„Фајненшл Тајмс“: Ветото на Макрон е поврзано со фундаменталниот проблем на ЕУ

Француското „не“ за Македонија и Албанија, и по 10 дена не престанува да ја бранува европската јавност.

Ветото на Макрон е историска грешка, пишува угледниот Фајненшл Тајмс, кој оценува дека ваквата одлука не е резултат на конкретна проценка за состојбата во двете земји, туку на фундаменталниот политички проблем што Европа не успеала да го реши 15 години.

-Ставот на Франција е совршено јасен: се додека Европа не ги зајакне механизмите за политичка интеграција, неопходни за напредокот на европската интеграција, не треба да има ново проширување, смета лондонскиот весник,

кој смета дека Париз може да го укине ветото, во замена за прифаќање на нејзиниот предлог – во сферата на надворешната политика и оданочувањето наместо со консензус, одлуките да се носат со квалификувано мнозинство. И за поранешниот шведски премиер Карлд Билд, одлуката на Франција е штетна и во спротивност со темелните вредности на проширувањето.

-Мислам дека последиците ќе бидат длабоки. Бидејќи суштината на пристапот во ЕУ е да се постигне стабилност на Западен Балкан и постепена интеграција во европските структури. Секоја друга политика кон Западен Балкан навистина ќе биде додаток кон таа цел. Ако се одземе основата, теоретски не останува многу, освен давањето пари и надежта кон најдобро. А, не мислам дека тоа е доволно, изјави Карл Билд, поранешен премиер на Шведска

И додека однадвор стигнуваат сигнали за други алтернативи за Западен Балкан, како неформалниот предлог за стратешко партнерство со Унијата, во замена за членство во Унијата, дел од европските дипломати се обидуваат да извршат притисок врз Брисел. Независната Балканската Новинска Агенција денеска пишува дека екс грчкиот министер за надворешни Коѕијас веќе презел меѓународна иницијатива за Западен Балкан, со активирање механизми на дипломатско ниво за да влијае на последната одлука на Унијата. Како што пишува медиумот, тој имал контакти со повеќе шефови на дипломатии на земјите членки, посочувајќи им дека француското вето предизвикало политичка криза во Македонија, а дека Грција и Бугарија се соочуваат со неизвесност поради меѓународните договори, чија имплементација е директно поврзана со отворањето на преговорите.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер