Веб ТВ„Гответе со Дракче“ - 26.06.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска АрабијаСАД потпишаа значаен договор со Саудиска Арабија, што ќе ѝ овозможи да развива цивилна нуклеарна програма, во што ќе учествуваат и американски компании.Текстот од договорот не беше објавен јавно, но американските медиуми објавија дека тој ќе ѝ дозволи на Саудиска Арабија да збогатува ураниум во иднина. Експертите велат дека ова создава ризик од идна нуклеарна пролиферација во веќе нестабилниот регион. Министерството за енергетика на САД кажа дека покрај договорот за соработка, потпишан е и „двостран договор за заштитни мерки“. Ова е првпат САД да ѝ помагаат на друга земја да збогатува ураниум на своја територија. објавата уследи среде ескалацијата на војната во иран, што сад ја започнаа во февруари за да го спречат да развие нуклеарно оружје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЕвропаЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговориНовиот 21 пакет санкции на ЕУ против Москва од Руската инвазија на Украина во 2022 година, вклучува одржување на сегашното ниво на горната граница на цената на руската нафта. Преговорите за новите економски санкции воведени поради војната во Украина се одолговлекуваа откако неколку земји инсистираа на ублажување на поединечните елементи од пакетот. На 22 јули беше објавено дека 27-те земји-членки на ЕУ донеле привремена одлука да го задржат горната граница на цената на руската нафта на 44 долари за барел во текот на една недела за да се спречи нејзиното автоматско зголемување. Мерката има за цел да ги ограничи приходите на Москва од глобалниот извоз на сурова нафта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаОпштина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невремеОпштина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата. Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи: Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија); Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист); Фотографии од локацијата по претрпената штета; Записник од МВР за настанатата штета; Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33