„BMW“ менува сè - подгответе се за целосна трансформација - Канал 5

„BMW“ менува сè - подгответе се за целосна трансформација

Секој модел ќе добие нов изглед.

„BMW“ менува сè - подгответе се за целосна трансформација

Дизајнерската насока што ја следи „BMW“ предизвикува многу контроверзии со години - некои би рекле повеќе од две децении - а многумина го наведуваат познатиот модел „E65 7 Series“ од ерата на Крис Бенгл како пресвртница.

Сепак, се чини дека германскиот производител на премиум автомобили конечно пронајде победничка формула.

Како што се приближува воведувањето на првиот модел од серијата електрични возила „Neue Klasse“, јасно е дека новата дизајнерска филозофија наскоро ќе ја зафати целата гама на „BMW“ - вклучувајќи ги и моделите со мотори со внатрешно согорување - и тоа многу побрзо од очекуваното, пишува „CarScoops“.

Нова дизајнерска ера

„BMW“ ќе ја започне новата дизајнерска ера со воведувањето на втората генерација „iX3“ на Саемот за автомобили во Минхен овој септември, по што ќе следи следната генерација на Серија 3, која ќе се нуди и како модел со мотор и како електричен автомобил (но како две различни возила).

После тоа, се очекуваат значително редизајнирани верзии на постојните модели со мотори, почнувајќи од Серија 5.

Иако сегашната Серија 5 беше претставена дури во 2023 година, радикални промени во дизајнот веќе се во тек. Во последните неколку месеци, забележани се прототипови со модифицирани предни и задни делови.

Како што пишува „Autocar“, можни се и промени во ентериерот, како што е воведувањето на нов панорамски „iDrive“ систем.

Механичката основа на „CLAR“, што се користи во сегашните модели, ќе биде задржана, како и изборот на погонски склопови.

„BMW M5“ исто така ќе добие естетика на „Neue Klasse“, но ќе го задржи моќниот „plug-in“ хибриден 4,4-литарски V8 мотор.

„Neue Klasse“ опфаќа широк спектар

Други модели што ќе го добијат новиот дизајн се Серија 2, „X2“, Серија 7 и „X7“. Според раководителот на дизајнот на „BMW Group“, Адријан ван Хејдонк, целта е сите модели да изгледаат модерно и меѓусебно препознатливо, така што новата филозофија брзо ќе се имплементира низ целата гама.

„Ќе се погрижиме дизајнерскиот јазик што го развиваме сега – и кој го започнуваме оваа година на Саемот за автомобили во Минхен со првиот модел од „Neue Klasse“ – да биде применет на целото портфолио. Ниеден модел нема да биде изоставен“, изјави тој за „Autocar“.

„Не би било добро ниту за нас ниту за нашите клиенти ако има „нови“ и „класични“ модели на „BMW“. Го менуваме изгледот и чувството на целиот бренд „BMW“.“

Тој додаде и дека секој модел ќе го задржи својот карактер, и покрај заедничките дизајнерски елементи.

„Ќе има семејна сличност, но секој автомобил ќе има свој уникатен карактер – исто како и претходно. Сепак, сè ќе изгледа сосема ново многу наскоро.“

Ван Хујдонк истакна дека „практично целата понуда“ ќе биде обновена во следните „две до три години“, додека раководителот на одделот за производи на „BMW“, Бернд Кербер, изјави малку поширок временски период – „до три и пол години“ за целосна имплементација на дизајнот на „Neue Klasse“.

Кога го прашале зошто овој пресврт во дизајнот се случува толку брзо, Ван Хојдонк одговара дека причината е брзината на технолошките промени и растечката потреба на општеството за иновации.

„Денешното општество е повеќе желно за промени“, заклучил тој. Како да ни требаше уште еден потсетник дека светот се менува побрзо отколку што можеме да бидеме во чекор.

Подгответе се – револуцијата во дизајнот во „BMW“ започна и доаѓа побрзо отколку што можевме да очекуваме.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пожарот во Белгија се шири кон Германија

Големиот пожар што беснее во областа Хај Фенс (High Fens) и во природниот резерват Хај Свомп (High Swamp) во источниот дел на Белгија се наоѓа на само три километри од германската граница.

Видео: Пожарот во Белгија се шири кон Германија

Ситуацијата во пограничниот град Моншау, во западна Германија, беше напната во текот на изминатата ноќ, а на жителите од некои делови на градот им беше препорачано да се подготват за напуштање на своите домови, пренесува „Блид“.

„Не може да се исклучат ризиците по здравјето предизвикани од чадот од пожарот. На жителите на Платевен, Лејлох и Калтерхерберг, западно од Месевего, им се препорачува да ги напуштат овие подрачја до 10 часот наутро и да престојуваат кај роднини и пријатели“, се наведува во соопштението на локалните власти.

Потврдено е дека градските власти на Моншау ќе отворат прифатилиште во општествениот центар во Имгенбројх, почнувајќи од 7 часот наутро, за сите оние што не можат самостојно да најдат алтернативно сместување.

Екипите за итни интервенции во Моншау не очекуваат огнот наскоро да се прошири на германска територија, но потврдуваат дека се во состојба на подготвеност.

„Секако, внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе продолжиме континуирано да ја следиме и проценуваме состојбата, а по потреба ќе ангажираме и дополнителни противпожарни сили“, изјави Филип Кригер, командант на противпожарната служба во Моншау.

Од белгиска страна, евакуацијата на градовите Кихелшајд и Лејкауљ веќе е започната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МО: Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

МО:  Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Министерството за одбрана ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авион

Неверојатна сообраќајна несреќа во Италија.  Автомобил панда се заби во мал авион без да закочи .

Видео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авион

Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A).

Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото.

https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер