Рецепти Дали популарните состојки маслиново масло и чиа семе делуваат на здравјето на цревата?Здравјето на дигестивниот систем стана актуелна тема на социјалните мрежи, каде секојдневно се промовираат нови трендови. Од пиење вода од чиа семе и гел од морска мов до супа од коски за „лекување“ на цревата. На овие намирници им се припишуваат чудотворни ефекти, од подобрување на расположението до зголемување на енергијата. Сепак, научниците предупредуваат дека реалноста е посложена и многу популарни тврдења не држат вода. За повеќето здрави луѓе, опсесијата „лечење“ на цревата е непотребна, објавува BBC News. Што е цревниот микробиом? Научната водителка на BBC, Каролин Стил, објаснува дека цревата го опфаќа целиот дигестивен тракт, од устата до анусот. Внатре во нив живеат трилиони бактерии, вируси и габи кои го сочинуваат цревниот микробиом, кој е клучен за функционирање на телото бидејќи „влијае на вашето ментално и физичко здравје“. Стил вели дека „цревниот микробиом е поуникатен од отпечаток од прст“, а здравиот микробиом се поврзува со подобро искористување на енергијата од храната, регулирање на шеќерот во крвта и подобрен имунитет. Истражувањата, исто така, укажуваат на врска помеѓу здравјето на цревата и менталната благосостојба, вклучувајќи намалена анксиозност и подобрено расположение. Дали популарните намирници ја оправдуваат својата функционалност? Микробиологот Алан Вокер и научникот за здравјето на цревата, д-р Меган Роси, велат дека иако има „зрно вистина“ во многу популарни трендови поврзани со одредени намирници, нивните ефекти често се преувеличуваат и се претставуваат како чудотворни решенија. Водата со чиа семе е богата со растителни влакна, „кои можат да ги хранат корисните бактерии во цревата и да помогнат во редовноста на столицата“, вели Роси. Сепак, Вокер објаснува дека ниту еден извор на растителни влакна не е доволен бидејќи различни микроби се хранат со различни влакна, па затоа разновидноста е поважна од која било состојка. „Нема штета од пиењето вода со чиа семе, но таа сама по себе има мала корист“, заклучува тој. Маслиновото масло генерално се смета за антицоспалително, здраво за срцето и може да помогне во ублажување на запекот, објаснува Вокер. Сепак, има малку докази дека земањето концентрирана „голтка“ од маслото конкретно го зајакнува микробиомот. „Нема значајна разлика помеѓу пиењето чисто масло директно или негово додавање во храната“, вели Вокер. Гелот од морска мов, еден вид алги, стана популарен бидејќи содржи растителни влакна и одредени витамини и минерали. Сепак, Роси вели дека „постојат многу малку научни докази што ја поддржуваат неговата употреба за подобрување на цревниот микробиом или дигестивната функција“. Таа предупредува на високите дози, особено кај луѓе со воспалително заболување на цревата. Вокер додава дека алгите можат да бидат извор на тешки метали и јод, а прекумерното консумирање може да предизвика здравствени проблеми. Супата од коски, која се прави со долго варење на животински коски, е богата со хранливи материи. Сепак, Вокер вели дека повеќето од овие хранливи материи се апсорбираат во тенкото црево, додека повеќето цревни микроби живеат во дебелото црево, што значи дека многу малку од нив доспеваат до самите микроби. „Нема цврсти докази дека има некакви корисни ефекти врз цревниот микробиом“, додава тој. Роси се согласува, предупредувајќи на „негативното влијание што може да го има врз нивото на холестерол ако заситените масти не се отстранат од врвот“. Комбухата е ферментиран чај, а Роси вели дека е „голем обожавател“ на традиционалната комбуха бидејќи содржи природни киселини и антиоксиданси. Сепак, таа предупредува дека не сите комбуха чаеви се исти. „Видете дали има честички што лебдат, тоа е знак за жива култура; проверете дали има додаден оцет - вистинската комбуха го нема тоа; и избегнувајте варијанти без шеќер со додадени засладувачи“, советува таа. Кога да побарате медицинска помош? Каролин Стил вели дека симптомите за проблем со цревата може да вклучуваат постојан запек, дијареја, прекумерни гасови или постојана болка во стомакот. Во овие случаи, важно е да побарате медицински совет, наместо да се прибегнувате кон екстремни диети. „Ако имате проблем со цревата, тогаш исклучувањето на лебот нема да го реши тоа“, вели таа. Таа нагласува дека повеќето луѓе не треба да прават драматични промени во исхраната. „Повеќето од нас не треба да ги третираат цревата затоа што ако вашите црева се здрави, ништо од тоа нема да направи разлика“. Наместо да ги следите трендовите, таа советува едноставни чекори за здрави црева, како што се „јадење повеќе растенија, зголемување на внесувањето на растителни влакна и намалување на ултра-преработената храна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветЕксплозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута. ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец. Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар. Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив. 🚨🇮🇷 Another day, another oil tanker IN FLAMES in the Strait of Hormuz, with Iran's Revolutionary Guards releasing footage of the burning vessel. Tehran says the tanker was attempting to pass through the strategic waterway without authorization. Writer: Oliver https://t.co/wqbwoEpDXV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 14, 2026 Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп повторно на нишан?Израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.Израел им доставил на Соединетите Американски Држави разузнавачки информации за наводните планови на Техеран да го нападне американскиот претседател Доналд Трамп и високи функционери во неговата администрација со беспилотни летала, објави денес израелскиот весник Израел Хајомз. Според весникот, израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби. Друга западна разузнавачка служба наводно ги потврдила информациите. Службениците изјавија дека можноста за постигнување договор меѓу САД и Иран значително се намалила во последните денови и дека една од главните причини за ова се разузнавачките информации што Мосад ги доставил до американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Според овие наводи, еден можен метод на напад би биле беспилотни летала наполнети со експлозиви, против кои, според службениците, тешко е да се дејствува со користење на стандардни безбедносни мерки. Откако Мосад доставил разузнавачки информации, американските функционери кои се сметаат за потенцијални цели на нападот значително ги намалиле своите појавувања на јавни настани на отворено, додека неколкумина биле привремено преместени од своите домови за да обезбедат објекти, според Израел Хајом. Весникот, исто така, објавува дека се воведени посебни безбедносни мерки за време на јавните појавувања на претседателот Трамп. Иако некои настани беа организирани на отворено пред среднорочните избори за Конгресот, ваквите собири сега се значително намалени, според официјални лица. Се додава дека се воведени дополнителни безбедносни мерки за време на настаните на кои присуствуваше американскиот претседател, вклучително и специјални системи дизајнирани да ги неутрализираат заканите од беспилотни летала. Меѓу официјалните лица за кои се вели дека се под посебни мерки за заштита се секретарот за финансии Скот Бесант, кој одигра клучна улога во донесувањето одлуки за економски санкции против Иран, и државниот секретар Марко Рубио, кој, според весникот, се спротивставил на постигнувањето договор со Техеран. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter