ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
1ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Макарони во песто сосВо понеделник (01.04.2024) во емисијата гостин ни беше Илија ЖежовСостојки за денешниот рецепт: 1 пакетче макарони 1 тиквичка 1 лажичка песто сос 1 китка магдонос зачини по вкус Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развиваОние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба.Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион. Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа. Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки. Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании. Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против. Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан. Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат. Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран поставува седум услови за САД: „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови“Иран му достави на САД седум услови за почеток на какви било преговори, соопшти Мохсен Резаеи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Целосната листа на услови сè уште не е објавена. „Техеран му пренесе на Вашингтон седум услови за почеток на какви било преговори. Пораката на Техеран е јасна и недвосмислена: доколку Вашингтон сака да излезе од ќорсокакот што самиот го создаде и да избегне уште подлабоко да заглави во него, нема друг избор освен да ги прифати правата и условите на Иран“, напиша Резаеи на платформата „Икс“ (X). Неколку часа претходно, во интервју за „Ал Џезира“, Резаеи ги откри трите барања што Иран ги поставува за завршување на војната: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на американската поморска блокада. „Нашите услови се: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на нашите средства и прекин на поморската блокада“, рече Резаеи. Тој не ги откри преостанатите четири услови. Според него, Катар, како посредник, веќе ги пренел барањата на Иран до Вашингтон, а Техеран сега го очекува одговорот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. „Остануваме во контакт со посредникот Катар, кој ги пренесе нашите услови до Вашингтон со цел да се стави крај на војната. Го очекуваме одговорот на претседателот Трамп“, изјави Резаеи. Истовремено, еден ирански функционер предупреди дека Техеран е подготвен да го продолжи конфликтот доколку преговорите пропаднат. „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да донесат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, изјави Резаеи за Ал Џезира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, касата останува - отчетот е филм а предавството е фактЗНАМ излезе од кино со реченицата: функциите доаѓаат и си одат, Македонија останува.Отчетот бил обврска, не завршница. Пет пратеници што „знаат зошто се во Собранието“. Минчев зборуваше за реформи, плати, инфраструктура и зголемување на пензиите. Тоа „зголемување“ е само кражба од пензионерите. Самите си го ставија во брошурата како резултат. Ова не е настан за љубов кон татковината туку отчет за шефот Мицкоски. ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Влегоа во власта. Станаа сателити на ВМРО-ОКГ. Глас. Столче. Тендер. Пошта. Плац за Лидл. Фирма во Бугарија, па стана Максо и „странски инвеститор“. Две години кражба. Две години народот го држат како заложник. Сега брошура и 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија. Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто патриотите имаат бугарски пасоши. Има и втора смена. ЗНАМ 2.0. Платформата на Мицкоски за „реформи“ во СДСМ. 1,6 милиони евра од буџет. На грбот на народот. Буџет за СДСМ да свири по негова плејлиста. За Гета дадоа 5,53 милиони евра. За делење на опозицијата - 1,6 милиони евра. Поевтино. Иста каса. Иста банда. Првата верзија влезе во влада. Втората требаше да биде во СДСМ. Не успеа. Затоа сега повторно се собираат „за иднината на Мицкоски“. Отчетот не е завршница туку проба. Следниот чин нека го прават во Бела палата. Филмот го знаеме. Предавството имаше еден датум. Сега има два. ЗНАМ не е движење туку привзезок. Функциите се менливи. Провизијата останува. Македонија не им е љубов туку терен за кражба. Граѓаните нема да одат на панел да им честитаат што ги продале. Одат на следни избори да ја вратат државата. Бандата да одговара. Пред суд. Не пред платно. 20.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16