Технологија„Google“ продолжува да гаси апликации - заминува и „Street View“„Google“, веќе традиционално, продолжува да ги гаси своите услуги, а сега на ред е апликацијата „Street View“.„Street View“ е лесен начин да се добие приказ од 360° на речиси секоја улица на планетата, што го прави совршена алатка за добивање на ран впечаток за вашата следна дестинација за патување или едноставно истражување на светот од удобноста на вашиот дом. Иако апликацијата „Google Maps“ одамна нуди користење на функцијата „Street View“, на корисниците им беше достапна и посебна апликација „Street View“ за уреди со „Android“ и „iOS“. Оваа самостојна апликација се грижеше за две различни групи луѓе - оние кои сакаа детален уличен приказ и оние кои сакаа да придонесат со свои снимки од 360°. Со оглед на тоа што попопуларната апликација „ Google Maps “ поддржува „ Street View “ и дека „ Google “ нуди веб-апликација „Street View Studio“, навистина не би требало да биде изненадување кога дознаваме дека самостојната апликација се исклучува, иако е преземена преку милијарди пати преку „Google Play Store“. „Google“ официјално се уште го нема објавено ова. Во најновото ажурирање, компанијата подготвила неколку известувања за исклучување, кои беа забележани од експерти кои ги анализираат новите изданија на апликации. Известувањата ги поттикнуваат корисниците да се префрлат на „Maps“ и наведуваат дека самостојната апликација ќе се исклучи на 31 март 2023 година, пишува „SmartLife“. Иако корисниците нема да изгубат премногу функционалност поради оваа одлука, исклучувањето на апликацијата ќе значи и крај на функцијата „Photo Paths“ која беше воведена минатата година. Функцијата „Photo Paths“ беше замислена како начин да им се овозможи на речиси секој со паметен телефон да прикачи едноставни дводимензионални фотографии од улици или патеки кои компанијата сè уште не ги документирала. Извор; Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот. Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра. Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра). Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачињаГодинава ќе има околу 3.000 помалку првачиња од лани, соопшти ЈаневскаВо новата учебна година ќе има над 3.000 првачиња помалку во однос на лани, што е намалување за околу 20 проценти. Овие шокантни податоци ги соопшти министерската за образование Весна Јаневска на прес-конференцијата за резултатите од полагањето на државната матура...Тагови: Весна Јаневска МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивилиВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили. Кралството предупреди на координирани напади од страна на Хутите и ирачките милиции поддржани од Иран.Портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, утринава изјави дека во нападот во јужната покраина Наџран се повредени седум Саудијци, еден Јеменец, двајца Египќани и еден пакистански државјанин.меѓу жртвите е и четиригодишно дете кое претрпе изгореници од втор степен. 11 injured as Houthi DRONE strikes Najran region, Saudi Arabia — reports pic.twitter.com/mTga5FPYH0 — Forbidden News (@NewsForbiddenX) August 7, 2026 Тој ги обвини Хутите кои се сојузници на Иран, за неселективно гранатирање на цивилни области, кршејќи го меѓународното хуманитарно право и рече дека коалицијата ќе продолжи да презема сите потребни мерки за заштита на цивилите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter