Култура„Денови на COBISS“ денеска и утре во Скопје и БитолаНационалната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје во соработка со Институтот за информациски науки – ИЗУМ од Марибор, Словенија, првпат организира „Денови на COBISS“ кои денеска и утре ќе се одржат во Скопје и Битола.Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје во соработка со Институтот за информациски науки – ИЗУМ од Марибор, Словенија, првпат организира „Денови на COBISS“ кои денеска и утре ќе се одржат во Скопје и Битола. Како што информира НУБ, излагачи од нашата земја и од Словенија ќе се осврнат на досегашните активности и искуства од работењето на националниот библиотечно-информациски систем COBIS.МК, како и на плановите за неговиот иден развој. Настанот во Скопје, во Центарот за конференции и студии на НУБ, денеска ќе го отворат директорот на Библиотеката, Рахметула Куќи и директорот на ИЗУМ од Марибор, д-р Алеш Бошњак. Обраќање ќе има и претседателот на Советот на COBISS.Net, д-р Исмет Овчина, директор на Националната и универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина. Ќе присуствуваат претставници од 72 членки на националниот библиотечно-информациски систем COBISS.MK, како и претставници од министерствата за култура и за образование и наука. -Гостите од Словенија ќе ги презентираат дигиталниот репозиториум dCOBISS, нова апликација во системот COBISS која овозможува чување дигитални содржини, меѓународната база Unpaywall која содржи неколку десетици милиони научни статии со слободен пристап и со линкови до целосните текстови (главно во ПДФ-формат), до која може да се пристапи преку веб-апликацијата COBISS+, како и функционирањето на нормативната контрола на лични имиња и точки за пристап во системот COBISS. Наши стручни лица со свои излагања ќе се осврнат на примената на повеќе сегменти од програмската опрема COBISS во тековното работење на библиотеките, активностите од новите проекти што ги води Националната библиотека како национален COBISS-центар на полето на нормативната контрола, како и функционирањето на E-CRIS.MK, информацискиот систем за истражувачката дејност во Македонија, соопшти НУБ. „Деновите на COBISS“ утре ќе продолжат во Универзитетската бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, каде што програмската опрема COBISS, која се применува за развојот на националниот библиотечно-информациски систем COBISS.MK, ќе биде презентирана пред претставници од факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола, со цел тие да се вклучат и да станат дел од системот. Ќе бидат претставени и информацискиот систем за истражувачката дејност E-CRIS.MK, дигиталниот репозиториум dCOBISS и меѓународната база Unpaywall. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Олимписки игриРусија се врати во олимпиското семејствоМеѓународниот олимписки комитет ја укина суспензијата на Русија. Русија се врати во олимпиското семејство .Меѓународниот олимписки комитет денеска објави дека привремено ја укинал суспензијата на Рускиот олимписки комитет, како и дека препораките до меѓународните спортски федерации во врска со учеството на руските спортисти повеќе не се во сила. „Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет привремено ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет, која беше на сила од 12 октомври 2023 година. Одлуката е донесена по детална анализа на Комисијата за правни прашања, со оглед на тоа што Рускиот олимписки комитет повеќе нема регионални спортски организации меѓу своите членки од териториите што се под јурисдикција на Олимпискиот комитет на Украина. Покрај тоа, Рускиот олимписки комитет потврди дека не спроведува и нема да спроведува никакви активности на тие територии“, соопштија од Комитетот. Се додава дека Извршниот одбор ќе продолжи да ја следи ситуацијата во врска со можните активности на Олимпискиот комитет на Русија на спорните територии и го задржува правото да преземе дополнителни мерки доколку оцени дека тоа е неопходно. Меѓународниот олимписки комитет истакна дека не го променил својот став и продолжува да ја осудува руската инвазија врз Украина. „Овој став останува непроменет. Во поширока смисла, комитетот ги осудува војните, вооружените конфликти и насилството што предизвикуваат човечко страдање, каде и да се случуваат. Во време на растечка нестабилност и поделби низ светот, организацијата останува посветена на промовирање на мирот преку спортот меѓу луѓето и нациите“, изјавија од Лозана. Во соопштението се нагласува дека Меѓународниот олимписки комитет останува солидарен со олимписката заедница на Украина, која олимпиското движење ја поддржува уште од почетокот на војната и ќе продолжи да го прави тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во АеродромРасчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, поднесена кривична пријава против четири деца и пет родители.СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптекиВладата на Мицкоски ги изигра и ги излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест.Прво, Фондот за здравствено осигурување ја зголеми цената на лекот „Фостер“ од околу 300 на 1.080 денари. Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално да живеат. Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот „Фостер“. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, се уште го нема во аптеките. Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болни пацинети чие здравје зависи од овој лек. Тотален хаос, негрижа и неодговорност! Ова не е лек што може да почека. За пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тоа е секојдневна терапија без која болеста може сериозно да се влоши. Овие пацинети зависат од редовната терапија, и секое нередовно земање на лекот може сериозно да го влоши нивното здравје. Кој ќе понесе одговорност тогаш? За жал, ова не е првпат граѓаните да останат без неопходна терапија. Минатата година онколошките пациенти беа оставени без биолошка терапија. И најиронично е што човекот кој направи хаос во Фондот за здравство- Мицкоски го награди со министерска за функција и тоа повторно во ресорот здравство. После две години од ВМРО на власт, се случува распад на здравствениот систем кој не може да го заштити она што е највредно - здравјето на граѓаните. Наместо функционален здравствен систем, имаме систем во кој пациентите секојдневно стравуваат дали ќе ја добијат терапијата што им го спасува здравјето. СДСМ бара одговорност и преземање итно мерки за обезбедување непречена достапност на терапијата за сите пациенти. Здравјето не смее да биде жртва на оваа расипничка Влада, која толку го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, што сега цената ја плаќаат граѓаните. Престанете да си поигрувате со здравјето на луѓето. Граѓаните заслужуваат здравствен систем што ќе се грижи за нив, а не власт која од ден на ден им го отежнува лекувањето и им го загрозува животот. Лагите за „трета економија“ ги разби и ММФ, дури и Косово е пред нас Лагите за „третата“ економија во Европа на Мицкоски ги разби и ММФ. Македонија во следните пет години нема биде меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа. Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај прогнозира дека македонската економија до 2031 година ќе има просечен раст од 3%. Пред нас се Албанија со раст од 3,19%, Молдавија, Србија со 3,5% Украина, Косово со 3,95% раст, а прва е Малта со економски раст од 3,96%. Ова е вистината. Не му проаѓаат на Мицкоски лагите дека Македонија е економски лидер во Европа. Вистината е дека македонската економија е во катастрофална состојба. Со Мицкоски економијата ќе продолжи да тоне, доаѓа уште потежок и поскап живот за граѓаните. Зголемувањето на дефицитот од 3% на 4,1% е само отворена врата за нови скапи задолжувања врз грбот на народот. Инфлацијата ја изеде куповната моќ на граѓаните – доведени до просјачки стап. А власта со коригираната инфлација од 4,5%, признава дека ги чека уште поскап и потежок живот. Домашното задолжување расте на 39 милијарди денари, а странското 101 милијарда денари. Ова значи дека го крајот на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП. За две години оваа Влада создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, со што го искачи нивото на јавниот долг на скоро 11 милијарди евра. И ова не се пари за мерки за граѓаните, за 600 евра минимална плата, за капитални проекти – ова се пари за криминалните тендери на Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО. Министерката за финансии предупредуваше дека многу „европски земји ќе банкротирале“. Со вакво темпо на задолжување, за жал Македонија се движи кон банкрот. Со оваа власт Македонија ризикува да остане на дното, не затоа што нема потенцијал, туку затоа што оваа Влада нема развојна стратегија. Кратат од секаде, само не од нивниот луксуз. Наместо инвестиции, реформи и раст, приоритет се криминални тендери, партиски вработувања и расипничко трошење на народните пари. Цената на овие надреални приказни на Мицкоски ја плаќаат граѓаните, со празни џебови и сè потежок живот од ден во ден. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter