„GM“ и „Samsung“ планираат да изградат фабрика за батерии во САД - Канал 5

„GM“ и „Samsung“ планираат да изградат фабрика за батерии во САД

Се очекува новата фабрика на „GM-Samsung“ да чини повеќе од „Ultium Cells“, а локацијата на која ќе биде изградена не беше веднаш објавена. 

„GM“ и „Samsung“ планираат да изградат фабрика за батерии во САД

Американскиот производител на автомобили „General Motors“ и јужнокорејската технолошка компанија „Samsung“ се очекува наскоро да ги објават плановите за изградба на заедничка фабрика за производство на батерии во САД, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Во јануари, агенцијата објави дека „GM“ и јужнокорејската„ LG Energy Solution“ нема да продолжат со изградбата на четвртата американска фабрика за батерии по завршувањето на изградбата на третата фабрика на „Ultium Cells“, во која заеднички инвестираат 2,6 милијарди долари.

Се очекува новата фабрика на „GM-Samsung“ да чини повеќе од „Ultium Cells“, а локацијата на која ќе биде изградена не беше веднаш објавена. „GM“ и „Samsung“ одбија да коментираат за ова прашање.

„GM и LG Energy Solution се согласија да изградат три заеднички фабрики за батерии во САД. Ние, исто така, веројатно ќе имаме повеќе од една заедничка фабрика за батерии со GM во САД за да помогнеме да се задоволи побарувачката на GM за батерии за електрични возила и да се исполнат целите за електрификација“, изјави извор од „Samsung“ кој одби да биде именуван бидејќи не е овластен да зборува со медиумите.

Тој додаде дека двете компании размислуваат за неколку заеднички фабрики за батерии во Северна Америка.

Минатата година, „GM“ објави производство на 400.000 електрични возила во Северна Америка од 2022 до средината на 2024 година и зголемување на нивниот производствен капацитет до еден милион единици годишно во 2025 година.

Извори за Ројтерс изјавија дека „GM“ размислува дали ќе и требаат два дополнителни погони за електрични возила за да ја задоволи идната побарувачка за електрични возила.

Инаку, „Samsung“ и „Stellantis“ во мај 2022 година најавија дека ќе инвестираат повеќе од 2,5 милијарди долари во изградба на нова заедничка фабрика за батерии во Кокомо, во американската држава Индијана.

Американскиот претседател Џо Бајден, за време на неговата посета на „Samsung“ во Јужна Кореја минатата година, ги повика тамошните компании да стапат во партнерства со членовите на американскиот синдикат и рече дека заедничките вложувања кои произведуваат батерии за електрични возила ќе бидат зајакнати преку колективно договарање, пренесе Индекс.хр.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

​Додека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења.

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.

Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108.

Според пресметките на Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора.

И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард.

Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат.

Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување.

Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта.

Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа.

Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер