1Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела
3Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
Свет Доналд Трамп продолжума да ја комплетира својата нова администрацијаКабинетот на Доналд Трамп ги добива контурите. Откако сенаторот од Флорида Марко Рубио и официјално беше номиниран за државен секретар на САД, Трамп го соопшти назначувањето и за серија други позиции. Поранешниот новинар и воен ветеран Пит Хегсет e назначен да биде Секретар за одбрана, екс разузнавачот Џон Ратклиф ќе раководи со ЦИА, а најголемо внимание предизвика предлогот конгресменот Мет Гец да раководи со секторот правда. Гец кој е познат како тврдокорен поддржувач на Трамп, минатата година беше дел од неколку истраги токму од министерството кое сега треба да го раководи. -Да бидеме многу јасни во врска со ова, тој (Гец) е под истрага од комитетот за етички прашања сега, тој беше под кривична истрага од Министеството за правда, соопштија на почетокот на годината дека одлучиле да не го обвинат во тој случај, но има обвинители кои работат во моментов во Министерството за правда кои знаат многу факти за таа истрага што јавноста не ги знае, станува збор за случај со трговија со луѓе,- - Кен Диланиан – Политички аналитичар. Поранешната конгресменка од демократите, а сега републиканка, Тулси Габард пак, е номинирана за директорката на националната разузнавачка служба. Габард која е позната своите ставови против поддршката за Украина во војната против Украина и критиките кон НАТО, дел од аналитичарите во САД ја оценија како проблематичен избор за новата администрација. -Мислам дека сите сме желни да почнеме со работа. Има многу што треба да се направи, состаноците се веќе почнати. Претседателот Трамп го предводи сето тоа, осигурувајќи дека кога повторно ќе ја положи заклетвата на 20 јануари ќе почнеме со работа,- - Тулси Габард – Номинирана за директорка на Национална разузнавачка служба. -Тулси Габард никогаш не работела во разузнавачките служби. Нема никаква реална позадина за оваа работа. И таа беше поттикнувач на многу начин за Путин, Асад, Ердоган, луѓе кои не се воопшто пријателски насочени кон САД. Ова е прилично лошо. Ова се сериозни работи и потребни ни се сериозни луѓе на тие позиции,- - Џејми Метзл – Поранешен советник за национална безбедност. Кабинетот на Трамп, заедно со него ќе стапат на функција на 20 јануари, кога тој и официјално повторно ќе положи заклетва на функцијата. Неговиот некогашен ривал Бајден пак, на првата средба во Белата Куќа повтори дека очекува мирна транзиција. -Доналд, честитки и се надевам на, како што кажавме, мазна транзиција. Ќе направиме се што можеме да се осигураме да бидеш задоволен со се што ти треба,- Џо Бајден – Претседател на САД. -Ви благодарам многу, полииката е тешка и во многу случаи тоа не е многу убав свет, но денеска е убав свет и го ценам тоа многу, транзиција која ќе биде мазна колку што може и ти благодарам Џо,- - Доналд Трамп – Избран претседател на САД. Во меѓувреме, по мнозинството во Сенатот, републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата и врз Претставничкиот дом, со што Трамп ќе има одврзани раце за спроведување на неговите политики уште на почетокот на мандатот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа неделаПочеток на доделувањето на првите картички за зелена нафта во текот на оваа недела, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференцијаПочеток на доделувањето на првите картички за зелена нафта во текот на оваа недела, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференција, која ја одржа заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Во пресрет на есенската обработка и подготовката на нивите, во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта. За оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3 проценти, со што директно го намалуваме трошокот за гориво во период кога земјоделците повторно влегуваат на нивите“, рече министерот Серафимовски. Тој истакна дека во следниот период приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде и исплатата на финансиската поддршка од два денари за килограм јаболко од бербата во 2024 година, а кое е предадено до 30 јуни 2025 година. Станува збор за средства во висина од околу 150 милиони денари, за чија исплата налозите веќе се подготвени и сите производители што навремено поднеле барање и ги исполнуваат условите ќе бидат исплатени. „Откупот на винското грозје е во завршна фаза. Винариите досега имаат прифатено и преработено речиси 80 милиони килограми грозје, вклучувајќи го сопственото производство, а дополнително се извезени околу 13 милиони килограми, со што вкупната количина е околу 93 милиони килограми набрано грозје“, информираше министерот Серафимовски, притоа додавајќи дека во завршна фаза се и административните постапки за кредитната линија преку Развојната банка, со која е предвидено финансирање на откупот на винско грозје, чија цел е да се зајакне ликвидноста на винариите и да се создадат услови за исполнување на обврските кон лозарите. „Според последните информации, во прилепскиот регион, просечната откупна цена на црвената пиперка од сортата куртовска капија е зголемена на 25 денари за килограм при предавање во откупен центар“, посочи министерот Серафимовски. Тој соопшти дека во двата најголеми производни региони за оваа сорта досега се откупени вкупно 44 милиони килограми пиперка, и тоа 11 милиони во откупните центри во Кривогаштани и 33 милиони во Струмица. „Извозот на пиперка достигна 15 милиони килограми, приближувајќи се до вкупното минатогодишно ниво од 15,5 милиони килограми, додека откупот сè уште трае“, додаде министерот Серафимовски. На прес-конференцијата тој се осврна и на измените на Правилникот за квалитет на млекото и млечните производи, а со кои се ограничува употребата на млеко во прав, реконституирано млеко и палмино масло во производството. „Максимално дозволената количина на овие состојки треба да биде од 1 до 2 отсто“, информираше министерот Серафимовски. Тој го претстави и Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи, кој е ставен на јавна расправа. Предложените решенија предвидуваат писмени договори пред испораката, регистрирани откупувачи, однапред утврдени услови за откуп, точна евиденција и рокови за плаќање. „Сакам да ја искористам оваа прес-конференција да ги повикам сите земјоделци, здруженија и иницијативни групи активно да се вклучат и да достават конкретни забелешки и предлози на ЕНЕР или пак во подрачните единици на министерството“, порача министерот Серафимовски. За резултатите од контролите на откупот на различни производи информираше директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, кој соопшти дека за утврдените неправилности инспекторатот изрекол 30 инспекциски мерки и издал 17 платни налози, од кои три се платени, а за преостанатите 14 се води прекршочна постапка пред Прекршочната комисија во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Државниот инспекторат за земјоделство во тековната 2026 година, заклучно со 15 септември, има извршено вкупно 873 вонредни инспекциски надзори согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кај регистрирани правни лица кои вршеле откуп на земјоделски производи“, изјави Ангеловски. Тој информираше дека при контролите најчесто е констатирано откуп без договори со производителите, неисплатени обврски, непочитување на роковите за исплата, неистакнати ценовници, непоседување верификувани мерни инструменти и откуп без упис во регистарот на откупувачи. „И во наредниот период, инспекторатот ќе продолжи со редовни инспекциски контроли кај откупувачите на земјоделски производи, со цел заштита на правата и интересите на земјоделските производители, а за сите утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни инспекциски мерки согласно законските прописи“, истакна директорот Ангеловски. Министерот Серафимовски: Директор Ангеловски: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев ја одбележа Детската неделаДецата се нашето најголемо богатство!По повод Детската недела, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, ги прими во посета дечињата од објектот „Сонце“ при ЈОУДГ „Рада Поцева“. Со многу насмевки, детска искреност и позитивна енергија, најмладите гости му подарија картички на кои беа испишани нивните права и обврски, испраќајќи важна порака дека секое дете има право на љубов, грижа, образование, игра и безбедно и среќно детство, но и обврска да ги почитува другите, да биде одговорно и да придонесува кон својата заедница. Да им овозможиме на сите деца детство исполнето со љубов, игра, знаење и насмевки!- стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во БИХ: Една промена во претседателството, старите партии го задржаа водството во ентитетитеИзборните резултати од општите избори во Босна и Херцеговина не донесоа посериозни политички поместувања во земјата..Прелиминарните резултати покажуваат дека Денис Беќировиќ од Социјалдемократската партија обезбедува уште еден мандат на бошњачкото место додека Жељка Цвијановиќ од Сојузот на независни социјалдемократи на српското место во тричленото претседателство. Промена има кај хрватскиот член во претседателството, каде победи Даријана Филиповиќ од Хрватската демократска заедница.. Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи Милорад Додик, прогласи победата на својата партија на сите нивоа на власт.. Освен Цвијановиќ, победа извојува и кандидатот на партијата за претседател на Република Српска, Саво Миниќ, а партијата на Додик остана најсилна политичка сила во изборите за државниот парламент од република српска..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook