„Ден на спортот“ во Охрид: „Прличевци“ најдобри во „Zero Waste“ - Канал 5

„Ден на спортот“ во Охрид: „Прличевци“ најдобри во „Zero Waste“

Над 700 дечиња беа дел од „Денот на спортот“ во Охрид. Плазма Спортските игри за млади и езерскиот град се покажаа како совршена комбинација. 

„Ден на спортот“ во Охрид: „Прличевци“ најдобри во „Zero Waste“

Токму од градот на УНЕСКО беше испратена порака преку „Zero Waste“ – „Биди дел од играта – да ја заштитиме нашата планета“.

Ова е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca-Cola, кој креативно ги едуцира младите преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применуваат во секојдневниот живот. Едукативниот квиз ги охрабрува да размислуваат логично, да пронаоѓаат причини и решенија за предизвиците поврзани со одржливиот развој, додека спортскиот дел е посветен на практично учење за селекција на отпадот на полигонот СИМ.

Со оваа кампања, Coca-Cola има цел да придонесе за позитивно влијание врз животната средина и да понуди решенија за предизвиците поврзани со пакувањето, во рамки на повеќегодишниот проект „Свет без отпад“. По интерактивната едукација, децата и младите се натпреваруваат на едукативен полигон, а за најдобрите се обезбедени награди.

Победници во третото издание на „Zero Waste“ се „Прличевци“, кои одлично го поминаа полигонот, каде што сите натпреварувачи имаа поддршка и од маскотата Виктор. „Симовци“ се натпреваруваа во Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, ракомет, баскет 3х3, одбојка и народна, покажаа уникатни вештини и натпреварувачки дух. Атмосферата беше неверојатна, фер-плеј играта и пријателствата беа во прв план.

Драган Бочески, поранешен фудбалер на Охрид, Вардар и Пелистер, а денес тренер во младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос, заедно со македонскиот боксерски репрезентативец Наум Стојаноски и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој оваа сезона со својот тим го освои ЕХФ Европскиот куп, го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на Плазма Спортските игри за млади во Охрид.

Претседателката на Плазма Спортските игри за Македонија, Елена Мицковска, ја потенцира важноста на Охрид како град за развој на спортот. Таа му ја честиташе шампионската титула на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот куп, како и успешно реализираното јубилејно десетто издание на „Охрид трчаТ“.

„Драги деца, вашите насмевки се најдобар доказ дека ова што го правиме е вистинската работа и дека го правиме најдоброто за вас. Почитувани претставници на градот Охрид, почитувани колеги и колешки, драги деца, дозволете ми најнапред да им ја честитам титулата на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот куп. Навистина нè направија горди, не само вас, охриѓани, туку и сите нас, цела Македонија.

Честитки и за успешно организираниот настан „Охрид трчаТ“, јубилејно десетто издание, како и до градот Охрид и општината, кои уште еднаш покажаа дека вложуваат во спортот, го поддржуваат и се одлични домаќини и организатори.

Сакам да упатам искрена благодарност до Министерството за спорт, до премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, како и до нашите партнери и спонзори – Пивара, Плазма, Шпаркасе банка и Шпаркасе Лизинг. Заедно успеавме да ги донесеме овие игри во Македонија, со една заедничка цел, сите вие да имате еднаква можност да учествувате и да се натпреварувате, без разлика дали активно се занимавате со спорт или не.

Тука сме да поттикнеме фер-плеј, толеранција и дружење, нека победат најдобрите. Победниците од Државното првенство, односно 200 ученици, ќе имаат можност да учествуваат на големото меѓународно финале во Сплит, од 17 до 22 август.

Уживајте, натпреварувајте се, дружете се и понесете убави спомени со себе. Охрид е еден од најубавите градови и верувам дека ќе го паметите по прекрасни моменти. Ви посакувам убав и навистина спортски ден“, истакна Елена Мицковска.

Секогаш е убаво кога зад големите спортски настани стојат вистински пријатели, а токму едни од нив се Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг.

„Веруваме во спортот, во спортските активности и во создавањето здрави животни навики. Создаваме можности младите да растат, да се развиваат и да го достигнат својот целосен потенцијал. Вие, младите, сте нашата иднина. Веруваме во вашата енергија, во вашите соништа и во вашата сила да создадете подобро утре. Спортот ве учи на вредности кои се темел за успех во животот: тимски дух, дисциплина, упорност, фер-плеј и меѓусебна почит.

Денес е ден за дружење, за насмевки и за нови спомени. Ви посакувам прекрасни моменти, убави пријателства, фер натпревари – и нека победи спортскиот дух“, порача директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска.

На младите „симовци“ им се обрати и претседателот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, кој не го криеше своето задоволство што токму Охрид е еден од домаќините на „Денот на спортот“.

„Денот на спортот“ утре продолжува во Тетово. Претходно се одржа во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Парфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда.

По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови.

Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи.

Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото.

Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер