ЕУ времено стопираше 6,5 милијарди евра за Бугарија - дали Софија почна да ја плаќа цената?

Стигна ли првата воспитна мерка за бугарската позиција кон македонските евроинтеграции? 

Ден откако бугарскиот технички премиер Стефан Јанев ги урна и последните надежи за деблокада на земјава на советот на ЕУ закажан за идната недела, Европската комисија го врати на поправен бугарскиот план за закрепнување со кој се предвидува Софија да добие над 6 милијарди евра. Коинциденција или финансиски инструмент за притисок, во Бугарија втор ден трае дебатата дали Брисел испорача јасен одговор за предолгата непопустливост кон Македонија.

-Имам едно дополнително прашање, слушнав такви коментари дека ако дадеме зелено светло за Македонија така како што сакаат САД и Брисел, нема да имаме проблем со парите? / Не сакам да коментирам такви геополитички прашања. Мислам дека тоа е шпекулација./ Не сте имале момент да помислите дека сите тие детали и забелешки може да ги нема при друга геополитичка... / Не би кажал, не би кажал.-Атанас Пеканов – Вицепремиер за управување со европски фондови.

Најавата за евентуален притисок врз Софија не е изненадување за бугарската јавност. Таква можност минатиот месец предвиде и поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов кој порача дека Европската Унија ќе ја понижи Бугарија поради блокадата на земјава.

„Тие направија Бугарија да изгледа одвратно однадвор. И сакам да им кажам дека поради Македонија, затоа што не го следат она што сега го зборува Макрон, а не го следеа она што го кажа минатиот ден холандскиот премиер Руте пред некој ден во Скопје, ќе не принудат со нивните финансиски инструменти, бидејќи цела ЕУ е против нас, тие ќе не понижат и ние ќе го прифатиме на крајот. Поради Румен Радев и неговата ликвидирана надворешна политика и изолација“.- Бојко Борисов – Поранешен премиер на Бугарија.

Во меѓувреме, во Бугарија привршува формирањето на новата Влада предводена од „Продолжува промената“. Според бугарските медиуми, мандатот утре ќе му биде предаден на Кирил Петков кој во таа прилика се очекува да го соопшти составот на кабинетот.

Во него, според најавите би можело да има само една промена, а тоа е на местото на Димитар Гардев од „Има таков народ“ кој беше предвиден за нов шеф на дипломатијата да дојде Теодора Генчовска од истата партија.

Во такви услови, идната бугарска Влада би се гласала во понеделник, ден пред седницата на Советот за општи работи на Унијата каде меѓудругото тема ќе биде и европското досие на Македонија.

Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

ВМРО и Мицкоски официјално прогласуваат коалиција и со партијата Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, две партии тесно поврзани со Москва и разни проруски кругови, а познати по своите антиалбански позиции.

Мицкоски на митинг во Охрид побара македонско национално единство, без други етникуми во државата, за, како што рече, да се тргне државата од рацете на Албанците.

Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека Северна Македонија од поодамна го изоде патот на рамноправност, демократија и членство во големото европско семејство.

ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во Северна Македонија, нема да дозволат земјата да се врати во меѓународна изолација, а тоа ќе биде запечатено на 24 април и 8 мај, кога за претседател ќе биде избран д-р Бујар Османи, а Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада.

Истовремено, ја повикуваме албанската опозиција да се освести и да се престрои со про-европејците и да не стане орудие на руските кругови во земјава, се наведува во соопштението.

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа Финска преку испраќање мигранти на границите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја, која цврсто ја поддржува Украина и која влезе во НАТО пред една година.

Финска ја затвори границата во средината на декември 2023 година по приливот од 1.000 илегални мигранти од руска територија од средината на август. Двете земји имаат заедничка граница долга 1.340 километри, а Хелсинки ја обвинува Москва дека систематски испраќа мигранти во Финска. Русија ги отфрла обвинувањата.

„Од хибридниот напад на Белорусија во ноември 2021 година врз Литванија, Полска и Латвија, сите знаеме дека Путин и неговите сојузници ги инструментализираат мигрантите за да ја тестираат нашата одбрана и да нѐ дестабилизираат“, рече шефицата на Европската комисија.

„Сега Путин се фокусираше на Финска“, додаде таа.

Претседателката на ЕК се сретна со финскиот премиер Петри Орпа во градот Лапеенранта во југоисточниот дел на земјата, на околу 30 километри од руската граница и разговараа што „ЕУ и Финска можат да направат за да ја спречат инструментализацијата на финската граница.“

Во април Финска одлучи граничните премини да останат затворени. Односите меѓу Хелсинки и Москва се влошија по руската инвазија на Украина. По приемот на Финска во НАТО, Москва најави „контрамерки“.

Финска исто така подготвува закон за спротивставување на пристигнувањето на мигрантите.

Османи:Го институционализиравме достоинството на нашиот народ,но мисијата сè уште не е завршена

Форумот на жени и Форумот на млади на ДУИ, огранок Сарај, организираа отворена дебата со кандидатот за претседател Бујар Османи и кандидатите за пратеници од Европскиот фронт во ИЕ1 Блерим Беџети и Наим Бајрами.

Кандидатот за претседател Бујар Османи им вети на младите од Сарај дека како следен претседател ќе создаде држава во која без разлика на етничката припадност секој ќе има можност да ги оствари своите соништа.

Османи го опиша Европскиот фронт како идеја чие време е дојдено. „Од исклучен народ сега сме народ кој го постигна првиот премиер Албанец. Го институционализиравме достоинството на нашиот народ. Почнавме да ги уриваме моноетничките тврдини: претседателот на Собранието, првиот премиер, но сè уште не сме завршиле, бидејќи сè уште имаме тврдина која за нас е забранета зона.

Оваа мисија е света и не случајна. Затоа ве повикувам да ја одобрите“, рече Османи.

Кандидатите за пратеници Блерим Беџети и Наим Бајрами побараа од младите масовна поддршка за Бујар Османи и Европскиот фронт. Поканија на 24 април и на 8 мај да биде запечатена големата победа на Фронтот, со која ќе се заокружи последната мисија за етничка еднаквост и ќе се заокружи европскиот сон на младите во Северна Македонија.

Во текот на денешниот ден, караванот на Бујар Османи пристигна во Сарај и неговата околина, односно во селата Кондово, Бојане и Копаница, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер