Филипче: Собранието треба да биде телото во кое ќе се одвива процесот за уставни измени и почеток на преговорите со ЕУ - Канал 5

Филипче: Собранието треба да биде телото во кое ќе се одвива процесот за уставни измени и почеток на преговорите со ЕУ

Во исчекување на предлог - Резолуцијата за црвените линии за националните интереси што лидерот на СДСМ најави дека ќе ја поднесе во Собранието уште минатата недела, Филипче упати нови критики кон владата за застојот во реформите за евроинтеграциите.

 Филипче: Собранието треба да биде телото во кое ќе се одвива процесот за уставни измени и почеток на преговорите со ЕУ

На денешната работилница насловена „Придонесот на Собранието во ЕУ преговорите“,уште еднаш повика на политички консензус, особено во спроведувањето на реформите од преговарачката рамка. Тој останува на ставот дека е потребен консензус и за уставните измени за внесување на Бугарите како услов за отпочнување на преговорите со ЕУ, а местото кадешто единство треба да се постигне според Филипче е токму Собранието.

-Нема друга институција во државата во која што треба да седнат сите политички чинители и да го постигнат потребниот консензус. Ако и формалниот дел, самото гласање, и така натаму, се одвива во Собранието, нема потреба да бараме други форми. Жално е што тоа не се случува во овој момент со доволна динамика, така како што треба да се случува. Се доцни со носењето на приоритетните закони од реформската агенда, пред сè од Министерството за правда. Меѓутоа, има еден добар, позитивен момент, имавме заеднички и надпартиски консензус во критиката на министерот за правда на минатиот состанок, од најголемите политички партии, изјави Филипче.

Премиерот Мицкоски остава отворена врата за разговори за документот на Филипче. Тој неодамна изјави дека со нетрпение ја очекуваат резолуцијата за црвените линии што СДСМ веќе еден месец ја најавува, за како што кажа, како партија да ги кажат своите ставови. И додека во земјава се бара национален консензус за евроинтеграциите, Брисел веќе го подготвува извештајот за Македонија кој се очекува да биде објавен следниот месец, а во кој, според еврокомесарката Кос клучно место ќе има владеењето на правото. Токму оваа област беше тема на синоќешниот Совет за општи работи во Брисел, по кој Кос алармираше дека постои загриженост во ЕУ за владеењето на правото кај земјите од Западен балкан, посочувајќи ги Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија.

-Додека гледаме видлив напредок во многу области, останува сериозна загриженост. Продолжува мешањето во судските постапки, притисокот врз службените лица кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулаторни тела, што е неприфатливо. Во кластерот „Основи“ не може и нема да има каков било компромис. Тие ќе бидат во центарот на годинешниот пакет за проширување наскоро. Јасно е дека ако земјите кандидатки вистински не ги почитуваат владеењето на правото, слободата на медиумите и многу други нешта, ниту една земја нема да може да стене членка на ЕУ, изјави Кос.

На состанокот во Брисел присуствуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој оцени дека извештајот за Македонија за владеењето на правото потврдува реален напредок, но и дека истовремено остануваат предизвици кои не смеат да се игнорираат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија.

На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки?

Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер