Единаесет вештини што децата треба да ги совладаат пред студиите - Канал 5

Единаесет вештини што децата треба да ги совладаат пред студиите

Заминувањето на факултет за младите е прво големо искуство за самостојниот живот. 

  Единаесет вештини што децата треба да ги совладаат пред студиите

Единаесет вештини што децата треба да ги совладаат пред студиите

Заминувањето на факултет за младите е прво големо искуство за самостојниот живот. Покрај академските обврски, тие се соочуваат и со бројни секојдневни предизвици, затоа родителите/старателите би требало да ги подготват за полесно прилагодување на новата средина. Еве кои работи треба да ги научат децата пред да заминат на студии во некој друг град или пред да одлучат да живеат сами.

Организација на времето и обврските

Децата би требало да научат самостојно да го организираат своето време и да се фокусираат на она што им е најважно, а најтешките обврски да ги извршуваат кога се најпродуктивни, пишува Your Tango.

Справување со стресот

Иако одредено ниво на стрес е нормален дел од животот, тоа не смее да биде трајна состојба. Вежбањето, вежбите за дишење, медитација и поминувањето време во природа може да ни помогнат полесно да се носиме со стресот.

Основи на готвењето

Познавањето на основни кулинарски вештини им помага на децата да јадат побалансирана храна и да бидат понезависни. Учењето да испланираат оброк, да купат намирници и да го приготват е важен дел од грижата за себе.

Одржување на просторот

Животот со цимери бара одговорност за заедничкиот простор. Едно истражување на Универзитетот Харвард покажало дека домашните обврски им помагаат на децата да развијат одговорност, емпатија и чувство на самостојност.

Управување со пари и финансиска писменост

Младите треба да ги разбираат основите на пресметување на приходите и расходите на паричните средства со кои располагаат, да научат да штедат и да користат банкарска сметка пред да одат на факултет. Финансиската писменост може да им помогне да избегнат долгови и да носат подобри парични одлуки.

Самостојно закажување термини

Важно е да знаат сами да договорат лекарски преглед, да водат сметка за рецептите и да ги следат важните обврски. Ваквите задачи го зајакнуваат чувството на независност и самодоверба.

Професионални комуникациски вештини

Студентите треба да знаат како да напишат професионална е-пошта, да разговараат со професори и да се застапуваат себеси на соодветен начин. Ваквите вештини стануваат важни во текот на првите месеци од студирањето.

Регулирање на сопствените емоции

Способноста да ги препознаат и да управуваат со емоциите е важна во односите, за менталното здравје и при соочување со предизвиците. Разговорот за чувствата, водењето дневник или други методи на саморефлексија можат да помогнат во развојот на оваа вештина.

Поставување остварливи цели

Поставувањето цели не е вродена способност, туку вештина што може да се научи. Јасните краткорочни и долгорочни цели можат да им помогнат на студентите да останат мотивирани и фокусирани на она што сакаат да го постигнат.

Решавање на конфликти со почит

На факултет, децата сретнуваат луѓе со различни ставови и навики. Затоа е важно да научат конструктивно да ги решаваат несогласувањата и да го изразат сопственото мислење без да навреда или без повлекување од комуникацијата.

Носење информирани одлуки

Пред да го напуштат домот, младите луѓе треба да имаат можност сами да донесуваат одлуки и да учат од сопствените грешки. Психологот Рејчел Бусман истакнува: „Ако им дадеме можност да донесуваат мали одлуки, тие ќе знаат што да прават во големи ситуации бидејќи ќе бидат обучени.“ Институтот за детски ум наведува дека рамнотежата помеѓу независноста и поддршката е клучна за развивање на одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Лицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.

Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација.

Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера.

Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки.

Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал.

Двојните аршини на СДС нема да поминат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка.

Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари.

Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија?

Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат.

Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка?

Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави.

Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите?

Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка.

Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Американските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори, на кои ќе се оценуваат првите две години од вториот мандат на Доналд Трамп.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Анкетите им даваат предност на демократите за освојување на Претставничкиот дом.,Додека битката за контрола врз Сенатот останува неизвесна.Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и за 35 сенатори.

Проценките се дека незадоволството од високите цени и трошоците за живот му штетат на Трамп,а дополнителен притисок создаваат царинската политика и војната со Иран.

Трамп водеше интензивна кампања и одржа повеќе од 20 предизборни митинзи.Тој ги обвини демократските кандидати дека се радикални и опасни.

Демократите се надеваат дека ќе освојат мнозинство во двата дома на конгресот. Тоа би им овозможило да отвораат истраги и да ги блокираат неговите именувања.. Секако резултатите ќе покажат колкава е поддршката за трамп и неговата политика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер