„Ги запознаваме ретките болести 2023“: Хирајама болест - Канал 5

„Ги запознаваме ретките болести 2023“: Хирајама болест

Во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

„Ги запознаваме ретките болести 2023“: Хирајама болест

Во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...

Хирајама болест/Morbus Hirayama

МКБ G 12.8

Преваленца/распространетост: непозната

Болеста позната во медицинската литература како мономелична амиотрофија претставува редок невролошки ентитет кој за првпат е опишан од јапонскиот невролог Кеизо Хирајама во 1959 година. Мономеличната амиотрофија преставува ретко бенигно нарушување на долниот моторен неврон. Оваа ретка болест има подмолен почеток, а се карактеризира со асиметрична слабост и атрофија на мускулите на горните екстремитети. Овој ентитет има машка предоминација, се јавува во периодот на адолесценција, на просечна возраст од 15 до 25 години, но сепак, и жените не се исклучени од оваа состојба. Највисока преваленца е забележана кај азиското население, со најголема застапеност во Јапонија, Кина, Тајван, Малезија, Индија, Шри Ланка, но пријавени се и неколку случаи од Европа и Северна Америка.

Болеста Хирајама е ретка, бавнопрогресивна, предоминантно-унилатерална јувенилна амиотрофија која ги зафаќа мускулите инервирани од нервните клетки од С7, С8 и Т1. Оваа состојба настанува како последица на стеснување на таканаречената дурална „ќеса“ во вратниот дел од ‘рбетниот столб што доведува до хронични исхемични промени во предните рогови на ‘рбетниот мозок каде што се наоѓаат нервните клетки за контрола на мускулите од рацете. И покрај тоа што се јавува спорадично, опишани се во литературата и фамилијарни форми или како автосомно- рецесивно или доминантно пренесување. Комплетната етиологија и патогенеза на болеста сѐ уште не ни се во целост познати. Иако во основа се смета дека оваа болест е непрогредирачка и самоограничувачка, истата предизвикува значајна онеспособеност кај засегнатите индивидуи.

Клиничката манифестација се презентира со мускулна атрофија и слабост на подлактиците и шаките, најчесто на едната, но понекогаш и на двата горни екстремитета, но без какво било сензорно нарушување на истите. Пациентите најчесто се жалат на прогресивно опаѓање на функционалните способности најчесто на едната рака (унилатерално) кое се должи на намалена сила и нарушена умешност. Ваквите ограничувања ги пореметуваат во извршувањето на секојдневните активности кои бараат фини моторни функции како што се јадење, пишување, облекување, спортување, и слично. Пациентите со оваа болест, пријавуваат и потешкотии при ниски студени температури кои им ги влошуваат симптомите. Кај пациентите се јавува и т.н. „ладна пареза“. Имено, овие пациенти не пријавуваат болки, но пријавуваат зголемен замор, грчеви во мускулите, ладни раце, неправилен груб тремор и контракциски фасцикулации. Прогресијата е бавна, обично во временски распон од 3-9 години, проследена со запирање и стабилизирање на симптомите. Повремено може да се дестабилизира и да продолжи да напредува по 40-тата година од животот. Во ретки случаи може да напредува на спротивниот екстремитет.

Дијагноза:

Дијагнозата се поставува врз основа на детален клинички преглед и анализа на симптомите, МРИ на мозок, електромиографија на мускулите, испитување на спроводливост на нервите. Се прават рутински анализи на крвта, а од други тестови коишто се прават преку крвта, се забележува раст на серумски IgE, но сепак клиничкото значење на овој наод не е афирмативно.

Третман:

Кај оваа болест како опции на третман постојат конзервативен и хируршки третман. Конзервативниот третман вклучува благи и неинвазивни терапевтски пристапи како носење на таканаречена цервикална јака која претставува прва линија на третман. Се препорачува во раните фази на болеста бидејќи ја намалува флексијата на вратот. Намалената флексија на вратот ја запира понатамошната компресија на ‘рбетниот мозок во пределот на вратот. Се препорачува цервикалната јака да се носи 3-4 години. При физиотерапијата, како дел од конзервативниот третман, се спроведуваат вежби за зајакнување на мускулите на афектираната рака, како и за тренинг за координација на рацете. Хируршката интервенција е резервирана за тешките случаи на болеста Хирајама, а тежината се потврдува со МРИ, каде постои сериозно оштетување на ‘рбетниот мозок. Вообичаена хируршка интервенција е дурапластика со шатори, која е потврдена со добра стапка на успех и добар исход.

Прогноза:

Иако природниот тек на болеста е самоограничувачка на долг рок, слабоста може да напредува од 1 месец до 5 години. Се смета дека прогнозата на болеста е подобра од другите нарушувања на моторните неврони, со подолго преживување и помал морбидитет. Значително е да се напомене дека како дел од конзервативниот третман, навременото започнување со користење на цервикалната јака покажува ефикасност во речиси 58 % од случаите. Несомнено, треба да се забележи дека резидуалните симптоми можат да траат со децении. Се проценува дека приближно 70 % од случаите ќе имаат некои благи попречености. Докажано е дека раната интервенција ја ограничува прогресијата и ја минимизира инвалидноста.

„Живот со предизвици“

„Ги запознаваме ретките болести“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Поранешниот руски велосипедист и двократен олимпиец Сергеј Кучеров беше убиен во војната во Украина на 46-годишна возраст. 

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Веста за неговата смрт ја објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Велосипедскиот сојуз на Тулската област. Кучеров ја претставуваше Русија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година.

„Кучеров беше убиен додека учествуваше во специјална воена операција“, соопшти регионалната велосипедска федерација, користејќи го терминот што руските власти го нарекуваат инвазијата на Украина.

Руските медиуми објавија дека неговиот погреб е планиран за петок, 23 октомври, во неговата родна Тула, на гробиштата каде што се погребани паднатите припадници на руските сили. Не е објавено каде точно загинал Кучеров, во која воена единица служел, ниту под какви околности починал. Веста за неговата смрт ја објавија руските медиуми на 21 октомври, додека се наведува дека починал еден ден претходно.

Настапил два пати на Олимписки игри

Кучеров е роден на 18 јули 1980 година во Тула, а во текот на својата спортска кариера се специјализирал во велодромски велосипедизам, особено во индивидуални и тимски спринтови. На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, се натпреварувал во екипниот спринт со Денис Дмитриев и Сергеј Полински. Руската репрезентација го завршила натпреварувањето на 12-то место.

Четири години подоцна во Лондон, тој повторно ја претставувал Русија во истата дисциплина. Овој пат настапил со Дмитриев и Сергеј Борисов, а руската репрезентација го освоила седмото место.

Во текот на својата кариера, тој неколку пати ја освоил титулата руски шампион во поединечен и тимски спринт. Тој бил и победник на една етапа од Светското првенство во велодромски велосипедизам, а освоил и медали на натпреварите од Светското првенство во Германија, Кина и Москва.

Руската велосипедска федерација се збогувала со Кучеров, кој го опишал како сигурен колега, голем професионалец и човек посветен на велосипедизмот. Неговата смрт е уште еден случај на поранешен врвен спортист кој починал за време на руската инвазија на Украина, која започнала во февруари 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Денес се наоѓаме во населбата Буњаковец, на улицата „29 Ноември“, денес позната како „Костурски херои“, каде што повторно се отвораат сериозни прашања за урбаното уредување и квалитетот на животот на граѓаните.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Според информациите за овој објект, не е предвиден соодветен паркинг-простор, се сечат дрвја, а тротоарот е зафатен со градежни активности. Ова е особено загрижувачко во населба како Буњаковец, каде што паркирањето и движењето на пешаците и онака претставуваат сериозен проблем.

Господине Горан Герасимовски, како е можно да се планираат и реализираат вакви проекти без јасни одговори за паркирањето, зеленилото и безбедното движење на пешаците? Кој ги штити интересите на жителите на Буњаковец?

Господине Венко Филипче, заедно со вашиот градоначалник дојдете на терен и погледнете со какви проблеми се соочуваат граѓаните. Во кампањите се ветуваа хумано уредени населби, повеќе зеленило и подобри услови за живот, но граѓаните имаат право да прашаат дали тие ветувања се преточени во конкретни резултати.

Не е доволно само да се зборува за модерен и уреден Центар. Потребно е да се обезбедат услови во кои граѓаните ќе можат нормално да живеат, да паркираат, безбедно да се движат по тротоарите и да имаат пристап до зелени површини.

Затоа бараме Општина Центар јавно да ги разјасни условите под кои се одвива изградбата на оваа локација, дали се почитуваат одобрените планови и како ќе се заштитат пешачкиот простор и зеленилото.

Граѓаните на Буњаковец заслужуваат конкретни решенија, а не само предизборни ветувања. Центар треба да се развива во интерес на луѓето што живеат во него!, рече Стефан Кирков, член на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)

Бројот на повредени лица во тајфунот Чампи во Тајван се искачи на речиси 530, додека едно лице почина, соопштија властите.

Тајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)

Според извештаите, човекот починал во четврток откако бил повлечен во морето од брановите во јужниот дел на островот.

Бурата предизвикала голема штета во некои делови од Тајван. Властите регистрирале речиси 2.200 соборени дрвја и повеќе од 700 оштетени згради. Според извештаите на медиумите, повеќе од 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија.

Налетите на ветерот достигнале 162 километри на час

Чампи, кој накратко достигнал јачина на супертајфун, оттогаш ослабнал. Тајванската метеоролошка служба објавила постојани ветрови до 126 километри на час во близина на центарот на бурата, со налети кои достигнуваат 162 километри на час.

Се очекува Чампи да се движи кон север и да помине во близина на кинеската крајбрежна покраина Џеџијанг до недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер