„Боинг старлајнер“ повторно во Вселената во 2026 година, но без луѓе - Канал 5

„Боинг старлајнер“ повторно во Вселената во 2026 година, но без луѓе

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА објави дека вселенското летало на „Боинг старлајнер“ ќе полета повторно во Вселената во 2026 година, но тоа ќе биде товарна мисија во којашто нема да биде вклучен човечки екипаж.

„Боинг старлајнер“ повторно во Вселената во 2026 година, но без луѓе

Помина повеќе од една година од неуспешниот лет на „Старлајнер“, кога посадата потоа остана „заглавена“ во Вселената, на МВС. Инаку, вселенското летало во мигов сè уште не е подготвено повторно да лета, но сепак, претставници на НАСА изјавија дека работат на лансирање на мисија планирана за 2026 година.

По години одложувања и два лета без екипаж до Меѓународната вселенска станица - МВС, „Старлајнер“ ги транспортираше астронаутите на НАСА, Буч Вилмор и Суни Вилијамс, во орбитата на 5 јуни 2024 година. По патот, вселенското летало претрпе пет дефекти на потисокот и пет протекувања на хелиум, од коишто едно се случи пред полетувањето. НАСА потоа утврди дека вселенското летало не е доволно безбедно да ги врати астронаутите дома, па „Старлајнер“ слета на Земјата на 6 септември минатата година без космонаутите.

Во март беше објавено дека сертификацијата на системот за екипаж напредува и дека заедничките тимови работат на решавање на аномалиите, како и на следниот лет и пробите претходно.

НАСА се надеваше дека „Старлајнер“ ќе ја спроведе својата прва оперативна мисија до почетокот на оваа година, но агенцијата сè уште работи на модификации на вселенското летало за да избегне други неисправности. Сепак, потврдено е дека „Старлајнер“ нема да биде подготвен до вториот датум на ротација на екипажот на крајот од следната година, најрано.

Наместо да го користи „Старлајнер“, НАСА мораше да ги кристи ракетите „Кру-10“ и „11“ - во јули (на „Спејс-Икс). МВС ќе биде „пензионирана“ до 2030 година, оставајќи малку простор за „Боинг“ да го исполни својот дел од договорот за Програмата за комерцијален екипаж, вреден 4,3 милијарди долари. Агенцијата сепак би можела да најде примена за „Старлајнер“, бидејќи планира да биде вклучена во комерцијални вселенски станици.

Од друга страна, пак, НАСА дефинитивно сака да има два комерцијални субјекти со коишто ќе ги испраќа своите астронаути во Вселената, наместо да се потпира исклучиво на „Спејс-Икс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер