„Гардијан“: Албанските граѓани бегаат од земјата поради сиромаштијата и корупцијата - Канал 5

„Гардијан“: Албанските граѓани бегаат од земјата поради сиромаштијата и корупцијата

Албанските граѓани бегаат од земјата поради сиромаштијата и корупцијата, дел од нив завршуваат како жртви на модерното ропство.

„Гардијан“: Албанските граѓани бегаат од земјата поради сиромаштијата и корупцијата

Младите Албанци ја напуштаат земјата поради сиромаштија и корупција. Но, во Британија се соочуваат со експлоатација и стануваат жртви на модерното ропство, наведува британски „Гардијан“, јави Ора њуз.

-Гардијан во посебен напис ги прикажува страдањата на барателите на азил од Албанија, кои, според весникот, во Британија патуваат главно поради сиромаштија и корупција. Написот опишува како младите се користат од локалното население откако ќе пристигнат илегално. Статистиката за имиграција покажува дека во 2022 година, Албанците сочинувале 28 отсто од имигрантите кои патувале со мали чамци, што е најголем процент од која било националност, а потоа следат Авганистанците со 20 отсто, пренесува телевизијата.

Од Албанците кои пристигнале на британска територија, 85 отсто поднеле барање за азил, а околу 12 отсто изјавиле дека се жртви на модерно ропство. Во меѓувреме, британската влада се очекува да ги објави деталите од новиот закон за спречување на нелегалната имиграција.

Според весникот Нацрт-законот предвидува ставање на црната листа на лица кои влегле илегално во земјата, тие ќе немаат право да аплицираат за британско државјанство и ќе бидат протерани.

Претходно британските власти потврдија дека само минатата година илегално во земјата влегле најмалку 13 илјади албански граѓани, пред сè млади главно од северниот дел на земјата, окрузите Скадар и Кукс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија без активни пожари

Центарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.

Македонија без активни пожари

Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати.

На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Шефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот.

-Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи.

На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана.

Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила.

-Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс

Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко.

-Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД

Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Денес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата.

СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот.

За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси.

Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото.

Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер