Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Живот„Економист“: Светот се подготвува за можно враќање на Трамп на властБританскиот магазин „Економист“ наведува дека „новото глобално нарушување“, како што го опиша, јасно се покажа на Светскиот економски форум, што се одржа во швајцарското одморалиште Давос, од 15 до 19 јануари.Ал Џезира Британскиот магазин „Економист“ наведува дека „новото глобално нарушување“, како што го опиша, јасно се покажа на Светскиот економски форум, што се одржа во швајцарското одморалиште Давос, од 15 до 19 јануари. Магазинот додава дека кинеските лидери и официјални претставници присуствувале на состаноците во мал број, бидејќи стравуваат дека ќе отстапат од принципите на Комунистичката партија. Руските олигарси беа држени подалеку од Форумот, додека Индија и Саудиска Арабија преку ова видоа мултиполарен свет полн со можности. Сепак, сето тоа беше засенето од можноста за враќање на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД, а шансите за тоа станаа поголеми по неговата неодамнешна победа на републиканските внатрепартиски избори во Ајова и Њу Хемпшир и по повлекувањето од трката на неговиот противник Рон ДеСантис. Странските влади се преплашени „Економист“ цитира еден американски пратеник, кој се занимава со така наречена заткулисна дипломатија, кој истакна дека странските влади „се плашат од она што го гледаат на социјалните мрежи за американската демократија“. Исто како што финансиските пазари се обложуваат на идни настани, како што се приближуваат претседателските избори во САД во ноември, светот почна да се подготвува за враќањето на Трамп на власт и последиците што ќе ги донесе тоа. Што се однесува до последиците, според написот во „Економист“, во најдобар случај може да се очекуваат царини, можно повлекување на поддршката за Украина и Тајван, трансакциски пристап кон односите со сојузниците, меѓусебно непријателство кон противниците и натамошен колапс на глобалните правила. Преносот на власта на Трамп ќе доведе до голема промена Британскиот магазин наведува дека секоја промена во американската администрација создава дисконтинуитет во надворешната политика. На пример, претседателот Ричард Никсон отиде во Кина; Роналд Реган побара од Советскиот Сојуз да го отстрани Берлинскиот ѕид. Но, транзицијата на власта од Џо Бајден на Доналд Трамп ќе биде особено голема, имајќи предвид дека постои голем јаз помеѓу нивните политики и дека глобалните околности се хаотични, покрај можноста за ширење војни. Според Институтот за истражување на мирот, со седиште во главниот град на Норвешка, Осло, има повеќе од 50 конфликти на државно ниво, што е најголем број од 1946 година. „Економист“ оценува дека администрацијата на Бајден се обидела да ја преформулира улогата на Америка во 2020-тите и понатаму, продолжувајќи, како суперсила, да се занимава со глобалните прашања и да биде блиску до своите сојузници. Во исто време, таа стана „посебична“ во трговијата, попретпазлива по прашањата за економската безбедност и поселективна во распоредувањето на воените сили, особено копнени трупи. Се влошува глобалниот хаос Достигнатите цели преку овој пристап вклучуваат повторно зајакнување на сојузите во Азија и обновување на сојузите за поддршка на Украина. И покрај тоа, наведува магазинот, глобалниот хаос се влоши со падот на глобалниот поредок заснован на правила. Имаше ширење на немири на Блиски Исток, во делови од Африка и во Авганистан, како и „ненамален тренд“ кон изолационизмот во американската политика и јавно мислење. Претставници на администрацијата на Бајден инсистираат дека сè уште нема индикации дека нивните странски колеги се „подготвуваат“ за можноста за промена на американската администрација. Затоа, тие патуваат низ светот за да ги убедат странските влади. Сепак, со приближувањето на тесната претседателска трка, може да намали ефективноста на доктрината на Бајден. Според британскиот магазин, на неговата администрација ќе и биде тешко да се обврзе на ветувањата поврзани со периодот по 2024 година, вклучувајќи го и решението за две држави на Блискиот Исток. Затоа, владите ширум светот работат на развивање алтернативни планови во случај Трамп да стане претседател. „Економист“ тврди дека вториот мандат на Трамп како претседател ќе биде различен од неговиот прв поради две причини: затоа што светот стана похаотичен и затоа што Трамп повеќе нема да толерира опструкции на неговите програми. Се наведува дека постои можност за воведување царини во сите сектори од 10 отсто, како и прекин на „трајните нормални трговски односи“ со Кина, што ќе резултира со воведување повисоки царини отколку денес. Враќањето на Трамп ќе биде добра вест за некои Што се однесува до одредени политичари и земји идеолошки компатибилни со Трамп, неговото враќање на претседателската функција ќе биде добра вест. Во Израел, Бенјамин Нетанјаху – доколку успее да остане на власт до 2025 година – би можел да очекува целосна поддршка и отфрлање на палестинските аспирации да основаат сопствена независна држава. Истото важи и за унгарскиот премиер Виктор Орбан и индискиот премиер Нарендра Моди, кои имаат силни односи со Трамп. Сепак, „Економист“ додава дека „хаотичниот“ стил и „нестабилната“ личност на Трамп го отежнуваат предвидувањето што ќе направи доколку повторно ја преземе власта во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
ЕвропаУченик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс. Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат. 🔴 Un collégien à tiré sur une professeure et le principal à Aubagne (Bouches-du-Rhône). Les deux victimes ont été hospitalisées. Leurs jours ne sont pas en danger. L'élève est ce soir en garde à vue. Une enquête pour "tentatives d'assassinat" est ouverte. #JT20h https://t.co/fx7j0TPLiy — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) October 12, 2026 Истрагата е префрлена во Париз Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот. FRENCH ANTI-TERROR PROSECUTOR SAYS TAKING OVER INVESTIGATION INTO SOUTHERN FRANCE SCHOOL SHOOTING — CGTN Europe (@CGTNEurope) October 13, 2026 Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“. Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.Тагови: тероризам ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избориДиректорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот. Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните. Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници. „Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби излегува од домашен притвор, но без пасошПоранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост. „Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“ За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката. Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08