„Госпоѓиците од Авињон“ - прва премиера на МНТ во 2018 - Канал 5

„Госпоѓиците од Авињон“ - прва премиера на МНТ во 2018

Македонскиот народен театар вечер на малата сцена ќе ја изведе „Госпоѓиците од Авињон“ - прва премиера во 2018 година. Најавена е како ода за создавањето на уметничко дело која не бара да биде разбрана, туку почувствувана.

„Госпоѓиците од Авињон“ - прва премиера на МНТ во 2018

Текстот е на Сашо Димоски, режисер е Ненад Витанов. Со праизведбата МНТ ќе чествува 110 години од создавањето на сликата на Пикасо „Госпоѓиците од Авињон“ (1907) со која се поставени постулатите на кубизмот.

Авторот Димоски на прес-конференција по повод премиерата рече дека ја деконструирал познатата слика „Госпоѓиците од Авињон“ на која се претставени пет куртизани од Барселона, а во драмата тоа се петте жени-музи што го инспирирале Пикасо: Дора Мар (Софиа Насевска-Трифуновска); Олга Коклова (Искра Ветерова); Франсоаз Жило (Гордана Ендровска); Мари-Терез Валтер (Ана Стојановска) и Ева Гуел (Звездана Ангеловска). Ликот на славниот шпански сликар ќе го игра Васил Зафирчев.

- Овие пет биографии на пет исклучителни жени кои едновремено биле музи и уметност сама за себе, беа дел од мојот истражувачки процес додека работев на подготовката на текстот.... Оваа претстава не бара да биде разбрана, туку почувствувана, рече Димоски и очекува дека таа ќе значи пробив на нов пристап во театарот што ќе го замени фабуларно-наративниот.

Сценографијата за „Госпоѓиците од Авињон“ е на Филип Витанов, костимограф е Тања Кокев, композитор на музиката Калиопи Букле. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во официјална посета на Украина, во чии рамки оствари средба со својот украински колега, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Во фокусот на разговорите беа можностите за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка, европската перспектива на двете земји, актуелните безбедносни предизвици, како и на можностите за учество на нашата држава во процесот на закрепнување и реконструкција на Украина.

Министерот Муцунски ја потврди цврстата и континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи ја принципиелната позиција во однос на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и меѓународното право.

„Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила. А меѓународното право не може да биде прашање на избор кога неговото почитување не ни одговара“, истакна Муцунски.

Во разговорите беше нагласено и поширокото значење на безбедноста на Украина за европската и трансатлантската безбедност, како и потребата од заеднички и координиран ангажман на сојузниците и партнерите во создавањето услови за праведен и траен мир.

„Американското лидерство и европската одговорност мора да дејствуваат заедно. Така го зајакнуваме одвраќањето денес. Така ги создаваме условите за мир утре. И така обезбедуваме тој мир да биде траен“, порача министерот.

Муцунски ја потврди и подготвеноста на Македонија да продолжи да придонесува кон меѓународните напори за поддршка на Украина, како и активно да се вклучи во процесот на нејзино закрепнување и реконструкција.

„Кога разговорот повеќе нема да биде за одбрана и преживување, туку за обнова и просперитет. Сакаме тој ден да дојде што е можно поскоро. И кога ќе дојде, мојата држава има намера да биде тука – не само како пријател кој стоел со Украина во тешките времиња, туку и како партнер во нејзиното закрепнување и реконструкција“, нагласи Муцунски.

Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка, како и за унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји.

Во рамките на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со Олександр Корниенко, прв заменик-претседател на Врховната рада на Украина, а заедно со министерот Сибиха положија цвеќе пред Ѕидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Погребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврски

Поранешниот командант на босанските Срби и осуденик за воени злостроства, Ратко Младиќ, чие тело синоќа беше донесено во Србија, ќе биде погребан во понеделник на гробиштата Топчидер во Белград.

Погребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврски

Како што објавија српските медиуми, комеморацијата на Младиќ кој минатата недела почина во притворското одделение во Хаг, ќе се одржи утре во Домот на армијата.

Вчера ковчегот обвиткан со српско знаме беше пренесен од Холандија со авион на српската влада, по што беше пречекан со воени почести. Ковчегот од авионот го изнесоа шестмина војници, во придружба на синот на Младиќ и српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, кој рече дека семејството на Младиќ ќе ги објави плановите за погребот во наредните денови. Српскиот претседател Вучиќ денеска изјави дека поради службени обврски нема да присуствува на погребот на Младиќ, на кој се очекуваат голем број луѓе. Тој појасни дека во понеделник и во вторник треба да биде домаќин на претседателот на Узбекистан во Белград, посета која била закажана пред четири месеци. Комесарот за човекови права на советот на Европа, Мајкл О’флаерти, денеска порача дека јавното величење на починатиот воен злосторник претставуваат кршење на законите и директна навреда за жртвите на геноцидот во Сребреница и воените злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар: Земјите од Западен Балкан направија многу, а Македонија дури го промени името

Унграскиот премиер ги расчисти дилемите.

Маѓар: Земјите од Западен Балкан направија многу, а Македонија дури го промени името

Нема забрзано членство за Украина. Предност треба да имаат земјите од Западен Балкан кој предолго чекаат. Како пример ја наведе и Македонија.

Не постои вонредна процедура, нема забрзана процедура. Украина е земја во војна и очигледно е дека не е подготвена за членство во ЕУ, без разлика што лидерите на ЕУ или државите членки се обидуваат да ѝ претстават на Украина. Тоа е погрешно. Колку кластери ЕУ отвори со Србија? Два од шест за 15 години. Сепак, Србија, и не само Србија, туку и други земји од Западен Балкан, како Албанија, Црна Гора, Македонија, тие направија многу, а една земја дури и си го смени името.- вели Маѓар

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер