„Google“ во паника: Се запали мобилен телефон - Канал 5

„Google“ во паника: Се запали мобилен телефон

На еден корисник спонтано му се запали„Google Pixel 6a“ додека беше на полнач.

„Google“ во паника: Се запали мобилен телефон

Деновиве е пријавен уште еден случај на спонтано запалување на телефон „Google Pixel 6a“, и покрај неодамна објавената безбедносна надградба која требаше да спречи прегревање и запалување на батеријата.

Корисник на „Reddit“, познат по прекарот „footymanageraddict“, пријави дека неговиот „Pixel 6a“ се запалил додека се полнел преку ноќ. Според него, телефонот бил на неговата ноќна масичка, а инцидентот се случил додека спиел на само 40 cm од уредот.

Според него, го разбудил силен мирис на чад и звук на горење, по што открил дека телефонот е целосно изгорен. Постелнината и дел од клима уредот биле оштетени, додека корисникот цел ден имал болки во грлото од вдишување чад.

I'm the 3rd one posting this for this month. Pixel 6a caught on fire right next to me on the nightstand.
by u/footymanageraddict in GooglePixel

Загрижувачки е што уредот претходно бил ажуриран преку задолжително ажурирање на„ Google“ преку таканаречената „Програма за перформанси на батеријата“, која беше воведена за да се намали ризикот од палења на батеријата кај постарите уреди.

Ова е петти пријавен случај на запалување на модел „Pixel 6a“ во изминатата година, но прв откако беше имплементирано гореспоменатото ажурирање. Инаку претходно, Австралиската агенција за потрошувачи (ACCC) издаде официјално предупредување дека одредени уреди „Pixel 6a“ може да имаат производствен дефект во батеријата што може да предизвика пожар или сериозни изгореници.

Според достапните информации, корисникот го полнел уредот со полнач „Steam Deck“ од 45 вати, а не со оригиналниот адаптер на „Google“, што дополнително ја комплицира ситуацијата. „Google“ досега им советуваше на корисниците да ги заменат батериите, особено за уреди со повеќе од 400 циклуси на полнење, а ажурирањето на софтверот автоматски го ограничи капацитетот и моќноста на полнење на ризичните примероци.

„Google“ сè уште не коментираше за овој конкретен инцидент, иако претходно изјави дека корисниците можат да контактираат со поддршката за да ја заменат батеријата или уредот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка.

Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест.

„Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби.

Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.

Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци.

Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан.

Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство.

Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон.

Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото.

Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер