3Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
Живот„Дејли Мејл“: Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа„Зошто никој не зборува за ова место?“ Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа.„Зошто никој не зборува за ова место?“ Осамена патничка вчудоневидено вели: Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа - а престојот таму чини само седум фунти за ноќевање. Дури и вон шпицот на сезоната, попознатите туристички дестинации во Европа ги карактеризираат долги редици и високи хотелски цени. Сепак, постојат алтернативи на континентот - привлечни скриени скапоцени камења незагадени од турканици со пристојни цени за престој. Живописното Охридско Езеро спаѓа во таа категорија, како што откри осамената патничка Наташа Витли во фасцинантното информативно видео објавено на TikTok. Охридското Езеро кое се протега на планинската граница на Македонија и Албанија, кога се работи за пејзажот му дише зад врат на езерото Комо и тоа по цена колку за чипс, а Наташа ги прашува своите 69.400 следбеници: „Зошто никој во Европа не зборува за ова најпотценето и најдоспатно место, совршено за викенд бекство за одмор?“ Во видеото таа го опишува Охридското Езеро, тоа место впишано како светско наследство на УНЕСКО, како еден од најособените моменти на нејзиното патување низ Балканот. Место во кое нема турканици и е „толку мирно за шетање“. Зборувајќи за „MailOnline Travel“, Наташа, позната на Интернет како @travelsbytash, вели: „Очигледно не можете да го победите езерото Комо, со прекрасните живописни градови како Белаџо. Меѓутоа, Охридското Езеро е всушност двојно поголемо од Комо (138 квадратни милји наспроти 56 квадратни милји), што не сум знаела. „И би рекол дека водата е уште позачудувачка - кристално чиста“. Наташа во клипот открива дека за нејзиното три ноќевања престојувала во хотелот „Сансет Лејк“ во Охрид, Северна Македонија, на североисточниот брег на езерото. Цената? Само седум фунти за ноќевање. Споделувајќи ги различните активности во кои туристите можат да учествуваат, таа вели на клипот: „Можете да одите на кајак или на веслање со штица, што изгледа толку добро“. „Најпопуларното нешто за посета е црквата Свети Јован, која се наоѓа веднаш на работ на езерото. Има неверојатен поглед. Толку е живописно“. Има и десетици пешачки патеки кои посетителите можат да ги пешачат ако сакаат, плус „прекрасен стар град“ и парк полн со желки ('толку случајно'.) Зборувајќи за „MailOnline“, Наташа вели дека нејзиното омилено искуство било патувањето со кајче преку езерото. Наташа рече дека патувањето било организирано преку хотелот „Сансет лејк“. Таа продолжува „Патувањето траеше четири часа, со неограничено вино и буквално чинеше само по осум фунти! „Водата е прекрасна и отидовме на една затскриена мала плажа. Тоа беше едноставно најдоброто! Во нејзиното видео на TikTok, таа додава: „Вредеше секоја пара. Со него управува сопственикот на хостелот, неверојатен лик кој постојано ни ги дополнуваше чашите“ Друга светла точна беше ирски паб со „прилично евтини“ пијалаци и добра храна по навистина прифатливи цени. Наташа вели дека задолжителен локален деликатес е „бурекот“ - популарно улично пециво во кое се ужива низ Балканот. Таа изјави за „MailOnline“: „Една од пекарите во Охрид продаваше бурек со уникатни вкусови, вклучувајќи пилешко кари и пица. Толку беа толку вкусни, а чинат само фунта“. Наташа вели дека нема да брза повторно да дојде на Охридското Езеро, за да може да посети и други места, но нагласува - „дефинитивно бев во искушение да го продолжам престојот таму, како и повеќето од останатите“. Видеото на Наташа во TikTok за Охридското Езеро достигна импресивни 122.800 прегледи, а инспирираше и некои од следбениците веќе да резервираат лет. Еден од нив напиша: „Додадено на листата“. Друг коментираше: „Леле, тоа изгледа неверојатно!“ Еден од нив праша: „Кој период од годината одевте? Изгледа толку убаво и топло“. Одговорот на Наташа беше: „Почеток на септември! Беше средината на 20-тите. Беше совршено!“/МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унијаОколу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто. Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапредСо најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење. Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор. Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси. Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година. Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЦветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска кантаФејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата. Тагови: Сашка Цветковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20