„Барај ме на TikTok“ наскоро ќе стане вообичаена фраза - Канал 5

„Барај ме на TikTok“ наскоро ќе стане вообичаена фраза

Се чини дека „TikTok“ тестира гласовни повици во рамките на директните пораки, што би можело да ја доближи популарната платформа за кратки видеа до апликации како „Messenger“ и „WhatsApp“.

„Барај ме на TikTok“ наскоро ќе стане вообичаена фраза

Функцијата првпат ја забележа Џона Манзано на мрежата „X“, каде што објави снимки од екранот што прикажуваат дојдовен повик означен како „TikTok Audio“, како и нова икона на телефон во интерфејсот на „DM“.

Според она што го знаеме досега, функцијата работи како стандарден аудио повик инициран директно од разговор. За да биде можен повикот, двајцата корисници мора да се следат еден со друг и да бидат поврзани како пријатели на платформата.

Нова опција „Исклучи звук на повици“ се појави и во поставките за приватни пораки, покрај постоечката функција за исклучување на звукот на пораките. Ова сугерира дека „TikTok“ веќе ги имплементирал потребните контроли за известувања за да ја поддржи функцијата.

„TikTok“ веќе овозможи испраќање гласовни пораки, како и фотографии и видеа преку „DM“ минатата година. Гласовните повици се логичен следен чекор во претворањето на системот за пораки во полноправна комуникациска платформа.

Целта е корисниците да останат во апликацијата

Новата функција се вклопува во пошироката стратегија на „TikTok“ за задржување на корисниците во апликацијата што е можно подолго.

Во текот на изминатите две години, платформата воведе групни разговори, функција за низа пораки, канали за емитување и гласовни пораки. Неодамна, додадена е скриена мини-игра со емотикони која работи и во индивидуални и во групни разговори.

Со воведување гласовни повици, „TikTok“ се приближува уште повеќе до „Instagram“ и „Snapchat“, кои со години поддржуваат аудио комуникација во рамките на апликацијата.

Компанијата официјално не ја потврди новата функција ниту објави поширок датум на достапност, но сè укажува дека функцијата наскоро би можела да достигне до повеќе корисници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И денеска многу топло,максималната ќе достигне од 35 до 40 степени

Времето и денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. 

И денеска многу топло,максималната ќе достигне од 35 до 40 степени

Според УХМР ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 11. август 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 11. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 11. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста.

Кариера

Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии.

Здравје

Не сте задоволни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини.

Кариера

Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици.

Здравје

Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови.

Кариера

Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо.

Здравје

Послужете се со својата интуиција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата.

Кариера

Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки.

Здравје

Ќе бидете весели и емотивни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат.

Кариера

Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат.

Здравје

Ќе се веселите со блиски луѓе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска.

Кариера

Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена.

Здравје

Потпрете се на вашата смисла за хумор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло.

Кариера

Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре.

Здравје

Полни сте со енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство.

Кариера

Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите.

Здравје

Свртете се кон себеси.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата.

Кариера

Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок.

Здравје

Користете ги паузите на работа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика.

Кариера

Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа.

Здравје

Би било корисно добро да се наспиете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа.

Кариера

На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне.

Здравје

Занимавајте се со спорт.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно.

Кариера

Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами.

Здравје

Наспијте се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Иван Анастасовски.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер