Дали Брисел ќе застане зад условувањата на Бугарија за историјата?

Темата за проширувањето не се очекува да се најде на дневен ред, а фокусот е ставен на соработката на Унијата со регионот во борбата против светската пандемија.

Помпезно најавуваниот мајски самит на ЕУ со Западен Балкан падна во сенка на кризата со коронавирусот. Темата за проширувањето не се очекува да се најде на дневен ред, а фокусот е ставен на соработката на Унијата со регионот во борбата против светската пандемија. Сепак, тоа според главниот преговарач на земјава Бојан Маричиќ, не значи дека Европската Унија се има откажано од агендата за проширување. Самитот како што вели тој, иако со поинаква цел, ќе ја потврди европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Македонскиот државен врв имал увид во завршната декларација на Самитот, зад која застанал и земјава. Во документот, се наоѓа и делот кој се однесува на добрососедските односи, а во кој имаа увид неколку странски медиуми. Според Еуроактив, Европската Унија бара напредок од земјава во имплементацијата на договорите со Грција и особено со Бугарија, за која посочува дека може да го проблематизира понатамошниот евроинтегративен пат на Македонија.

ЕУ целосно го поддржува залогот на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на ЕУ. Спроведувањето билатерални договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, останува важно во овој поглед.-Еуроактив

Маричиќ пак вели дека треба внимателно да се чита делот за добрососедските односи и додава дека не се врши никаков притисок врз земјава, туку дека почитувањето на билатералните договори е од големо значење.

На самитот од македонска страна учествуваат премиерот Спасовски, Вицепремиерот Османи и шефот на дипломатијата Димитров. Според агендата лидерите на земјите од Западен Балкан ќе и разменат мислења за новата фаза на тесна соработка за решавање на најважните социо-економски последици од кризата со коронавирусот, како и за регионалната соработка и безбедносните предизвици. Во пресрет на самитот, Европската Унија најави 3,3 милијарди евра помош за земјите од Западен Балкан, а се очекува да се разговара токму за критериумите под кои тие ќе бидат користени во следниот период.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер