Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
2Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
Здравје„Ги запознаваме ретките болести“: GRIN2B-поврзано невроразвојно нарушувањеGRIN2B-поврзаното невроразвојно нарушување е исклучително ретка генетска болест со благо до изразено заостанување во развојот и интелектуално засегање кај сите пациенти. GRIN2B-ПОВРЗАНО НЕВРОРАЗВОЈНО НАРУШУВАЊЕ/ GRIN2B-RELATED NEURODEVELOPMENTAL DISORDER MKБ-10 G93.4 ПРЕВАЛЕНЦА Преваленцата е помалку од 1/100 000 население. ВОВЕД GRIN2B-поврзаното невроразвојно нарушување е исклучително ретка генетска болест со благо до изразено заостанување во развојот и интелектуално засегање кај сите пациенти. Кај одреден број пациенти присутни се и епилепсија, аутизам, нарушување на однесувањето, микроцефалија (мала глава), засегање на мускулите, меѓу кои и хипотонија и засегање на центарот за вид во мозокот. Со помош на магнетна резонанца на мозок можат да се откријат недоволно развиените делови на мозокот. Податоците евалуирани до 2022 година посочуваат дека во светот се регистрирани околу 100 пациенти со GRIN2B-поврзано невроразвојно нарушување, но се смета дека бројот е поголем бидејќи не се пријавени сите случаи. ЕТИОЛОГИЈА Мутациите на 12-тиот хромозом на генот GRIN2B предизвикува GRIN2B-поврзано невроразвојно нарушување. Улогата на овој ген е создавање на протеин GluN2B во невроните на мозокот. Неговата улога е во склоп на една специјализирана структура на површината на невроните која се нарекува NMDA-рецептор. Овој тип рецептори има улога во развојот на мозокот, неговата пластичност, при учење и при помнење. Некои генски мутации резултираат со создавање на нефункционален GluN2B-протеин или пак, протеинот воопшто не се произведува. Кога количеството на овој протеин е намалено, или воопшто го нема, тогаш се намалува и бројот на функционални NMDA-рецептори. Заболувањето се наследува автосомно-доминантно што значи дека болеста се манифестира со наследување на само една мутирана копија на овој ген. Во семејството со заболено дете вообичаено не се регистрира претходно присуство на друг заболен член или мутација кај родителите, што значи дека мутацијата настанала во процесот на репродукција. СИМПТОМИ И ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ Како што е напоменато, овие пациенти имаат лесно до тешко интелектуално засегање и забавен развој на говорот и моториката (на пр.: седење и одење). Некои индивидуи никогаш не прозборуваат, ниту пак имаат можност да проодат. Повеќето пациенти имаат хипотонија (мускулна слабост) којашто го усложнува развојот на фината и груба моторика, а го отежнува и голтањето. Може да се јави и спастицитет (згрченост) на мускулите. Повторувачките напади (епилепсија) се присутни кај околу 50 % од заболените, а кај околу 25 % од заболените, се јавува аутизам, кој се карактеризира со нарушена комуникација со околината и социјална интеракција. Пациентите можат да бидат хиперактивни, импулсивни, лесно да им се одвлекува вниманието. Поретко се сретнуваат структурни абнормалности на мозокот. Доколку има таква абнормалност, малата глава (микроцефалија), нарушувањето во видот и неволевите движења на мускулите би биле знак за нешто такво. Други невролошки симптоми и знаци се церебрална парализа, хипертонија на мускулите, голема глава (макроцефалија). Во однос на дијагностицирањето не постојат типични знаци кои можат да го потврдат нарушувањето само врз основа на клиничките карактеристики. Потребно е фенетско тестирање за да се дијагностицира нарушувањето поврзано со GRIN2B, a oд голема помош можат да бидат и некои дополнителни тестови, и тоа: - електроенцефалограм – се прави со цел да се пронајдат докази за абнормална активност на мозокот и нападите; - МРИ – се детектираат промени во структурата на мозокот и приближно 15 % од поединците кои го имаат нарушувањето, имаат екстензивна полимикрогирија. ПОСЛЕДИЦИ Хипотонијата влијае на способноста на детето да се исхранува, па имаат потешкотии при цицање, џвакање и голтање, а тоа пак резултира со неухранетост. Во одредени случаи може да се постави и назогастрична сонда за поуспешно хранење (сондата се поставува преку носот, грлото и хранопроводот во желудникот). Некои деца имаат рефлукс (враќање на содржината од желудникот во хранопроводот) поради што родителите треба да внимаваат во која позиција се поставени децата при хранење и спиење. Претходно наведените проблеми можат да перзистираат, но можат и да се повлечат до одреден степен. Во однос на одењето и стоењето, некои деца имаат тенденција да проодат и да научат да седат, но за оние кај кои тоа не е случај, се користат помагала за одење и инвалидски колички. Многу мал дел од пациентите покажуваат знаци на развојна регресија, при која привремено ја губат можноста за седење, лазење и одење. Постојат и пациенти кај кои има неволеви, неочекувани и повторувачки движења/контракции на дел од мускулатурата на телото. ТРЕТМАН Не постои лек за оваа болест, но раната дијагноза ќе значи соодветно следење и симптоматска терапија (физикална терапија, работна терапија, работа со логопед и дефектолог) во текот на животот. Децата можат да посетуваат логопед и други терапевти за надминување на проблемите со хранењето. Се препорачува генетско советување во зависност од резултатите од генетските тестирања на семејството. Согласно претходно наведеното, пациентите се следат од страна на мултидисциплинарен тим на лекари и соработници – педијатар, офталмолог, невролог, медицински генетичар, физијатар, логопед, физиотерапевт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
ТехнологијаТелефонот наскоро би можело да ве предупреди, доколку некој ве снима со паметни очила Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB) предложи воведување технологија што ќе му овозможи на вашиот телефон да добие предупредување кога некој снима со паметни очила во близина. Предлогот е дел од поширока иницијатива на европските регулатори за спречување на тајно снимање на луѓе без нивна согласност. За разлика од мобилните телефони, паметните очила често се тешки за забележување кога камерата е вклучена. Регулаторите затоа предлагаат воведување на Bluetooth сигнали, посилни светлосни индикатори и звучни предупредувања при снимање. Некои европски земји веќе подготвуваат многу построги мерки. Норвешка планира привремено да ја забрани употребата на паметни очила на одредени јавни места, вклучувајќи паркови, плажи, музеи, трговски центри и училишта. Холандската агенција за заштита на податоци отиде дотаму што на 19 ноември препорача граѓаните да не ги купуваат уредите, наведувајќи ризици за приватноста и безбедноста на корисниците и минувачите. Мета, која учествува со 84 проценти од глобалните пратки на паметни очила, веќе го измени софтверот на своите модели Ray-Ban од втора генерација. Камерата автоматски се деактивира ако корисникот го покрие или измени индикаторот за снимање, додека физичкото отстранување трајно ја оневозможува камерата, објавува IEEE Spectrum. Европските регулатори, исто така, сакаат автоматско замаглување на лицата на минувачите, ограничувања за континуирано снимање и пренос во живо, како и обработка на чувствителни податоци директно на очилата наместо на далечински сервери. Во Германија, HateAid поднесе кривични пријави против Meta, Ray-Ban, Oakley и неколку трговци на мало, повикувајќи се на закон што забранува продажба на уреди дизајнирани за тајно снимање.Тагови: паметни очила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВојската на Мјанмар нападнала училиште и свадба- загинаа десетици цивили Десетици луѓе, вклучувајќи цивили на свадба и ученици во училиште, се убиени во серија воздушни напади извршени од војската на Мјанмар низ целата земја во последните денови.Спасувачите потврдија дека најмалку 21 лице е убиено во напад врз свадбена церемонија во селото Мое Баје во јужната држава Шан денес попладне. Уште 35 лица се ранети, пишува Би-Би-Си.. Порано, завчера, најмалку 20 цивили беа убиени во напад врз селото Ин Јон во централниот регион Магвај. Владата во егзил на Мјанмар (NUG) објави дека меѓу жртвите се студенти, млади монаси и наставници. Тоа е областа каде што дејствуваат силите на отпорот. Цел на нападот вечерва беше и градот Мраук-У во западната држава Ракхине, каде што беше бомбардиран станбен кварт. Според првите информации, повеќе од 10 лица загинаа, а околу дваесет се ранети. Областа е контролирана од Армијата на Аракан (AA), една од најмоќните етнички групи што се борат против воениот режим. Воената влада на Мјанмар сè уште не ги коментирала нападите. Меѓународниот суд на правдата го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот Воздушните напади станаа почести по воениот удар во 2021 година, со кој беше соборена избраната цивилна влада предводена од Аунг Сан Су Ќи. Тој настан предизвика долготрајна граѓанска војна во земјата. Армијата редовно спроведува копнени офанзиви и ги пали селата во областите што не се под нејзина контрола, а кои ги држат владата во егзил и вооружените етнички групи. Новите напади дојдоа една недела откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот врз малцинството Рохинџа. Пресудата се однесува на воена операција од 2017 година, за време на која беа убиени илјадници луѓе, а повеќе од 700.000 беа протерани од земјата. Властите во Мјанмар потоа ги отфрлија обвинувањата за геноцид, тврдејќи дека армијата реагирала на напади од вооружени групи. Ова беше прва пресуда во историјата од меѓународен суд што ја прогласи државата за одговорна за извршување геноцид.Тагови: Мјанмар цивили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометПочина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина. Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар. Потоа натпреварот беше прекинат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook