Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
1Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
3Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?
3Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
Здравје„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болестХРОНИЧНА ГРАНУЛОМАТОЗНА БОЛЕСТ (ХГБ)/CHRONIC GRANULOMATOUS DISEASE (CGD)/MORBUS GRANULOMATOUS CHRONICUS.MKБ-10 D71 ПРЕВАЛЕНЦА Ова нарушување има проценета преваленца од околу 1/100 000 до 1/217 000 живородени деца, и почесто се појавува кај мажите поради врската со Х-хромозомот. ВОВЕД Хроничната грануломатозна болест (ХГБ) е ретко, наследно, имунолошко нарушување кое се карактеризира со неспособноста на белите крвни зрнца (фагоцити) да уништат одредени бактерии и габи. Како резултат на тоа, телото е подложно на повторувачки и тешки инфекции и хронични воспалителни реакции. ХГБ обично се манифестира во детството, пред 5-годишна возраст, но може да се дијагностицира и во адолесценцијата или во раната зрелост. Манифестациите вклучуваат тешки и рекурентни инфекции, најчесто поради една карактеристична група патогени, вклучувајќи Staphylococcus aureus и Aspergillus spp, како и поради грануломатозни лезии, главно локализирани на белите дробови, лимфните јазли, гастроинтестиналниот тракт и црниот дроб. ЕТИОЛОГИЈА Хроничната грануломатозна болест е предизвикана од генетски мутации во кој било од 6-те гени кои ги кодираат фагоцитните подединици никотинамид аденин динуклеотид фосфат NADPH-оксидаза, кој е клучен за создавање на супероксид. Болеста може да биде наследена на два начина: - Х-рецесивно наследување – овој тип е најчест и се јавува кај припадници на машкиот пол бидејќи тие имаат само една копија на Х-хромозомот и се манифестира со инфекција или IBD од формата поврзана со NCF1; - автосомно рецесивно наследување – овој тип е поредок и може да се јави подеднакво и кај двата пола. Недостатокот на ензимскиот комплекс NADPH-оксидаза доведува до намалено производство на реактивни кислородни видови, кои се користат од фагоцитите за убивање на бактерии и габи. Мутација во генот CYBB (Xp21.1) е забележана во 65 % од случаите во Северна Америка и Западна Европа. Останатите 35 % од случаите се должат на мутации во гените CYBA (16q24), NCF1 (7q11.23), NCF2 (1q25), NCF4 (22q13.1) и CYBC1 (17q25.3), и истите доведуваат до нарушена способност за производство на реактивни кислородни видови (ROS) во фагоцитите, што е неопходно за уништување на патогените во фагоцитите. СИМПТОМИ И ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ Симптомите на ХГБ можат да варираат, но најчесто вклучуваат: - чести бактериски и габични инфекции – пациентите се склони кон инфекции на белите дробови (пневмонија), кожата, лимфните јазли и црниот дроб; - грануломи – хроничните воспалителни процеси можат да доведат до формирање на грануломи кои се мали наслаги на воспалените клетки и можат да предизвикаат опструкција во органите, како што се гастроинтестиналниот тракт и уринарниот систем; - апсцеси – често формирање на апсцеси во внатрешните органи, особено црниот дроб и белите дробови; - зголемени лимфни јазли – можат да се јават како резултат на постојаното воспаление; - до 50 % од пациентите имаат дијареја, абдоминална болка и неуспех да напредуваат; - можат да се појават автоимуни нарушувања, како дискоиден лупус еритематозус и антифосфолипиден синдром. Дијагностицирањето се прави врз основа на клиничката слика и лабораториските тестови. Нитросиниот тетразолиум (NBT) или оксидационите анализи на дихидрородамин (DHR) го мерат производството на неутрофилен супероксид од комплексот NADPH-оксидаза, кој е отсутен или значително намален. Молекуларното генетско тестирање може да се користи за да се потврди дијагнозата, особено во семејства каде има носители на мутацијата што ја предизвикува хроничната грануломатозна болест. Анализата на имуноблот може да го потврди отсуството на вклучена специфична NADPH-оксидазна комплексна подединица, со што може да се предложи генска терапија или алогена трансплантација. ПОСЛЕДИЦИ Долгорочните последици на ХГБ можат да бидат сериозни по здравјето на пациентот. Повторувачките и тешки инфекции можат да предизвикаат оштетување на органите, како што се белите дробови, црниот дроб и кожата. Формирањето на грануломи и хроничните воспалителни реакции можат да доведат до опструкции во гастроинтестиналниот и уринарниот тракт, при што се јавува потреба од итна медицинска интервенција. Пациентите со ХГБ имаат зголемен ризик од развој на автоимуни нарушувања и хронични воспалителни заболувања. Сепак, со правилна медицинска грижа и превентивни мерки, пациентите со ХГБ можат да имаат подобрен квалитет на живот и значително да го намалат ризикот од компликации. ТРЕТМАН Третманот на хроничната грануломатозна болест е насочен кон превенција и управување со инфекции и воспаленија. Тој вклучува: - антибиотска и антимикотична профилактика – долготрајната употреба на антибиотици и антимикотици помага во превенција на инфекциите; се препорачуваат доживотни дневни дози на триметоприм/сулфаметоксазол (антибактериски) и итраконазол (антигабични); - интерферон-гама терапија – оваа терапија може да ја подобри функцијата на фагоцитите и да ја намали зачестеноста на инфекциите; - хируршко отстранување на апсцеси и грануломи – понекогаш е потребно хируршко отстранување на апсцесите или грануломите кои предизвикуваат опструкции; - трансплантација на хематопоетски матични клетки – во тешки случаи, трансплантацијата на матични клетки може да биде единствено трајно решение што може да го излечи нарушувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценкатаПедесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра. Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИлјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант. Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти. Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти. Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.Тагови: Истанбул протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаМожен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?Ќе успеат ли Синдикатот во културата и Министерството за култура да постигнат согласност за нов колективен договор, откако Уставниот суд во петокот одлучи да го укине сегашниот? Ниту ќе работиме без права од први април, ниту ќе дозволиме да се намалат веќе стекнатите права – порачаа од синдикатот на културата на Македонија, кои одлуката на Уставниот суд да го укине колективниот договор ја нарекоа исфорсиран и изнуден процес без преседан. Според нив, ваквата постапка претставува тежок удар врз вработените во културата, а Македонија велат, испраќа порака дека е рушител на работничките и синдикалните права во државата. Протестите, најавуваат ќе продолжат, а не го исклучуваат ниту штрајкот како опција. „Ние како синдикат си остануваме доследни на нашите права што ги имаме стекнато и ќе си ги браниме нашите права. Дали тоа ќе биде преку социјален дијалог, кој што нели ќе се одвива во овој нареден период, или преку форма на синдикално делување, протести, а можни се најави и за штрајк во културата. Ние продолжуваме со протестите, следната недела ќе биде соопштен денот кога ќе одржиме протест пред министерството за култура, и натаму ќе продолжат протестите, бидејќи правата на вработените не можат да бидат избришани со една одлука на Уставниот суд.“ Одлуката на Уставен суд, кој колективниот договор го преиспитува од април е очекувана, вели за Канал 5 националниот координатор за култура – Зоран Љутков. Според него, вината што состојбите се во слепа улица е кај СКРМ, бидејќи, вели не покажале капацитет за преговарање. Љутков тврди, им биле понудени бројни решенија, но без никаква реакција од другата страна. „Очигледно дека ова раководство на СКРМ нема никаков капацитет за преговарање, а тоа се гледа од состаноците кои што се направени и неколкуте работни групи. Ние како министерство и како тим досега имаме дадено неколку предлози како може да се надмине проблемот, а од другата страна, од страната на СКРМ досега немаме добиено ниту еден конкретен предлог, и од тие причини целата вина ја префрлам јас таму во неможноста за преговарање од страна на ова раководство на СКРМ, мислам дека ова раководство дека нема никаков капацитет.“ Колективниот договор, кој беше укинат од Уставниот суд важи до први април 2027 година, вакуум простор во кој двете страни треба да најдат заеднички јазик и да ги уредат правата на вработените во културата, оти во спротивно, по престанувањето на важењето на договорот, ќе нема начин за ислата на плати. Според Уставниот суд, спорното во колективниот договор е тоа што не постои законска методологија за пресметување на платите, можноста за нееднаквост меѓу вработените, како и уредување на прашања надвор од законските рамки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter