„Гответе со Дракче“ - Мексикански омлет - Канал 5

„Гответе со Дракче“ - Мексикански омлет

Во понеделник (02.02.2026) во емисијата гостин ни бeше Милица Кузмановска

„Гответе со Дракче“ - Мексикански омлет

Состојки за денешниот рецепт:

6 - 7 јајца

2 пиперки

1 главица кромид

6 - 7 шери доматчиња

маслиново масло по потреба

кашкавал

малку магдонос за декорација

сол и бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директни преговори под услов: Кремљ бара средба во Москва, Украина сака меѓународни медијатори

По 1.600 денови војна и несебична поддршка на западните сојузници, украинскиот претседател Зеленски му пиша на рускиот колега Путин. 

Директни преговори под услов: Кремљ бара средба во Москва, Украина сака меѓународни медијатори

Во отворено писмо од 1.800 зборови, Зеленски го повикува на директна средба лице в лице, зашто како што рече, погрешно е уште да се чека. Со одредена доза на потсмев, тој му пишува на Путин дека неговата возраст почнува да го зема својот данок и му предлага средба во неутрална земја сугерирајќи на Швајцарија и во Турција.

-Гледаме дека Соединетите Американски Држави го посветуваат целото свое внимание на прашањето за Иран и погрешно е едноставно да се чека нивното внимание да се сврти кон војната во Европа. Украина предлага да се заврши војната во формат меѓу мене и вас. Ви нудам средба. , пишува Зеленски во писмото до Путин.

Кремљ експресно му возврати, дека ако сака средба Зеленски може да дојде во Москва, нешто што украинскиот лидер досега категорично го одбиваше. Дека е подготвен за преговори, вчера зборуваше и самиот Путин, но како што порача, единствено под добро позната рамка од Аљаска, која предвидува Украина да се повлече од четирите региони под руска окупација. Изрази сомнеж и во легитимитетот на Зеленски.

-Прашање е дали украинската страна е подготвена за компромиси. И дали Зеленски е воопшто е легитимен претставник на Украина? Тоа е прашање за правниците и за детална правна анализа. , вели Владмир Путин, претседател на Русија.

Трамп ја поздрави иницијативата и изрази надеж дека двете страни се подготвени за компромиси.

-Мило ми е што зборуваат за средбата. Мислам дека влијаевме на неа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат. Треба да го завршат. , вели Доналд Трамп, претседател на САД.

Украинците претежно скептични на писмото на својот на претседател, но велат преговорите мора некогаш да се случат.

-Ова писмо не вреди ништо. Како ќе запре војна, кога некои барања се неразумни. На Русија и треба цела Украина. Ако сака Зеленски нека напише и 100 писма. , вели жител на Киев.

-Од аспект на дипломатијата, писмото има голема тежина, но мислам дека повеќе е упатено до западниот свет отколку до Владимир Путин. , вели жител на Киев.

Од почетокот на војната се одржаа неколку рунди преговори, во Истанбул, Женева, Абу Даби, но сите пропаднаа во најголем дел поради територијалните прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали ќе има конкретен план како главниот град да го реши проблемот со бездомните кучиња?

Дали ќе има конкретен план како главниот град да го реши проблемот со бездомните кучиња? Овој проблем, кој постои со години, како да ескалира во последниот период, а граѓаните често се жалат дека се нападнати. 

Дали ќе има конкретен план како главниот град да го реши проблемот со бездомните кучиња?

Проблемот со уличните кучиња не може да се реши набрзина, и потребни ќе бидат околу две години за конечно кучињата да се тргнат од улиците, рече денеска директорот на ЈП Лајка, Војислав Димитровски. Тој нагласи дека имаат стратегија како на хуман начин да се справат со бездомните кучиња, и веќе имаат набавено опрема за заловување на проблематичните кучиња за кои граѓаните често пријавуваат, но повика и на одговорност кај граѓаните, да не продуцираат легла, кои потоа ќе ги остават на улица.

Директорката на прифатилиштето за бездомни животни од Загреб, Татјана Зајез денеска го претстави искуството од Хрватска. Таа напомена дека во Хрватската метропола не можат да се видат улични кучиња, бидејќи казните за сопствениците кои нема да ги чипираат или на оние кои ќе ги напуштат се високи.

ПРофесорот од ветеринарниот факултет, Влатко Илиески предупреди дека сите домашни кучиња кои во моментов не се чипирани, би можеле во било кој момент да станат улични, бидејќи не се регистрирани, и ако случајно го напуштат живеалиштето, веќе се во сопственост на градот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како до високо образование според потребите на економијата?

Македонија не треба повеќе да произведува кадри кои само ќе го зголемуваат бројот на бирото на невработени и млади кои ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат.

Како до високо образование според потребите на економијата?

Македонија не треба повеќе да произведува кадри кои само ќе го зголемуваат бројот на бирото на невработени и млади кои ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат – на земјата и требаат практичари а не само теоретичари порачаа учесниците на денешната конференција која се одржа во Стопанска комора, насловена од диплома до компетенции... Универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски во својот вовден говорсо порака - не смееме веќе да штанцаме програми кои не се тесно поврзани со реалниот пазар, вели високото образование ќе треба да стане партнер на економијата и мотор на развој.

„Долго време ние во високото образование меревме успех со бројот на запишани студнти, издадени дипломи и факултети. Но денес мора искрено да признаеме на економијата не и требаат само дипломи и требаат знаење иновации, знаење, вештини и носечки кадри ...Нас ни треба реално нова генерација на инженери, ит експерти, машински електроинженери, енергетичари, значи ни требаат проактичари не само теоретичари... “- Марјан Ѓуровски – универзитетки професор.

Учесниците на конференцијата децидни студиските програми мора да се креираат заедно со стопанството ако државата сака да оди напред. Од Стопанската комора потенцираа дека не смее академијата и бизнисот да живеатт во различни светови...

„Нашите приоритети сега се образованието и инфраструктурата затоа што конечно сфативме без тоа не може да имаш конкурентен производ. А ако немаш конкурентен производ ќе ја изгубиш битката а ако имаш ќе се бориш на европските пазари...Продуктивноста која ни е на најниско ниво може да се реши само на еден начин со високопрофесионални луѓе со високи примања. Ако тоа не го направи Македонија си потпишала смртна пресуда...“ -Бранко Азески – претседател на Стопанска комора .

Целта на денешната конференција беше да се отвори национален и регионален дијалог за трансфорамција на високото образовани во функција на економски развој, конкурентност, инвоации, како и создавање квалитетен кадар но и задржување на младите во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер