Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
Свет„Европскиот кварт“ на Брисел под опсада на незадоволните земјоделци Земјоделци од Белгија, но и од неколку други членки на ЕУ, како Италија и Шпанија, со околу 1.300 трактори денеска го блокираа т.н. „Европски кварт“ на Брисел, дел од градот каде што се сместени институциите на ЕУ. Полицијата спречи пристап до реонот околу самите згради на Унијата, но демонстрантите ги блокираа околните улици и плоштади. Како што објави весникот „Соар“ на плоштадот „Луксембург“, во близина на зградата на Европскиот парламент, може да се забележи чад и да се почувствува „остар мирис“, а насекаде по земјата има расфрлано ѓубриво и слама. На дел од блокадите дојде и до помали инциденти, кога демонстрантите гаѓаа со јајца, пивски шишиња и петарди кон полицијата, која возврати со млазови вода. Според полицијата, нема информации за инциденти од поголем обем или за судири. Земјоделците се собраа денеска на протести во Брисел, додека во седиштето на Советот на ЕУ се одржува специјалниот Самит на Унијата посветен на ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, која, меѓу другото, вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина и за помош на земјите од Западниот Балкан. На Самитот ќе стане збор и за случувањата во регионот на Блискиот Исток, а иако протестите на земјоделците, кои се одржуваат во неколку членки на ЕУ, официјално не се тема на заседанието, не е исклучено да се разговара и за нив, имајќи предвид дека секој од лидерите има право да ја покрене која било тема. Земјоделците се незадоволни од договорите за слободна трговија склучени на ниво на ЕУ, кои според нив, овозможуваат слободен увоз на земјоделски производи од трети земји што не ги исполнуваат стандардите што важат за продуктите од Унијата, а бараат и „итно вистинско поедноставување на административните процедури“, „длабинска“ ревизија на Заедничката земјоделска политика на ЕУ и олабавување на европските еколошки политики, со цел, како што тврдат, да му се овозможи на земјоделскиот сектор да биде „вистински економски, еколошки и социјално одржлив“. Покрај ова, тие бараат и компензација за „сите ограничувања“, субвенции за покривање на зголемените трошоци како последица на инфлацијата, ограничување на како и олеснет пристап до земјоделско земјиште. Според земјоделците, Европската комисија треба да спроведе „економска, еколошка и социјална проценка за последиците од сите закони и ограничувања што таа ги воведе во земјоделството во последните години“. Инаку, покрај протестите во самиот Брисел, според центрите за следење на состојбите во сообраќајот, блокади има и на обиколниците околу градот, како и на неколку автопати околу главниот белгиски град и во северна Белгија. Според белгиската полиција, во бриселскиот регион блокади има на обиколниците меѓу Оверизе и Одергем и меѓу Андерлехт и Зелик, каде за сообраќај е отворена само една лента, потоа на автопатот E429 кај Хал и кај Хузинген, на Е19 од От-Итр кон Брисел и од Нивел кон Монс, како и на автопатната делница кај Уден-Гоњи. Во Фландрија, пак, блокирани се обиколницата кај Антверпен меѓу Лило и Зандвлиет, како и автопатите Е313 и Е314 кај Лумен, Е40 кај Остданкерк и E34 во реонот на Бриж во правец кон Антверпен, како и патот Бриж – Зибриж. Во Валонија нема информации за блокада на патишта, од причина што најголемиот дел од земјоделците што изминативе денови ги блокираа патните правци во овој франкофонски регион на Белгија, денеска се на протестите во Брисел. Инаку, покрај блокади на патиштата, белгиските земјоделци, кои ги почнаа протестите викендов, изминативе два дена блокираа и дистрибутивни центри на големите синџири на супермаркети, оневозможувајќи го нивното редовно снабдување со производи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
СветИран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските силиИран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата. „Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму. Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.Тагови: Илон Маск Старлинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМаркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезонатаАлекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството. Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник. Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.Тагови: Алекс Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14