Рецепти„Гответе со Дракче“ - Грашок со пилешкоВо понеделник (11.11.2024) во емисијата гостин ни беше Љупчо Бубо КаровСостојки за денешниот рецепт: 1 конзерва грашок 1 пилешки стек 1 пиперка 1 домат 1 главица кромид 3 лажици брашно 2 лажици мелен црвен пипер 1 пилешка коцка сол, бибер и масло по потреба Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на Јавниот обвинител Савески со директорот на Финансиската полиција ИвановскиНа средбата ги разгледаа можностите за унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.Јавниот обвинител на Република Македонија Ненад Савески на денешната средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски разговараше за зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата. На средбата ги разгледаа можностите за унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство, со цел поефикасно откривање и сузбивање на кривичните дела од областа на финансискиот криминал со посебен акцент на спроведувањето на финансиските истраги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00
МакедонијаМинистерот Ристовски на отворањето на младинскиот фудбалски камп на „AC Milan“ во СкопјеМинистерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје.На кампот што ќе се одржи од 10 до 14 јуни 2026 година во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје, ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант. -Овој спортски камп е убава и ретка можност нашите деца да се запознаат со филозофијата, дисциплината и вредностите на еден од најголемите и најтрофејни фудбалски клубови во светот. Можност да учат од врвни професионални тренери, да стекнат нови знаења и искуства и да ги направат своите први, но исклучително важни чекори кон остварување на своите спортски соништа – рече Ристовски. Министерот за спорт нагласи дека ваквите програми им овозможуваат на младите да ги усвојат не само техничките и тактичките вештини, туку и вредностите што ги гради спортот – дисциплина, посветеност, тимски дух, почит и одговорност. -Како поранешен спортист, многу добро знам што значи ваква можност и колку ова искуство може да биде поттик за овие деца да се посветат на спортот и на спортските вредности. Се надевам дека овој камп ќе прерасне во традиција, а ние сме тука како Министерство за спорт и како Влада да ги помагаме ваквите настани и да промовираме вистински вредности – истакна Ристовски. Организаторите потенцираат дека кампот комбинира високо ниво на технички тренинг, тактичка едукација и личен развој, помагајќи им на младите играчи да го откријат својот потенцијал и да ги подобрат своите фудбалски способности, истовремено прифаќајќи ги основните вредности на AC Milan. -Фудбалските кампови на Милан нудат уникатна можност за момчиња и девојчиња да ја искусат методологијата на еден од најуспешните клубови во светот. Тренинг сесиите се базираат на филозофијата на Академијата на Милан и се водени од официјални тренери, со фокус на подобрување на талентот на секој играч. Нашата мисија е да обезбедиме тренинг искуство на највисоко ниво, носејќи го истиот квалитет и професионализам што се нуди во Академијата на Милан – порачаа организаторите на кампот.Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00
СветНова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)Силна експлозија утрово го уништи автомобилот „BMW X3“ во градот Балашиха, на околу десет километри од Москва, убивајќи еден маж, а руските медиуми јавуваат дека жртвата би можела да биде висок офицер во руската армија.Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури и генерал-полковник во руската армија. Сепак, во моментов нема официјална потврда за неговиот чин или позиција. Според рускиот истражен комитет, експлозијата се случила околу 5:30 часот по локално време, додека возилото се движело во близина на станбена зграда на улицата Колдунова, во областа Авијаторов. Рускиот канал на Телеграм, 112 објави детали според кои експлозивната направа била поставена под седиштето на возачот. Мажот, според истите извештаи, починал на местото на настанот од тешки повреди. 🤨 A car exploded in a suburb of Moscow on June 9, killing the driver instantly. The blast occurred in the Aviatorov neighborhood—a district heavily populated by military families—where Russian General Yaroslav Moskalik was assassinated in a similar car bombing. pic.twitter.com/GbtAuUW28L — UNITED24 Media (@United24media) June 9, 2026 Областа Авијаторов, каде што се случи експлозијата, беше изградена наменски за припадници на руските вооружени сили и нивните семејства. Становите, наводно, биле доделени преку руското Министерство за одбрана на воени пензионери, ветерани и семејства на активни воени лица. Според независниот руски медиум „Астра“, денешниот инцидент се случил на помалку од еден километар од локацијата каде што, во април 2025 година, генерал-потполковник Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на рускиот Генералштаб, беше убиен во сличен напад со автомобил-бомба. Извор: Б92Тагови: Бомба москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook