Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат
2Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат
Здравје Д-р Цветковиќ за Канал 5: „Нека не ви дијагностицираат комшии, ChatGPT и социјални мрежи изгореници од сонце и алергии. Побарајте лекарска помош!“Д-р Тихомир Цветковиќ - специјалист дерматолог за Канал 5: Како да се направи разлика помеѓу алергија од сонце и алергија од храна?Во Утринската на Канал 5 Телевизија, „Здраво Македонијо“, гостуваше дерматологот спец. д-р Тихомир Цветковиќ. Д-р Тихомир даде многу корисни совети за претстојниот летен период, откри како да ги препознаеме алергиите од сонцето,а како од храната и како соодветно да постапиме и да се заштитиме. „Во принцип првата дистинкција се прави со тоа каде се јавува црвенилото, ако е од сонце ќе бараме на фото изложени места - единствено тука се менува математиката. Ако сме биле голи на плажа по костим за капење или нешто слично, меѓутоа ако ни се случи тоа, во нашето работно секојдневие тогаш главната дистинкција е местоположбата на црвенилото. Да речеме подлактици, лице, вратот, онаа кожа која е директно изложена на сонце, па ако на тие места повеќе останува црвенилото, тогаш повеќе би размислувале за изгореница, отколку за алергија која може да биде и од храна, суплементи, лек“, истакнува докторот. „Причините се многубројни и може да се генерализира, а изгореница од сонце и алергија од сонце е дистинкција којашто треба да ја направи лекар, значи не треба ние сами да си се дијагностицираме дома, туку треба да побараме лекарска помош. Тоа не е животно загрозувачка состојба, но може да влијае на квалитетот на животот и затоа е убаво брзо да се интервенира. Немојте да се водите по информации кои ќе ги најдете од комшии, ChatGPT, социјални мрежи и слично, има доктори кој најсоодветно ќе ви помогнат за настанатата промена и состојба на кожата“, заклучува д-р спец. Тихомир Цветковиќ за Канал 5 телевизија. Тагови: алергии Здраво Македонијо Сонцето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
МакедонијаСДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжувањеСамо околу два месеца по последниот ребаланс, Мицкоски повторно најавува можност за ново прекројување на народната каса. Нема пари. Мицкоски признава дека има помалку пари од приходи, дека се зголемува дефицитот. Обидот целиот буџетски проблем да се оправда со намалениот ДДВ за горивата е класична манипулација. Владата не се откажа од акцизата и не го намали ДДВ на горивата на 5%. Проблемот е многу поголем. Затоа дефицитот на крајот на годината ќе биде над 900 милиони евра! Претседателот Филипче веќе со месеци предупредува дека состојбата со државата каса е катастрофално лоша поради арамиските политики на Мицкоски и дека буџетската дупка се зголемува. Тотален дебакл на сите економски политики на Мицкоски. Очигледно следува нов ребаланс а со тоа со сигурност и ново задолжување, нов арамилук врз грбот на народот. Сè што најавивме се случува. Задолжувањето од 1,3 милијарди евра е веќе на хартија. За две години оваа власт го задолжи народот со 4 милијарди евра. Половина од долгот на државата во изминатите 35 години арамијата го направи за само 2 години. Јавниот долг е веќе околу 11 милијарди, околу 60 проценти од БДП-то. Долговите растат а пари за поголеми плати и пензии нема. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО и арамијата Мицкоски. Скопје, 01.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерката Јаневска им посака добредојде на бруцошите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти.На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти, нагласувајќи дека тие се најголемиот потенцијал што го има Македонија. „Овие млади луѓе избрале со високо образование да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните професионални и животни предизвици. Очекуваат да стекнат знаења и да научат вештини што ќе им овозможат успешно да се вклучат во светот на брзи технолошки, економски и општествени промени. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е вистинското место за учење, поставување прашања и истражување. Бидете љубопитни и храбри во потрагата по нови знаења“, рече министерката Јаневска во обраќањето пред студентите, професорите и академската заедница. Покрај предавањата, колоквиумите и испитите, студентите имаат можност за вклучување во истражувања, научни проекти, академски размени, летни школи и различни обуки, а Јаневска ги охрабри да ги искористат затоа што ќе им отворат нови хоризонти. „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на државата. Токму затоа високото образование е еден од нашите најважни приоритети. Во Министерство за образование и наука посветено работиме на создавање подобри услови за студирање, на модернизација на студиските програми, поголема поддршка за науката и истражувањето и на јакнење на врските меѓу високото образование и потребите на пазарот на труд“, посочи министерката Јаневска. Во оваа насока, спроведени се евалуации на дел од постојните студиски програми, а акредитирани се и повеќе нови, со цел понатамошно усогласување на високото образование со европските стандарди и потребите на општеството. Со порака дека Министерството ќе продолжи со конструктивна соработка со студентските организации, Јаневска ги повика студентите активно да учествуваат во академскиот живот, да ги споделуваат своите предлози и иницијативи и да придонесуваат во креирањето на подобри услови за студирање, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи да биде нивен партнер во унапредувањето на студентскиот живот и образовниот процес. Во делот на студентскиот стандард оцени дека се реализираат значајни инвестиции во студентските домови. Два студентски дома во Скопје се темелно и енергетски ефикасно реконструирани – „Стив Наумов“ е веќе вселен со студенти, а наскоро ќе биде отворен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Во наредниот период ќе продолжи модернизацијата и на останатите студентски домови во државата. Јаневска го најави новиот конкурс за студентски стипендии, кој покрај постојните ќе опфати и нови категории на корисници, меѓу кои и студенти со ретки болести и посебни образовни потреби, со цел да се овозможи поголема достапност на високото образование за сите млади. Посакувајќи успешна академска година, министерката ја нагласи важната улога на професорите во создавањето образовани, одговорни и етички личности кои ќе придонесуваат за развојот на општеството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Македонија Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиотОва е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател.Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Почитувани, Ова е говор на омраза и говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложена состојба. Филипче, манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци. Ова е говор на уценет човек. Ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница. Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“? Дозволете да констатирам дека ваквиот вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар. Навистина сме загрижени. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок. Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза. Инаку, Зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар? Тоа не е суштината. За крај, како координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците, јасно го осудувам говорот на омраза на пратеникот Венко Филипче.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter