„Епл" го одложи планот за враќање на вработените во канцелариите

Епл го одложи планот за враќање на вработените во канцелариите поради наглото зголемување на бројот на заразени со сојот Делта на коронавирусот. 

Компанијата планираше вработените да доаѓаат на работа најмалку трипати неделно почнувајќи од септември, но сега тој рок е продолжен за најмалку еден месец.

Значителен број вработени се спротивставија на враќањето на работа. Илјадници потпишаа писмо до извршниот директор Тим Кук и остатокот од управата на компанијата, во кое се наведува дека треба да прифатат пофлексибилна политика за работа од дома.

Менаџментот одговори дека „личната соработка е од суштинско значење за нашата култура и нашата иднина". „Епл" беше суштински против концептот на работа-од-дома пред пандемијата, така што дозволувањето на вработените да работат два дена во неделата од дома се смета за голема промена.

Другите големи технолошки компании од Силиконската долина, како што е Фејсбук, најавија дека половина од своите вработени ќе ги пренасочат кон постојана работа од дома. Гугл соопшти дека очекува 20 проценти од вработените да работат од дома кога канцелариите ќе се отворат повторно.

„Епл" е една од првите компании што реагираа на новиот бран на ширење на Ковид-19 и ги сменија плановите за враќање во канцелариите. Вработените во Епл ќе бидат известени најмалку еден месец пред да се вратат во деловните простории.

Фото: Се соблече Елена Китиќ и покажа зошто е сон на секој маж

Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Елена Китиќ, ќерката на фолкерот Миле Китиќ, важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата. Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Таа моментално престојува на егзотична дестинација и објавува фотографии од плажа на кои се гледа нејзиното извајано тело.

„Каква риба“, „Убавица“, „Леле“, „Најубава си“, „Преубава, прубава“ - ова се само дел од многуте коментари на фановите.

УЕФА исфрла неколку клубови од евро-натпреварите?!

Шест клубови се под закана од тригодишна суспензија во евро-куповите од страна на УЕФА поради финансиски долгови.

Порто, ЦСКА Софија, Бетис, Санта Клара, Спортинг и Монс Калпе од Гибралтар имаат рок да ја избегнат суспензијата до јануари идната година. Најдолжен е Порто со 300 000 евра, Спортинг и Бетис мораат да платат по 250 илјади, ЦСКА и Санта Клара по 75.000 а Монс Калпе 15. Сериозна парична казна но без закана за суспензија имаат и Астана со 150.000 евра и романски Клуж со 200.000.

Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари - сопругата го поддржала

Актерот Џорџ Клуни изјави дека еднаш му биле понудени 35 милиони долари за еден ден работа, но тој ја одбил понудата откако заклучил дека не вреди.

Оскаровецот и продуцент ја раскажа анегдотата откако еден новинарот за време на интервјуто за „Гардијан“ го праша дали некогаш помислил дека има доволно пари.

„Па, да. Ми беа понудени 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама за авиокомпанија“, рече тој, додавајќи дека се консултирал со Амал, неговата сопруга, и одлучиле дека не вреди. Авиокомпанијата била поврзана со како што вели тој, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

„Си помислив: Па, ако ми одзема една минута сон, не се исплаќа“, изјави оскаровецот.

Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, тој има заработено над 40 милиони долари за својата рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила „Casamigos“ беше продадена пред четири години за 1 милијарда долари, објави „Инсајдер“.

притисни ентер