„Еднаш одигравме љубов“ - роман првенец на Елена Конеска - Канал 5

„Еднаш одигравме љубов“ - роман првенец на Елена Конеска

„Еднаш одигравме љубов“ е насловот на романот на Елена Конеска, во издание на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје чија промоција ќе се одржи вечер во 20 часот.

„Еднаш одигравме љубов“ - роман првенец на Елена Конеска
Промотори на делото - првенец на Конеска ќе бидат Елена Стојановска и Марина Мијаковска.

Издавачот за романот пишува дека ја следи приказната за 30-годишна жена која одлучува да промени нешто во својот професионален живот започнувајќи нова работа. На своето прво службено патување и прва работна задача, која очекува беспрекорно да ја исполни, запознава млад португалски писател во кого се вљубува и со кого започнува „електронска љубовна врска на далечина“...

Писателката Марина Мијаковска во рецензијата кон книгата пишува дека стилот на „Еднаш одигравме љубов“ од Конеска е едноставен како дишењето. - Здивот пулсира и се забрзува со редењето и со слевањето на речениците една во друга, ситуациите се движат забрзано една кон друга, па сè до крајот. Романот е извонредно дело со цврста композиција, течна нарација и лесен стил на изразување на прозните ситуации во прозни слики, наведува Мијаковска.

Елена Конеска е родена на 9 мај 1980 година во Прилеп. Основно и средно образование завршила во родниот град, а студиите по германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2002 година. Во 2009 година магистрирала на истиот факултет со трудот на тема „Интерпретација на телото и телесното во романите на Елфриде Јелинек“. Како постдипломец престојувала на краток студиски престој на универзитетот „Карлс Рупрехт“ во Хајделберг, Германија.

Конеска од германски на македонски јазик превела неколку дела: Приказната за Вилхелм Тел, Види кој се врати, Зарем плачеше? и Добриот љубовник.

Романот „Еднаш одигравме љубов“ е нејзино дебитантско книжевно дело.

Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... 

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време..

Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници..

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година..

Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД..

„Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Во Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија..  

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ..

Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда..

И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Решена е мистеријата на создавањето на астероидот Бену- се разликува од сите други небесни тела (ВИДЕО)

Потеклото на астероидот Бену е изненадувачко. 

Решена е мистеријата на создавањето на астероидот Бену- се разликува од сите други небесни тела (ВИДЕО)

Тој не се формирал во далечните делови на Сончевиот систем, туку неговото родителско тело се формирало во посебна преодна зона во близина на точката на замрзнување на водата, каде што температурите биле доволно ниски за водата да замрзне, во време кога самиот Јупитер сè уште бил во фаза на раст. Ова го покажаа најновите анализи на примероци донесени на Земјата од спектакуларната мисија OSIRIS-REx во 2023 година, објави ETH Zurich.

Бенну орбитира околу Сонцето еднаш на секои 1,2 години и се приближува кон Земјата на секои шест години, кога е оддалечена околу 300.000 километри. Американската агенција НАСА го искористи ова за да собере материјал од ова небесно тело, што беше направено во 2023 година, а сондата со примероците слета во пустината Јута на 23 септември 2023 година. Мал, но вреден дел од овој товар стигна до ETH Zurich - Марија Шенбел, професорка по изотопска геохемија, доби половина грам за анализа.

Истражувањето сега е завршено, а резултатите штотуку се објавени во списанието Science Advances. Тие не само што го откриваат хемискиот отпечаток на минералите на Бену, туку даваат и нови сознанија за тоа како се формирал нашиот Сончев систем.

„Отпечаток од прст“ и блиски роднини

Истражувачите од ETH анализирале изотопи на железо, титаниум и хром. Изотопите се атоми на истиот елемент кои малку се разликуваат по маса. Заедно, тие создаваат препознатлив „отпечаток од прст“ што истражувачите можат да го користат за да го утврдат потеклото и, до одреден степен, староста на астероидот.

Мерењата покажуваат дека титаниумот и железото се рамномерно распределени низ целиот Бену. Тие исто така откриваат дека Бену има блиски роднини: астероидот Рјугу и таканаречените CI метеорити, класа на примитивни, карпести тела богати со јаглерод кои се многу ретки на Земјата. Сите три небесни тела делат сличен изотопски отпечаток, што укажува дека се формирале од истиот резервоар на космичка прашина. Тие исто така значително се разликуваат во нивниот изотопски состав од други познати астероиди, групи метеорити и планети.

Каде и како се формирал Бену?

Научниците претходно претпоставуваа дека астероиди како Бену се формирале во надворешните региони на Сончевиот систем, веројатно на истото место каде што се формирале кометите. Иако се сметаше дека Бену се формирал релативно доцна во еволуцијата на нашиот Сончев систем, новите податоци ги побиваат обете идеи.

Најверојатното сценарио е дека родното место на Бену, Рјугу и метеоритите CI било близу до линијата на замрзнување на водата. Оваа граница ја означува точката на која замрзнува водената пареа. Тука, пред 4,5 милијарди години, додека Сончевиот систем сè уште се формирал, материјалите од неговите внатрешни и надворешни региони се мешале. Мразот, пак, дејствувал како „лепак“, врзувајќи ги најситните честички прашина.

„Бену е хибрид: материјалот не е јасно поврзан ниту со внатрешниот ниту со надворешниот Сончев систем“, вели Шенбел.

Ги носи карактеристиките на двата региона - и е формиран во специфична зона каде што се мешаат потоци од материјал од двата региони.

YouTube video

Нови сценарија

Марија Шенбел и нејзините коавтори го предлагаат следново сценарио: тие му припишуваат клучна улога во формирањето на овие небесни тела на Јупитер. Овој гасен џин е формиран многу рано, до милион години по раѓањето на нашето Сонце, од облак од прашина поради гравитациски сили. Околу централната ѕвезда се формирал кружен диск од прашина и гас, вклучувајќи воден мраз, во кој планетите и астероидите се обликувале преку процесот на акреција.

Поради брзиот раст, Јупитер дејствувал како „мостов столб“ во рамките на овој диск: го блокирал поголемиот дел од грубиот материјал, додека фината прашина од различни региони на кружниот диск течела околу него и рамномерно се мешала во преодна зона близу до точката на замрзнување на водата. Претходниците на Бену, Рјугу и метеоритите CI последователно биле формирани во овој регион.

Сончева прашина и мраз

Ова сценарио објаснува и зошто материјалот на Бену е богат со вода: блискиот мраз испарил, а дел од водената пареа повторно се кондензирала во регионот каде што се формирал Бену. Во исто време, заштитното влијание на Јупитер обезбедило Бену да се формира претежно од фина прашина. Ова објаснува зошто материјалот на Бену е хемиски толку сличен на Сонцето: фината прашина што циркулирала во дискот околу младото Сонце била темелно измешана - малку како фина домашна прашина, која со текот на времето едноставно завршува насекаде.

„Бену може да ни даде најдобар увид во оригиналната мешавина од хемиски елементи што на крајот ги сочинувале карпестите планети“, вели Шенбел.

Бену е многу исконски астероид. Неговиот материјал датира од раѓањето на нашиот Сончев систем пред околу 4,5 милијарди години и речиси не се променил од тогаш.

Со спроведување на геохемиска анализа на Бену, истражувачите го унапредуваат нашето разбирање за тоа како се формирал нашиот Сончев систем и под кои услови се формирале планетите. Бидејќи астероидот е богат со вода и органски материјал, тој исто така обезбедува важни делови од сложувалката за тоа како младата Земја ги стекнала градежните блокови на животот.

Примероци од Фобос

- Сега се прашуваме дали другите астероиди имаат ист изотопски потпис како Бену и Рјугу - додава Шенбел.

Исто така, останува нејасно до кој степен младиот Јупитер придонел за групирање само на фини честички прашина. Понатамошните истражувања ќе помогнат да се разјасни оваа слика.

Анализите на материјалот од Бену се завршени. Професорката од ETH сега со нетрпение ја чека јапонската мисија да врати примероци од марсовската месечина Фобос, која е закажана за лансирање кон крајот на октомври оваа година.

- Би било возбудливо да го добијам овој материјал за анализа и во мојата лабораторија - рече таа.

Таа ќе аплицира во јапонската вселенска агенција JAXA. Сепак, ќе ѝ треба многу трпение: капсулата со материјалот од Фобос нема да се врати на Земјата пред 2031 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер