Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
1Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
Свет„Ѕидот од дронови“ на ЕУ би можел да биде оперативен за една година Најавениот „Ѕид од дронови“ би можел да стане оперативен во рок од една година, со што ЕУ значително би ги подобрила своите капацитети за откривање беспилотни летала, изјави еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус. - Треба да сфатиме дека ни недостигаат капацитети за откривање дронови. Можеби имаме добри капацитети за откривање авиони ловци и ракети, но дроновите имаат специфичности, бидејќи летаат многу ниско и се мали, истакна Кубилиус за „Еурактив“. Можното лансирање на „Ѕидот од дронови“ за една година го потврди и портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет и одбрана Тома Рение на денешниот прес брифинг во ЕК. - Комесарот (Кубилиус) ја најави временската рамка од една година. Тој е малку пооптимистичен кога станува збор за неговиот старт, бидејќи за сето ова се уште треба да се дискутира на техничко ниво, додаде Рение. Тој соопшти дека покрај претходно објавените осум земји членки – Бугарија, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Финска, и плус Украина, кон иницијативата „Ѕид од дронови“ се приклучила и Словачка, додавајќи дека неговата „изградба“ ќе биде тема и на разговори со НАТО, во рамки на посветеноста на ЕУ за соработка со партнерите од Алијансата. Рение нагласи дека сепак повеќе детали за целиот проект ќе бидат познати по состанокот на Кубилиус со претставници на земји вклучени во проектот, кој е предвиден за в петок. - Тоа нема да биде само состанок што ќе изгледа убаво на хартија, туку состанок со силна посветеност и со конкретни резултати, изјави Рение, додавајќи дека создавањето на „Ѕидот од дронови“ е вистинска потреба на ЕУ и затоа Комисијата очекува силна посветеност од земјите членки што ќе учествуваат на средбата.Тагови: дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ЕвропаВидео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредениЕдно лице загина, а десет други се повредени синоќа во францускиот град Кан, откако возач намерно со автомобил удри во пешаци пред железничката станица. Локалните власти го потврдија инцидентот во северна Франција, пренесува Ројтерс. „Последиците се тешки. Имаме еден загинат; седум лица се во критична состојба, а тројца се сериозно повредени, но не им е загрозен животот“, изјави за новинарите Давид Клавиер, префект на департманот Калвадос. BREAKING: 2 people killed and 8 wounded in a car-ramming attack in Caen, France tonight. A man born in Russia, named Ibrahim I., deliberately drove a car into a group of people waiting at a bus stop. pic.twitter.com/0NhSkR3rtl — Visegrád 24 (@visegrad24) August 27, 2026 Префектот потврди дека возачот бил уапсен кратко по нападот. Според достапните информации, мажот е роден во Русија и претходно не им бил познат на разузнавачките служби. Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати. France under attack: a criminal rams a car into a crowd in Caen. Several dead and numerous injured. pic.twitter.com/cP6W4AoGBt — RadioGenoa (@RadioGenoa) August 27, 2026 Во тек е полициска истрага која опфаќа детална анализа на снимките од безбедносните камери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
СветСАД ѝ продаваат ракети на Јужна Кореја. Пјонгјанг најавува силен одговорСеверна Кореја ја осуди одлуката на САД да ѝ продадат ракети на Јужна Кореја и најави силен и итен одговор на непријателските потези на Вашингтон. Овие пораки беа пренесени од севернокорејската државна агенција KCNA, пренесува Ројтерс. Оваа реакција од Пјонгјанг доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно го повикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на средба. Трамп претходно овој месец изјави дека Ким одговорил на неговиот предлог, но аналитичарите велат дека официјален Пјонгјанг не покажува голем интерес за продолжување на разговорите. „Уште еднаш се уверивме во отворено непријателскиот став на САД кон ДПРК“, се вели во изјавата на портпаролот на министерството, објавена од агенцијата KCNA. ДПРК е кратенка за Демократска Народна Република Кореја, официјалното име на Северна Кореја. Реакцијата се однесува на одлуката на Стејт департментот на САД за можна продажба на тактички ракети „AIM-9X Sidewinder“ и придружна опрема на Јужна Кореја. Пјонгјанг ја смета оваа зделка, вредна 125 милиони долари (107,25 милиони евра), за нова закана по својата безбедност. Северна Кореја, исто така, упати критики кон планот на САД за финансирање на документирањето на состојбата со човековите права и собирањето информации за земјата. Тие тврдат дека тоа е дел од кампања насочена кон дестабилизација на нивниот општествен систем. Портпаролот истакна дека оваа година Вашингтон веќе одобрил продажба на различни системи за вооружување на Јужна Кореја, како што се напредни тактички ракети, поморски и борбени хеликоптери, како и прецизни бомби. Тој додаде дека со тоа САД го охрабруваат Сеул да ги зајакне своите борбени капацитети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
КултураМногу претстави и гостувања во новата театарска сезона на Битолскиот театарСо богат и разновиден репертоар, Народен театар Битола ја отвора новата театарска сезона во септември.Публиката ја очекуваат претстави што екипата на Народен театар Битола ги создаде со љубов, претстави што веќе бројните посетители ги познаваат и сакаат, но и нови сценски приказни кои допрва ќе ги откриваме заедно. Септември носи многу театар, многу приказни и многу причини повторно да се сретнеме во Битолски театар. Оваа сезона повторно ја создаваат за нивната верна публика, без која театарот не постои. На сцената нè очекуваат „Едмонд“, „Госпоѓа Бовари“, „Странецот“, „Унна“ - гостување на Ѕвездара театар од Белград,Србија, „Ричард III“, „Пламенка“, „Пинокио“, „Жиголо“, „На отворено море“, „Кориолан“ и „Секстет“. Септември во НУ Народен театар Битола носи нови средби, големи приказни, врвна актерска игра и претстави како и гостувања што остануваат долго по последниот аплауз. Па така на 10 септември во Битола гостува „Ѕвездара театар“ од Белград со претставата „Унна“,а на 11 септември „Едмонд“ ќе биде изведена во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица. На 18. септември „Пинокио“ гостува во ТФД „Силјан Штркот“ во Прилеп, а на 25 септември е предвидено гостување со „Кориолан“ на „Magical Nights in Bitrint“ во Саранда, Албанија. Нека започне новата театарска приказна. Ве очекуваме во Народен театар Битола. Билетите можете да ги набавите онлајн, на следниот линк:👇 https://narodenteatarbitola.com/buy-tickets-repertoire/ Репертоар: „ЕДМОНД“ Дејвид Мемет Режија: Оливер Мицевски 3 септември, 20:00 ч. 4 септември, 20:00 ч. 11 септември, 19:30 ч. – ФКТ „Ристо Шишков“, Струмица „ГОСПОЃА БОВАРИ“ Густав Флобер Режија: Дејан Пројковски 7 септември, 20:00 ч. 9 септември, 20:00 ч. „СТРАНЕЦОТ“ Адаптација и режија: Дамјан Читкушев 10 септември, 18:00 ч. „РИЧАРД III“ Вилијам Шекспир Режија: Мартин Мирчевски 12 септември, 20:00 ч. „ПЛАМЕНКА„ Петре Димовски Режија: Софија Ристевска Петрушева 14 септември, 20:00 ч. 21 септември, 20:00 ч. „ПИНОКИО“ Карло Колоди Режија: Деан Дамјановски 15 септември, 11:00 ч. 16 септември, 11:00 ч. 18 септември, 12:00 ч.ТФД.„Силјан Штркот“ Прилеп „ЖИГОЛО“ Игор Кузмановски Режија: Благој Мицевски 17 септември, 20:00 ч. „НА ОТВОРЕНО МОРЕ“ Славомир Мрожек Режија: Благој Мицевски 22 септември, 20:00 ч. „СЕКСТЕТ“ Марк Камолети Режија: Марјан Георгиевски 29 септември, 20:00 ч. 30 септември, 20:00 ч.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26