Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
Технологија„Face ID“ во иднина ќе се користи полесно при носење маскаОд почетокот на пандемијата со коронавирусот, еден од најголемите проблеми со кој се соочуваа корисниците на „iPhone“ беше неможноста да го отклучат уредот со помош на функцијата „Face ID“, при користење заштитна маска за лице.„Apple“ во одреден момент овозможи оваа функција да биде компатибилна со носење маска, но таа опција беше ограничена бидејќи беше потвебен „Apple Watch“ уред за верификација и поврзување, за да се овозможи препознавање само на одреден дел од лицето. Но за среќа, ова најверојатно ќе се промени. Една од новите функции, кои се откриени во бета верзијата на „iOS 15.4“ е можноста за делумно користење на „Face ID“, што би било корисно при носење заштитна маска. Исто така, опцијата повеќе не би барала од корисникот да биде поврзан со „Apple Watch“ уред. Дури и со маска на лице, „Face ID“ ќе може да се користи за „Apple Pay“, преземање на содржини од „App Store“ и екстерни апликации. -„Face ID“ е најпрецизен кога е подесен само за препознавање на целото лице. За „Face ID“ да се користи додека се носи маска, „iPhone“ уредот мора да ги препознае уникатните карактеристики околу очитеза да се изврши верификацијата“, се истакнува во описот на функцијата. Покрај наведените карактеристики, „iOS 15.4“ додава подобрено препознавање при носење на очила. Корисниците сепак можеби ќе треба да извадат одредени очила кога користат „Face ID“ додека носат маска, иако кај повеќето очила не би имало потреба од вадење. Корисникот ќе може да го постави „Face ID“ за да го препознава секој пар наочари што редовно го носи, пишува „GSMArena“ Well this is new 🤔 (iOS 15.4 Beta 1) pic.twitter.com/MSe7hmPGlR — Brandon Butch (@BrandonButch) January 27, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook