Рецепти„Гответе со Дракче“ - Макарони со мелено месоВо четврток (13.02.2025) во емисијата гостин ни беше Аспазија СофијановаСостојки за денешниот рецепт: 1 пакување ситни макарони 50 гр. путер 1 главица кромид 1 морков 1 домат 1 печена пиперка 400 гр. мелено месо 1 лажица доматен сос 2 лажици шеќер 600 мл. вода 200 гр. кашкавал Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрајанов: Има индиции дека границата е нелегално премината, институциите детално да истражатМоже ли во моментов да се детектира чија е одговорноста за бегството на Ива Михаилова? Има ли и каква е улогата на бугарските власти во случајот.. За овие дилеми свое видување има поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, со него разговара Јана Јосифоска. Во видеото погледнете го целиот разговор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПораката од Софија е повеќе од јасна дека нема да ја екстрадира Михаилова, вели ДавидовиќВчерашното соопштение од бугарското МВР, според правните експерти, е јасен сигнал дека Софија нема да ја екстрадира Ива Михаилова, повикувајќи се на нејзиното бугарско државјанство. Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека иако бугарското МВР се осврнува на технички детали околу црвената потерница, за правните експерти пораката од Софија е повеќе од јасна – Бугарија нема да го екстрадира својот државјанин. Меѓу редови соопштението на бугарското МВР кажува и се повикува дека е државјанин и на Република Бугарија и посочува дека секоја држава има право да не екстрадира свој државјанин. И најверојатно во таа насока и ќе оди целата постапка. Се друго наведено во соопштението се однесува на технички дали има или нема црвена потерница итн. Но суштината е дека меѓу редови свој државјанин не се спремни да екстрадираат. Дури и евентуалното распишување црвено известување од Интерпол нема драстично да ги смени работите, смета Давидовиќ, бидејќи во случајот дополнително се прекршуваат политиката и нарушените односи меѓу двете земји. Но, главниот пропуст, според него, е направен дома – со тоа што на осомничената не ѝ беше веднаш одреден притвор. Факт е дека до вакво нешто не можело и не смеело да дојде затоа што најчесто во вакви тешки кривични дела, тешки дела против безбедноста на сообраќајот, во 99% од случаите се определени мерки притвор. Зошто тоа и овде не е направено, тоа треба да објасни и обвинителот кој не го побарал и судот кој не определил мерка. Пред Основниот суд во Кочани веќе се одржаа неколку рочишта против Михаилова, која се товари за тешки дела против безбедноста на сообраќајот, со смртни последици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легалноИва Михаилова и татко и ќе одговараат, уверува премиерот Христијан Мицкоски отфрлајќи ги обвинувањата од опозицијата за наводен договор околу нејзиното бегство од земјава. И покрај тоа што Бугарија навести дека нема да ја екстрадира, тој ги повика тамошните власти да ја предадат и да одговара пред македонските органи. Како ја напуштила државата, Мицкоски вели МВР се уште истражува, но јасно е дека таа и адвокатот преминале граница на нелегален начин. „Тоа што опозицијата и раководството на нашиот источен сосед се на иста линија говори многу за тоа што и каква била намерата. Ниту Ива е намерата ниту било што. Намерата е да се создаде политичка тема за која претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ, и на тој начин ќе обезбедат одредена корист за опозицијата. Ако е тоа така договорено, ние ги бараме назад и неа и нејзиниот родител. Уште денеска да ги донесат и да видиме дали е така договорено или не. / Ве гледам во очи и ви кажувам: кога-тогаш. Тоа што сум го кажал сум го направил. И татко ѝ и таа ќе одговараат. Кога-тогаш. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Премиерот со критики за политичкиот врв во Бугарија бидејќи застанаа во одбрана на Михаилова, потег кој оценува дека наштетува на меѓусоседските односи. „ Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата која сама себе си ја прави на меѓународен план, тоа е нивна одлука да изберат ваква политика.. Жалам што тие наместо лице правосилно осудено да го вратат тука да ја отслужи казната за којашто е осудена, тие од него прават естрадна звезда и кловн.. “ -Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Македонското министерство за надворешни работи пред два дена го повика бугарскиот амбасадор во земјава за да ја пренесат пораката и по дипломатски пат, дека најавите за прием на високо ниво за Михаилова за Македонија се провокација. Досега најава за средба со неа има од претседателката Илијана Јотова, која за случајот го информирала главниот комесар за човекови права во Обединетите Нации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook