Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
2Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
3Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
Технологија„Блу ориџин“ го објави почетокот на мисијата „Ескапејд Марс“ на НАСААмериканската воздухопловно-вселенска компанија „Блу ориџин“ (Blue Origin) го објави првиот датум на лансирање на својата ракета „Њу Глен“ што ќе се користи за мисијата на НАСА, насловена „Ескапејд Марс“ („Истражувачка авантура Марс“).Така, „Њу Глен“ ќе полета најрано на 13 октомври, а во Вселената ќе носи две сонди произведени од „Рокет лаб“ (Rocket Lab) за НАСА. Овие сонди ќе се користат за проучување на влијанијата на сончевиот ветер врз атмосферата на Марс. Тоа всушност ќе биде првиот лет на ракетата по долгогодишно одложување поради нејзиниот развој. Наредниов тн. „временски прозорец на лансирање“, кога полетувањето е научно изводливо поради планетраните порамнувања, почнува на 29 септември годинава и трае до средината на октомври. Лансирањето ќе се изврши од „Вселенскиот комплекс 36“ (Space Launch Complex 36) во склоп на станицата Кејп Канаверал на Флорида (САД). Леталото пристигна на Флорида на 19 август, а во тек се подготовките за интеграција со ракетата. Инаку, компанијата „Блу ориџин“, според познавачи, е под притисок да ги направи сите подготовки навреме. Неодамна имаше проблеми во погонот за развој на „Њу Глен“, што значеше оштетување на хардверот за вториот и третиот лет на ракетата. Сепак, компанијата потоа соопшти дека сè се одвива според планот за првото лансирање оваа година. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter