Допаминско изложување: Дали сте жртва на модерното време и екраните? - Канал 5

Допаминско изложување: Дали сте жртва на модерното време и екраните?

Постојаното изложување на паметните телефони и социјалните медиуми го преоптоварува нашиот мозок, го исцрпува допаминот – невротрансмитер одговорен за чувството на задоволство - и буквално го менува начинот на кој функционираме.

 Допаминско изложување: Дали сте жртва на модерното време и екраните?

Затоа се чувствуваме престимулирано и исклучено од реалниот свет. На оваа „допаминска криза“ предупредува невронаучникот Т.Ј. Пауер, основач на The DOSE Lab, кој го дискутираше проблемот на модерното време во популарниот подкаст „The Problem With Dopamine“ што го води Џејмс Смит.

Допаминската криза на модерното време

Допаминот е невротрансмитер клучен во центарот за награда на мозокот и го регулира расположението, мотивацијата и учењето. Се ослободува кога чувствуваме задоволство, но постојаниот прилив на дигитална содржина - од смешни видеа до лајкови на објавите – доведува до презаситување.

Пауер, автор на бестселерот „The DOSE Effect“, тврди дека нашите мозоци стари 300.000 години се „киднапирани“ од технологија стара само неколку децении. „Ако имате проблеми со концентрацијата, секојдневните задачи ве иритираат и имате чувство дека животот ви е помалку пријатен, здодевен и монотон, тогаш сте го исцрпиле допаминот“, објаснува Пауер.

Заробени во светот на екраните

„Нашите предци доживувале само неколку скокови на допаминот дневно, додека модерниот живот носи стотици вакви скокови, оставајќи го мозокот престимулиран без мотивација“, вели Пауер. Тој сликовито опишува еден типичен ден: „Се будите и го зграпчувате екранот, поминувате 10 часа залепени на средниот екран, продолжувате на малиот екран, потоа се опуштате пред големиот екран и конечно завршувате во кревет со малиот екран. Тоа е денес нашиот живот - секој ден...“

Водителот на подкастот, Џејмс Смит, признава дека самиот ги чувствува ефектите, бидејќи неговата работа зависи од технологијата. Тој го опишува својот вечерен ритуал на гледање Netflix додека скрола по телефонот како „смирувачки и компулсивен“, додавајќи дека неговиот телефон „лежи на градите“ додека гледа телевизија.

Последици на реалниот живот и односите

Оваа зависност од екраните не влијае само на нашата продуктивност. „Постојаната употреба на телефоните и сеприсутното снимање го зголемува нашиот страв од преземање социјални ризици, ја еродира нашата самодоверба, мотивацијата и отпорноста“, додава Пауер. Тој е особено загрижен за влијанието на онлајн порнографијата врз врските во реалниот живот.

„Користењето на порнографијата не е само безопасна навика, туку го преобликува начинот на кој луѓето се состануваат, флертуваат и се поврзуваат“, вели тој. „Многумина избираат екран наместо реална интимност, а тоа ги искривува очекувањата - колку повеќе гради гледате на екранот, помалку ќе ги гледате во реалниот живот.“

Како да се заштити новата генерација?

Просечната возраст на која децата првпат гледаат порнографски содржини е 13 години, и ТЈ Пауер ја поддржува неодамнешната одлука на австралиската влада да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години.

„Нема шанси детето да помине шест или седум часа пред екранот, а да не доживее некаков проблем со менталното здравје, без разлика дали станува збор за анксиозност, лошо расположение, па дури и депресија“, додава тој.

Како иден татко, тој вели дека многу внимателно ќе размисли за пристапот на неговото дете до екраните. „Не можеме да го вратиме духот во шишето, но некогаш можеме да го вратиме на кратко и да му дадеме одмор на нашиот мозок.“

Како да се спротивставите и да ја вратите рамнотежата

Пауер и Смит истакнуваат дека досадата е клучна за повторно воспоставување на фокусот. Тие предлагаат едноставни чекори за да ја намалите зависноста од допаминскиот наплив што го обезбедуваат екраните.

Пет чекори за дигитална детоксикација

Оставете го телефонот во друга соба и вклучете штоперица.

Потоа кратко истуширајте се за да го започнете процесот на смирување на мозокот.

Завршете некои лесни домашни работи, како што е полнење на машината за миење садови, за дополнително да го смирите мозокот.

Сега сте подготвени да се опуштите со активност што ве прави среќни, како готвење, разговор, гледање филм или читање книга.

Вратете се на телефонот и проверете колку време поминало. Целта е постепено да го зголемувате времето поминато без него.

Природни начини за поттикнување на допаминот

Покрај дигиталната детоксикација, нивото на допамин можете да го урамнотежите природно. Поминувањето време на сончева светлина и во природа докажано помага, како и редовното вежбање, кое го стимулира ослободувањето на допаминот. Исхраната богата со протеини, како што се пилешко, јајца и јаткасти плодови, му обезбедува на телото градежни блокови за допамин.

Квалитетниот сон е исто така клучен, па затоа е важно да се избегнуваат екрани пред спиење. Конечно, активности како медитација, слушање музика, дружење со пријателите и занимавање со омиленото хоби, исто така, природно го поттикнува чувството на задоволство и мотивација.

Пауер завршува со интересна споредба: „Прачовекот го измислил огнот, а тоа била добра доза на допамин, но тој не стоел таму гледајќи во него осум часа. Иако денес, гледањето во огнот може да биде навистина добра работа наместо во екранот.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Шефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец.

Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи.

Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1.

На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот.

Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. 

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Во Унгарија се приведени четири лица осомничени за трговија со луѓе како дел од криминална група која дејствувала заради стекнување финансиска корист, а полицијата покрена постапка за нивно задржување во притвор, соопшти Националната полициска управа (ORFK).

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Иако полицијата експлицитно не го именуваше во своето соопштение, пренесува порталот „Index“.

Националното биро за истраги (NNI) го заврши испрашувањето на осомничените, кои беа приведени во понеделникот. Во истрагата учествуваат и Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH), како и Европол.

YouTube video

Полицијата се сомнева дека, во текот на неколку месеци во 2024 година, осомничените им помагале на виетнамски државјани да добијат унгарски визи и потоа да отпатуваат во Западна Европа, наплаќајќи им таканаречени „надоместоци за регрутирање“.

Според досегашните наоди од истрагата, тие на овој начин им помогнале на повеќе од 100 виетнамски државјани.

Надлежните наведоа дека странските државјани тврделе оти доаѓаат во Унгарија на краток престој за да посетуваат курсеви за стручна обука. Сепак, повеќето од нив не ги посетувале овие курсеви, ниту пак ја напуштиле земјата откако им истекле визите.

Истражителите се сомневаат дека нивната вистинска цел била да стигнат до Западна Европа преку Унгарија. При претреси на неколку локации во Будимпешта и во округот Пешта, запленети се документи, електронски податоци и уреди кои би можеле да послужат како докази во истрагата за трговија со луѓе и корупција.

Еден од осомничените се товари и за тргување со влијание.

Орбан се огласи

Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека постапката претставува политичка одмазда и дека неговиот брат е само средство што се користи за напад врз него.

„Јас сум целта, мојот брат е само средство“, напиша Орбан, тврдејќи дека целта е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем.

Петер Маѓар, унгарска политичка личност, реагираше на овие изјави, истакнувајќи дека поранешниот премиер веднаш се обидел да ја префрли одговорноста врз другите и да се претстави себеси како жртва. Претставници на Фидес тврдат дека постапката против Арон Орбан е политички мотивирана, додека членови на опозицијата и правни експерти покренаа прашања во врска со владеењето на правото, тајмингот на започнување на истрагата и протекувањето на официјални информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Британскиот комичар и актер Расел Бренд е осуден на десет и пол години затвор во Лондон, откако минатата седмица беше прогласен за виновен за силување на една жена и три дела на сексуален напад.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*.

Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено.

Осудата за силување се однесува на инцидент од 2009 година, кога една жена го обвини Бренд дека ја нападнал во неговиот дом во Лондон.

Нејзина пријателка сведочеше дека, по средбата, жената ѝ кажала оти неколкупати му рекла „не“ на комичарот и дека потоа чувствувала силна болка. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, за време на судењето, Бренд тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен и дека жената никогаш не побарала од него да престане.

Сепак, тој призна дека ја искористувал својата слава за да стапува во сексуални односи со жени. Но, пред поротата, тој инсистираше на тоа дека согласноста е „фундаментална, суштинска и неопходна“.

Обвинувањата против него првпат излегоа во јавноста во септември 2023 година, по истрагата спроведена од „Сандеј тајмс“ (*The Sunday Times*).

Судскиот процес опфаќаше седум обвиненија поврзани со шест жени и настани што се случиле во периодот меѓу 1999 и 2009 година.

Бранд се изјасни за невин по сите точки од обвинението.

Проблемите на Бранд не завршуваат тука. Лондонската полиција (Метрополитен полиција) истражува уште две пријави за силување. Една од нив се однесува на жена која имала 16 години кога, според пријавата, била во врска со Бранд, кој во тоа време имал 30 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер