Фудбал„Глоуб Сокер“ ги објави претендентите за „Тим на годината“ Објавени се номинираните за „Тим на годината“ на „Глоуб Сокер“ за 2025 година.На листата се наоѓаат: Ал Ахли (Каиро, Египет), Барселона (Барселона, Шпанија), Баерн Минхен (Минхен, Германија), Челзи (Лондон, Англија), Фламенго (Рио де Жанеиро, Бразил), Ливерпул (Ливерпул, Англија), ПСЖ (Париз, Франција) и Спортинг Лисабон (Лисабон, Португалија). Наградата ќе биде доделена на 28 декември 2025 година во Дубаи. Минатата година награда ја освоија фудбалерите на Реал Мадрид. /МИАТагови: Глоуб Сокер Тим на годината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЗабаваФранција продаде рекордни 172.000 дресови за време на Мундијалот 2026Продажбата на дресовите на француската фудбалска репрезентација за време на Светското првенство во 2026 година порасна за 134,3 отсто во споредба со претходниот турнир одржан во Катар во 2022 година. „Интерспорт“ (Intersport), официјалниот продавач на дресовите на францускиот тим, објави дека продал рекордни 172.000 дресови за време на годинешниот Светски шампионат. Овој резултат е особено значаен ако се земе предвид дека Франција го играше финалето против Аргентина во Катар, додека на овогодишното Светско првенство беше елиминирана во полуфиналето. Најголема побарувачка имаше за дресот со името на капитенот Килијан Мбапе, додека Мајкл Олиз и освојувачот на „Златната топка“, Усман Дембеле, го зазедоа второто и третото место. Продажбата на дресовите на Франција беше за 85,5 отсто поголема отколку за време на турнирот Евро 2024. Особено популарен беше зелениот дрес за гостувачки натпревари, наречен „Liberté“ (Слобода) и инспириран од симболиката на Статуата на слободата; Француската фудбалска федерација објави дека овој модел бил распродаден во текот на неколку недели. Дресовите не беа евтини. Верзијата за возрасни чинеше околу 110 евра, додека дрес персонализиран со името на играчот достигнуваше цена од речиси 130 евра. Детските големини се продаваа по цени меѓу 85 и 105 евра. За време на Светското првенство, „Интерспорт“ (Intersport) продаде вкупно околу 360.000 дресови на различни репрезентации, при што дресовите на Франција беа најпродавани, пред оние на Португалија и Шпанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипедиОпштина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот на Општина Центар.. За проектот „Цел Центар на точак“ за тековната година се предвидени вкупно 600.000 денари. Потсетуваме дека Јавниот повик за субвенционирање на дополнителна опрема за велосипеди и е-велосипеди останува активен. Граѓаните и понатаму можат да поднесуваат барања за субвенции за седишта за деца и/или заштитни кациги, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот, но најдоцна до 1 декември 2026 година. За дополнителната опрема се субвенционираат 30% од цената, но најмногу до 1.000 денари. „Големиот интерес од граѓаните уште еднаш покажува висока свест за одржлива урбана мобилност и користење еколошки начини на превоз“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка МурмуПретседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град СкопјеПретседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто се обратија на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид. Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава. Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook