„Документо": Атина испратила демарш до Вашингтон за изјавата на Мичел

 Строг демарш до САД за изјавата на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел, во врска со името на ПЈРМ упати Министерството за надворешни работи на Грција, пишува грчкиот весник „Документо“. 

И открива дека официјална Атина, минатиот месец реагирала за говорот на Мичел во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат.

- На Балканот, американската дипломатија одигра водечка улога во решавањето на грчко - македонскиот спор за името, е спорниот дел од говорот на Мичел на 21 август, за кој реагирало грчкото МНР, според весникот.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, „Документо“ пишува дека реакцијата од Грција била брза и експресна, а Мичел му се извинил на Коѕијас.

- Според добро информирани владини извори, по демаршот господинот Мичел се чини дека му се извини на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас. Атина, на која особено и пречеше оваа изјава на американскиот функционер, наводно инсистираше, потенцирајќи и го тоа на американската страна дека е неприфатлив фактот како „архитект“ на решавањето на проблемот да се појавува Вашингтон, од моментот кога договорот можеше да се постигне, благодарение на упорните напори на грчката дипломатија и уште повеќе, без Грција да биде на располагање да прифати било каков притисок од САД или од други западни или источни престолнини, пишува весникот.

Како што вчера објави МИА, за евентуални притисоци за постигнување договор, грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес-конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун, рече дека „со апсолутна искреност и со апсолутна сигурност“ може да каже дека никој ниту ја вознемирил, ниту ја притиснал Грција за конкретното прашање, туку едноставно со промената на власта кај нас, се отворила единствена можност за разговори./МИА.

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

притисни ентер