„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви права - Канал 5

„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви права

Непристапни тротоари и бројни пречки во секојдневието – слепите лица и лицата со оштетен вид сè уште се соочуваат со секојдневните предизвици .

„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви права

Не е доволно само да се обезбеди бел стап, туку и обука за безбедно и самостојно движење, вели директорката на „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска.

„ Затоа обуката за ориентација и мобилност ја сметаме за еден од основните предуслови за самостојност во таа насока веќе имаме поднесе Иницијатива до Бирото за образованието и заеднички работиме на создавање услови оваа обука системски да стане достапна за учениците со оштетен вид во редовните училишта“, --Александра Јаковчевска.

Беира Салифоска од училиштето „Димитар Влахов“ ја потенцира важноста токму на стручната обука:

„Правилната употреба на белиот стап се учи со стручна обука, таа вклучува препознавање пречки, користење ориентири, процена на безбедност и совладување на познати и нови маршути. Потребите се менуваат со возраста, па подршката треба да продолжи и кога ученикот преминува во средното образование и почнува почесто да се движи надвор од училиштет“– Беира Салифоска, државно училиште „Димитар Влахов“.

Од Сојузот на слепи лица предупредуваат дека и по децении постоење, правата на овие граѓани сè уште не се остваруваат според меѓународните стандарди. Кети Петреска бара законско признавање на факсимилот како начин на потпишување, но и поголема пристапност на јавниот простор, со тактилни патеки, безбедни премини и достапен јавен превоз.

Министерката за образование, Весна Јаневска, посочи дека годинава е зголемен бројот на образовни асистенти, што според неа е важен чекор кон поинклузивно образование.

„Меѓународниот ден на белиот стап е можност да се потсетиме до каде сме и до каде сме стигнале како општество, во нашата обврска на секое дете да му увозможиме да ги реализира своите соништа, таленти и потенцијали. Оваа учебна година ја почнавме со најголем број на образовни асистенти до сега, ангажиравме 1602 образовни асистенти во основното и 176 во средното образование“- Весна Јаневска.

На дебатата во Собранието, по повод Меѓународниот ден на белиот стап, министерот Ѓоко Велковски порача дека Министерството ќе продолжи да работи на подобрување на социјалната заштита, поголема достапност на услугите и создавање еднакви можности за лицата со попреченост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еди Рама се огласи прв пат од почетокот на насилните протести во Албанија: Нема да поднесам оставка (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама изјави за Ројтерс дека нема да поднесе оставка, бидејќи насилните протести предводени од студентите влегоа во третиот ден.

Еди Рама се огласи прв пат од почетокот на насилните протести во Албанија: Нема да поднесам оставка (ВИДЕО)

Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои кршеа прозорци и уништуваа имот во Тирана, што го натера парламентот да ја откаже седницата.

Студентите протестираат против зголемувањето на трошоците за образование и корупцијата, а оставката на Рама е меѓу нивните барања.

„Кога станува збор за повици за моја оставка, владите се менуваат на демократски избори. Минатата година имавме избори, а не револуција“, рече Рама во писмените одговори на прашањата од Ројтерс.

„Мојата одговорност е да ги слушам граѓаните, да одговорам на легитимните загрижености и да продолжам да ја водам Албанија напред. Алтернативата би била да ги предадам Албанците кои ми дадоа силен мандат да ги завршам преговорите за членство во Европската Унија“, додаде премиерот.

Рама е подготвен за разговор

Протестите претставуваат најголем предизвик за Рама досега, откако минатата година освои четврти последователен мандат, а членството на Албанија во Европската Унија беше клучно предизборно ветување.

Рама рече дека е подготвен да зборува за зголемувањето на трошоците за образование, но нагласи дека насилството не е начин да се изразат барањата на студентите.

„Нападите врз институциите, уништувањето на јавниот имот и заканите за јавната безбедност немаат никаква врска со легитимните барања на студентите“, рече албанскиот премиер.

Протестите следеа по месеци претежно мирни демонстрации предизвикани од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс на јужниот брег на Албанија, поддржан од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Проектот се соочи со правни предизвици.

Селаните изјавија за Ројтерс во јули дека нивното земјиште е нелегално продадено за да се направи простор за проектот. Но, Ројтерс не пронајде докази за злоупотреба од страна на Кушнер, кој не е директно вклучен во спорот меѓу селаните.

Улиците на Тирана беа преполни со остатоци од запалени контејнери, скршени автобуски станици и уништени семафори.

Во среда, десетици илјади студенти излегоа на улиците на Тирана, запалувајќи владина зграда и две банки и фрлајќи камења кон полицијата.

Организаторите на студентските протести како причина ги наведоа лошите услови на универзитетите, високата цена на високото образование, недостатокот на финансиска поддршка и неизвесните изгледи за работа по дипломирањето.

Албанија се стреми кон членство во ЕУ до 2028 година.

„Корупцијата мора да се запре и, како што самата ЕУ неодамна потврди, Албанија се бори против неа повеќе од кога било досега. Можеби има сили дома и во странство кои не сакаат Албанија да успее како лидер во процесот на пристапување кон ЕУ. Но, нема да дозволам насилството да ја одвлече Албанија од нејзиниот европски пат“, рече Рама.

Албанија, заедно со Црна Гора, моментално е меѓу водечките земји на Западен Балкан во процесот на пристапување кон Европската Унија и се надева дека ќе стане членка веќе во 2028 година.

Но, угледот на Албанија е нарушен од корупциски скандали, а политичките аналитичари велат дека земјата станала центар за банди кои сакаат да перат пари од трговија со дрога и оружје, што дополнително ги комплицира нејзините напори за пристапување кон блокот од 27 земји-членки.

Немирите во Албанија се дел од поширок бран студентски активизам во Европа.

Во Франција, средношколците протестираат и блокираат училишта со недели, барајќи повеќе наставници и подобри услови за работа. Тие предупредуваат дека дотраените училишни згради и преполните училници го поткопуваат квалитетот на образованието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски во Дубаи договори директна авионска линија со Скопје од март идната година

Министерот за надворешни работи и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ разговарале за можностите за директна авиолинија Дубаи-Скопје.

Муцунски во Дубаи договори директна авионска линија со Скопје од март идната година

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ Хамад Обаидала разговарале за можностите што директната авиолинија Дубаи-Скопје ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји

Од март идната година, авиокомпанијата „Флајдубаи“ ќе воспостави директна линија од Дубаи до Скопје, со три лета неделно. Ова било официјално потврдено на средбата што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја остварил со главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“, Хамад Обаидала, за време на работната посета на Обединетите Арапски Емирати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е штипјанецот кој „дрифташе“ низ градот- немал ниту возачка (ВИДЕО)

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип, а видеото од настанот беше споделено на социјални мрежи.

Казнет е штипјанецот кој „дрифташе“ низ градот- немал ниту возачка (ВИДЕО)

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со С.К.(22) од Штип. Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер