Живот„Букинг“ е под истрага во Шпанија, се сомничи за кршење закониШпанскиот регулатор за конкуренција започна истрага за тоа дали дигиталната платформа Booking.com се обидува да ја потисне конкуренцијата од онлајн туристичките агенции при резервирање хотелско сместување.Истрагата е покрената врз основа на две жалби поднесени од Шпанската асоцијација на менаџери на хотели (AEDH) и Мадридската асоцијација на хотелиери, објави агенцијата за конкуренција CNMC. Здруженијата тврдат дека Booking.com наметнале нефер услови за хотелите во Шпанија и примениле мерки кои може да имаат ефект да ги потиснат другите онлајн туристички агенции и каналите за онлајн продажба. „Ние навистина сакаме оваа практика да заврши“, изјави претседателот на AEDH, Мануел Вегас. Регулаторот објави дека постојат разумни основи за сомневање дека платформата можеби ги прекршила шпанските закони за конкуренција и членот 102 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој им забранува на компаниите да злоупотребат доминантна позиција на пазарот, се вели во соопштението. Некои од спорните практики може да претставуваат злоупотреба на доминантната позиција на Booking.com во однос на конкурентните брокерски услуги понудени на хотелите од различни онлајн агенции, објаснуваат од CNMC. Тие исто така додаваат дека Booking.com можеби ги искористил шпанските хотели кои се финансиски зависни од него, без да наведат примери на спорни практики. CNMC ќе го испита случајот во следните 18 месеци и ќе ги слушне аргументите од двете страни. Доколку се утврди дека го прекршил законот, Booking.com може да се соочи со казни од 100.000 евра до повеќе од 10 милиони евра по прекршок. Асоцијацијата на хотелиери во Мадрид не одговориле веднаш на барањето за коментар на веста за истрагата. Booking.com соопштил дека ќе соработува со CNMC во истрагата за да одговори на сите прашања поврзани со водење бизнис во Шпанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 19. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен. Кариера За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна. Здравје и совет Поминете некое време во тишина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите. Кариера Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски. Здравје и совет Почнете со поправки по дома. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите. Кариера Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено. Здравје и совет Подобрување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди. Кариера Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома. Кариера Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги. Здравје и совет Не брзајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Кариера Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Овен 21.3-20.4. Љубов вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација. Кариера На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Здравје и совет Заинтересирајте се за растителни чаеви. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање. Кариера Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка. Здравје и совет Бидете она што сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов. Кариера Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени. Здравје и совет Денот е добар за опуштање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМарјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter