„Го погребавме, а потоа дознавме дека му го украле мозокот“- владата јавно се извини поради морничавиот скандал - Канал 5

„Го погребавме, а потоа дознавме дека му го украле мозокот“- владата јавно се извини поради морничавиот скандал

Владата на Тасманија официјално се извини за деценискиот скандал во кој делови од тела биле земани за време на обдукции, а потоа тајно складирани со години, а во некои случаи изложени во музеи, без знаење или согласност на семејствата на починатите.

„Го погребавме, а потоа дознавме дека му го украле мозокот“- владата јавно се извини поради морничавиот скандал

Скандалот беше откриен минатата година откако истрагата откри дека форензичките патолози намерно собирале човечки примероци за време на обдукции помеѓу 1966 и 1991 година и ги предале на Патолошкиот музеј РА Рода на Универзитетот во Тасманија во Хобарт, објави Би-Би-Си.

Истрагата откри дека најмалку 177 примероци од органи и ткива биле предадени на музејот без согласност на семејствата на починатите или на патологот задолжен за телата.

Во говорот пред парламентот, на кој присуствуваа и членови на погодените семејства, министерката за здравство Бриџит Арчер упати јавно извинување за болката, тагата, гневот и траумата што ја доживеале.

„Иако овие историски практики беа прекинати пред повеќе од 35 години, длабокото влијание што го имаа врз семејствата е сè уште присутно денес“, рече Арчер, додавајќи дека е важно да се запомни „дека ова не беа само примероци или делови од тело, ова беа луѓе“.

По јавното извинување, Шерил Спрингфилд, чиј брат Дејвид Махер починал во 1976 година, исто така се огласи. Дејвид имал само 14 години кога бил убиен во сообраќајна несреќа, а дури децении подоцна неговото семејство дознало дека деловите од неговото тело завршиле во музејската колекција.

„Живееме кошмар откако ни кажаа“, рече Спрингфилд.

Џон Санти, чиј брат Тони исто така починал во несреќа истата година, имал слична реакција.

„Го закопавме пред речиси 50 години, а потоа откривме дека му го украле мозокот без наше знаење“, рече Санти.

Сомневањата првпат се појавија во 2016 година откако беше откриено дека три примероци од коски во музејот можеби биле добиени без согласност на семејствата. Ова доведе до истрага нарачана во 2023 година од страна на државниот патолог, Сајмон Купер.

По месеци истрага, беше заклучено дека покојниот форензички патолог д-р Ројал Камингс му ги дал на музејот повеќето од спорните примероци, но Купер рече дека неговите претходници и наследници се чини дека биле вклучени во истата практика.

„Исто така, се чини дека патолозите активно собирале примероци за време на обдукциите со цел да ги дадат на музејот“, рече Купер во извештајот.

Обдукциите нарачани од патолозите обично се вршат во случаи на ненадејни, насилни или необјаснети смртни случаи, како и смртни случаи во притвор. Универзитетот во Тасманија, исто така, издаде јавно извинување кратко потоа.

Заменик-проректор за здравство, професор Греам Зоски, ја призна сериозноста на случајот и рече дека универзитетот жали за болката што ја претрпеле семејствата.

„Иако знаеме дека извинувањето не може да ги избрише страдањата и траумите, искрено ни е жал“, рече Зоски.

Патолошкиот музеј РА Род е основан во 1966 година за потребите на медицинската настава и истражување, а сите 177 спорни примероци беа отстранети од изложбениот простор во 2018 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов  во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации.

Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување.

„Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски.

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“.

„Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров.

По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. 

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит.

Трамп ја опиша Куба како пропадната држава.

„Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој.

Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида.

„Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“

На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“.

Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“.

„Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот.

Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“.

За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите.

На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Франција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0.

Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот.

Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот.

Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1.

На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер