Боки 13 хоспитализиран, дали почетокот на судењето се доведува во прашање?

Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, дознава Канал 5. 

Боки 13 ноќта ја поминал под докторски надзор откако претходно затворскиот лекар од Судот побарал дозвола обвинетиот Јовановски да биде пренесен во болница, вели директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ.

Боки 13 постојано се желел на проблеми со здравјето, но каква е неговата моментална состојба засега не е познато.

“ Директорот на Градската општа болница 8-ми септември вели Бојан Јовановски е хоспитализиран заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази и дека дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постпка, велат стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба. “

Информацијата дека Јовановски е задржан во одделението за интензивна нега ја потврди и неговиот адвокат Сашко Дуковски, кој пред десетина дена на пресконференција обвини дека неговиот клиент има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализција, но дел од медицинските установи ги демнантираа наводите на бранителот кој тврдеше дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.

По оваа состојба се понеизвесно станува дали провоообвинетиот во Рекет ќе може да присуствува и на првото рочиште кое е закажано за 3-то декември.

Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во телевизиско интервју изјави дека јавноста многу брзо ќе дознаела дека некој од Владата го предупредил Бојан Јовановски дека е пријавен за милионскиот рекет.

“ Многу скоро во јавноста ќе излезе дека некој го предупредил Бојан Јовановски дека некој го предупредил за слуачајот Рекет од Владата, тој што го предупредил бил од Владата. И тоа не е добро, ако е тоа така, а е така тогаш треба да видиме кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски, од Владата. Да видиме која е таа личност, затоа што тука веќе овој октопод за кој што ние говориме има поголеми димензии. Не е само ограничен на оние осомничени 4-ца. Сега пазете, Бојан Јовановски е гостин кај Зоран Заев во кабинетот, практично моден гуру, самиот Зоран Заев вели дека тој менаџира провладина телевизија и наеднаш никому ништо, “ тоа не важи, вели Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Од Апелациниот суд очекуваат деновиве да го добијат мислењето од Вишото јавно обвинителство за притворот на Јовановски по што ќе одлучува дали оваа мерка ќе се укине или не.

Мироцветна порака и песна во Охрид и Струга со Цветин и Хорот „Вања Лазарова"

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата".

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата", вака е насловен денешниот настан кој ќе се одржи во Струга и Охрид, во организација на уметникот Живко Поповски- Цветин, Македонското здружение за култура обичаи и традиции "Гороцвет" и Хорот на Ансамблот „Вања Лазарова" од Скопје.

Тој ќе се содржи мироцветни цртежи, песна и поезија, и ќе се одвива во Паркот на поезијата во Струга и на Дрвениот мост, каде ќе се читаат познати стихови од славни учесници на Струшките вечери на поезијата- Ален Гинсберг, Томас Шапкот, Влада Урошевиќ, Матеја Матевски, Хјусто Хорхе Падрон, Десанка Максимовиќ, Булат Окуџава, Блаже Конески, Гилвик, Андреј Вознесенски, Генадиј Ајги и други...

Во пресрет на празникот на сесловенските просветители, на 24 Мај, кој се слави во Охрид како патронат на градот, поезија и песна ќе се изведат и на брегот на Охридското езеро покрај спомениците на Браќата Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Григор Прличев.

Педесеттина златни грла од Хорот на ансамблот "Вања Лазарова" ќе одекнат, пеејќи познати македонски традиционални песни „Ја излези Ѓурѓо" на Стража, „На Струга дуќан да имам" во Струга, „По пат одам", „Железар", „Брала мома капини" и други во Охрид.

Хорот е под диригентство на маестро Лазо Трпковски - Ласко. /МИА

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини својот коалициски партнер, израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас".

Ганц на прес-конференција вчера рече дека неговата опозициска Партија на национално единство ќе се повлече од коалициската Влада доколку планот за повоено управување со Газа не биде консолидиран и одобрен до 8 јуни, што фрла сомнеж за иднината на израелската Влада.

„Ако Нетанјаху избере да ја одведе нацијата во пропаст, ние ќе се повлечеме од Владата, ќе се свртиме кон народот и ќе формираме влада која може да донесе вистинска победа“, рече Ганц.

Кабинетот на израелскиот премиер, одговарајќи на Ганц, соопшти дека барањата на Ганц се „празни зборови“ што ќе значат „крај на војната и пораз на Израел, напуштање на повеќето заложници, оставање на (палестинскиот) Хамас на власт и создавање палестинска држава“, пренесува „Тајмс оф Израел“./МИА

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите

Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз (88) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите, објавија државните медиуми.

Кралот на Саудиска Арабија ќе биде подложен на прегледи во Кралската клиника во палатата Ал Салам во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море, објави државната саудиска новинска агенција.

Како што се наведува, лекарскиот тим одлучил да изврши лекарски прегледи за да се утврди здравствената состојба на саудискиот крал, но не се соопштуваат детали. Саудискиот монарх беше примен во болница на лекарски прегледи во април, а подоцна беше отпуштен.

Тој е на власт од 2015 година, но се верува дека неговиот син, престолонаследникот Мохамед бин Салман е задолжен за секојдневните државни работи./МИА

притисни ентер