„Фич": Фундаментите на банкарскиот сектор на Македонија и натаму се здрави

„Фундаментите на банкарскиот сектор на Македонија и натаму се здрави, истакна Агенцијата „Фич", соопштувајќи дека го потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ+", со стабилен изглед. 

Меѓу другото, агенцијата наведува дека секторот е прилично добро капитализиран и дека на крајот на вториот квартал на оваа година, стапката на основен капитал достигна 15,8 отсто. Истовремено нагласено е и дека нивото на нефункционалните кредити е умерено и дека нивната покриеност со резервации од банките е висока.

Во контекст на позитивната оцена за банкарскиот сектор, „Фич" се осврнува и на растот на депозитите и на кредитите. Притоа, одделно е посочено зголемувањето на учеството на денарските во вкупните депозити. Кај кредитната активност, за следната година, агенцијата очекува раст од 8,5 отсто.

За потврдувањето на кредитниот рејтинг „ББ+", со стабилен изглед, „Фич" наведува и дека првенствено се должи на кохерентноста на макроекономската и финансиската политика, што ја поддржува стратегијата на фиксен курс на денарот во однос на еврото, како и на показателите за управување, за човечки капитал и за околина за водење бизнис, коишто се подобри во однос на просекот „ББ". Соопштувајќи го ова, агенцијата подетално ги претстави и своите видувања за македонската економија во целина, како и очекувањата за претстојниот период.

Народна банка

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен.

притисни ентер