, 3 јуни, во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово свечено беше пуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот. Новото игралиште ќе го користат учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, а неговата посебна вредност е инклузивниот пристап што овозможува активно користење и од страна на учениците од помошниот ресурсен центар за деца со посебни образовни потреби. Со тоа се создава безбеден и достапен простор каде сите деца ќе имаат можност за спорт, рекреација и дружење. По повод отворањето беше организиран ревијален натпревар во рамки на програмата „Забавни мини спортови“, преку кој учениците ги претставија можностите на новите терени за кошарка, одбојка и ракомет, под менторство на наставниците по физичко образование. На настанот присуствуваа претставници на училиштата, Општина Куманово, ЈП „Куманово План“, како и претставници на менаџментот на Flex Credit. Проектот е реализиран во рамки на платформата за општествена одговорност на компанијата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit инвестира во иницијативи што создаваат долгорочна вредност за локалните заедници. „За нас ова е многу повеќе од донација. Преку платформата ‘Повеќе од финансии – поддршка за заедницата’ сакаме да оставиме трајни позитивни промени таму каде што се најпотребни. Веруваме дека секое дете заслужува квалитетен простор за игра, спорт и развој, а особено ни е драго што ова игралиште ќе биде достапно за сите деца без исклучок. Ова е инвестиција во младите, во нивното здравје, другарство и иднина“, изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Flex Credit. Во знак на благодарност за поддршката и придонесот во реализацијата на проектот, на претставниците на Flex Credit им бише врачена благодарница од страна на раководствата на училиштата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
АвтомобилизамОдржани две TSD Авто слалом натпреварувања во КичевоНа натпреварот, со своите олдтајмери беа пријавени и учество земаа околу 40тина возачи кои настапуваа преку различни клубови од повеќе градови од Македонија.Во одлична организација на клубот Класика Прилеп, пред многубројна публика изминатиот викенд на воениот полигон во Кичево се одржаа вториот и третиот TSD Авто слалом натпревар со историски возила, како дел од предвидените натпревари од годинешниот календар на Националната федерација на историски возила. На натпреварот, со своите олдтајмери беа пријавени и учество земаа околу 40тина возачи кои настапуваа преку различни клубови од повеќе градови од Македонија. На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Кичево Д-р Александар Јовановски и пратеникот Ѓорѓија Сајковски, кои со пригодни говори се обратија пред натпреварувачите и присутната публика, при тоа истакнувајќи дека патеката на воениот полигон треба да прерасне во модерен автодром каде ќе се негува автомобилизмот и патека на која сите македонски автомобилисти ќе имаат можност да тренираат и да се натпреваруваат. Од нивна страна беше потврдена желбата и заложбата на Владата и Министерство за спорт за решавање на долгогодишниот проблем со другата Автомобилистичка федерација, каде што на македонските возачи и клубови им се оневозможува да настапуваат со македонски лиценци, како и проблемот кој значи долги години немање и неодржување на натпревари и национален шампионат во автомобилизам, се со цел враќање на автомобилите на спортските патеки и враќање на македонските натпреварувачи кои возат со странски лиценци, во матичните, домашни, македонски автомобилички клубови. Голема благодарност за несебичната поддршка од Општината Кичево и градоначалникот Јованосвски, МВР, Територијалната противпожарна единица и Здравствениот дом Кичево, благодарност до верната публика, спонзорите и покровителите на овој TSD Авто слалом натпревар со историски возила. Национална Федерација на историски возила на МакедонијаТагови: историски возила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Скопјанец осомничен за неколку кривични дела кон членови на семејството, предложен притворСиноќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги повредил сопругата и нејзината мајка.Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги повредил сопругата и нејзината мајка. Со намера да ги вознемири и заплаши, осомничениот почнал да вика и да се заканува на сопругата и на нивните две деца на возраст од 6 и 4 години. Кога оштетената побарала да престане, тој ја фатил за раката и ја турнал, нанесувајќи и телесни повреди. Потоа осомничениот започнал да ја крши покуќнината и со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, која исто така телесно ја повредил на ногата и во градниот кош. Се заканувал дека сите ќе ги убие, па и дека ќе го задави сопственото дете, при што во еден момент извадил и нож со кој замавнувал, предизвикувајќи чувство на загрозеност, несигурност и страв кај оштетените. Сопругата успеала телефонски да ги повика нејзиниот брат и татко. Осомничениот продолжил и ним да им се заканува со ножот, а од боксот го пуштил во дворот и своето куче од расата “шарпланинец” кое го гризнало еден од оштетените на надлактицата и потколеницата, нанесувајќи му телесни повреди – рани од угриз. Имајќи ги предвид сите дејствија на осомничениот, околностите што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и стравувањето дека тој би можел да ги повтори дејствијата на семејно насилство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.Тагови: насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter