„Бадникови поворки": Околностите не дозволуваат Божикна манифестација - Канал 5

„Бадникови поворки": Околностите не дозволуваат Божикна манифестација

Околностите не дозволуваат Божикна манифестација, но од домовите да ја пееме Божикната песна.

„Бадникови поворки": Околностите не дозволуваат Божикна манифестација

Скопје, 4 јануари 2021 (МИА) – На 6 јануари напладне каде и да се наоѓате на планетата Земја, запрете за миг и помолете се за подобра година за сите, апелира Здружението за православни вредности „Бадникови поворки" по повод овогодинешното чествување на Бадник и Божик.

Околностите, како што посочуваат од Здружението, не дозволуваат да ја организираме традиционалната Божикна манифестација, ниту да формираме поворки на радост низ улиците, но ништо не’ не спречува, од топлината на своите домови, да ја пееме Божикната песна погласно од било кога.

– Оваа година ќе имаме еден поинаков, но не помалку радосен Божик. Божикната песна ќе не’ сплоти во силна заедничка молитва и ќе не' предизвика, полни со верба и надеж, радосно да го најавиме Христовото Раѓање!, потенцираат од Здружението.

Од активностите во овој период ја издвојуваат акцијата за собирање Божикни честитки, реализирана на 20-тина пунктови низ Републиката.

– Се собираат пораки наменети за болните на инфективните одделенија, кои за жал годинава за Бадник и Божик не ќе можат да бидат во кругот на семејството. Акцијата водена под мотото „Пронајдете го пунктот во вашиот град и донирајте ја само вашата љубов" во вид на Божикна честитка, завршува утре (5 јануари), за веќе следниот ден, на Бадник, сите добри мисли преточени во Бoжикна честитка, да патуваат до инфективните одделенија, за да ги утешат и развеселат болните и да истакнат неизмерна благодарност до медицинските работници, информираат од Здружението.

Во врска со возобновувањето православни божикни песни кои некогаш се пееле на овие простори, како еден од најкрупните зафати, посочуваат од Здружението, а секогаш во соработка со Бигорскиот манастир, годинава традицијата продолжува со „Христос се раѓат, на светот радост” во изведба на Љубојна.

Посочуваат дека станува збор за традиционална божикна песна што потекнува од овие широки балкански простори, од времето на Ромејското Царство, Византија.

– Ја пееле нашите благочестиви претци, а кај нас најдолго се задржала меѓу мијачкото население, заради што и сегашнава возобновена верзија е испеана токму на мијачки дијалект, во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња. Песната во изведба на Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј", како и спотот во режија на Дејан Пројковски, ќе бидат промовирани на Бадник како Божикен подарок од Бадникови поворки и Бигорскиот манастир до верниот народ. Оваа година, за прв пат во историјата, една православна Божикна песна добива толкување на знаковен јазик. Имено, „Бадникови поворки" во соработка со Викторија Волак, сертифициран знаковен толкувач, ги израдува глувите лица со имплементирање на знаковен јазик во спотот за божикната „Небо и земја". Следува адаптација и на останатите Божикни спотови снимени изминатите пет години, додаваат од Здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Запленети два тони храна на зелениот пазар во Ченто

При контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. 

АХВ: Запленети два тони храна на зелениот пазар во Ченто

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денес спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид.

Контролата беше насочена кон проверка на условите под кои се продава храната, како и почитувањето на законските прописи за нејзино безбедно складирање и промет.

При контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. Запленетата храна е отстранета од промет и нештетно уништена, а надлежните инспекциски служби ќе продолжат со преземање мерки во согласност со своите законски надлежности.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени инспекциски контроли, самостојно и во координација со другите надлежни институции, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна храна на пазарот.

АХВ апелира до сите оператори со храна да ги почитуваат законските обврски и да обезбедат соодветни хигиенски услови при ракувањето, чувањето и продажбата на храната. Безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите остануваат приоритет во работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порака од Москва до идните членки на ЕУ: „Се надеваме дека ќе ги согледате сите последици“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека ЕУ суштински се променила во последните децении и дека нејзиното проширување повеќе не дозволува новите членки да задржат неутрален статус.

Порака од Москва до идните членки на ЕУ: „Се надеваме дека ќе ги согледате сите последици“

Според неа, европската интеграција за земјите од Западен Балкан подразбира прифаќање на антируските политики на Брисел.

Захарова нагласи дека, иако начинот на кој балканските земји градат односи со Европската унија е нивен суверен избор, сепак тие со децении чекаат на членство, пренесува „Спутник“.

Таа додаде дека Албанија е на европскиот пат од 2000 година, Македонија од 2004, Црна Гора од 2008, а Србија од 2009 година.

„Во тој период, Европската унија, се разбира, значително се промени – и тоа секако не на подобро. Ова се однесува и на економските показатели и на нејзиното однесување на меѓународната сцена“, оцени Захарова.

Таа исто така истакна дека брзата милитаризација на Европската унија, нејзината неуспешна миграциска политика и – како што рече таа – целосно ирационалното напуштање на трговската и енергетската соработка со Русија, имаат крајно негативни последици врз социо-економската состојба во Европа.

Како пример за опаѓањето на привлечноста на ЕУ, таа го наведе референдумот одржан на Исланд во август, тврдејќи дека граѓаните на таа земја гласале против продолжување на преговорите за членство во ЕУ. Захарова особено предупреди дека Европската унија сè повеќе се трансформира во воен блок, додека ја означува Русија како примарна егзистенцијална закана – дури и за периодот по завршувањето на конфликтот во Украина.

Според нејзината оценка, оваа промена суштински ја изменила самата природа на проширувањето на Европската унија.

„Овој процес повеќе не ја дозволува можноста новите членки да задржат неутрален статус“, нагласи Захарова.

Таа забележа дека дури и самата перспектива за скоро пристапување во ЕУ автоматски повлекува барање за усогласување со антирускиот став на Брисел. Тоа, според неа, вклучува воведување санкции кон Русија, давање сеопфатна поддршка на властите во Киев и усвојување други конфронтирачки надворешнополитички цели кои не се секогаш во согласност со националните приоритети на земјите-кандидати. „Се надеваме дека земјите од Западен Балкан ќе ги видат и анализираат овие промени во рамките на Европската Унија и јасно ќе ги разберат импликациите од европската интеграција за нивните сопствени национални интереси и за благосостојбата на нивните граѓани“, изјави Захарова.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави

Шумската полиција спроведе засилени акции против нелегалната сеча низ целата држава, при што во текот на септември и во почетокот на октомври беа запленети над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса и поднесени 140 пријави.

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави

Привремено се одземени 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, како и моторни пили, приколки, секири и други предмети употребени за незаконска сеча и превоз на дрва.

Акциите се спроведуваат паралелно со секојдневните редовни контроли, со посебно внимание на подрачјата каде што поизразено дејствуваат организирани групи на дрвокрадци. Контролите се насочени и кон сузбивање на нелегалното снабдување со дрва на населението и на производствените капацитети, а со кои се нанесува значителна штета на шумскиот фонд.

„Засилените акции ќе продолжат и во наредниот период, на целата територија на државата. Заштитата на шумите е јавен интерес и наша институционална одговорност. Шумската полиција ја има целосната поддршка на Министерството да постапува одлучно и доследно против незаконската сеча, транспортот и трговијата со дрва, во рамките на своите законски овластувања“, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Во пресрет на грејната сезона, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до граѓаните да купуваат огревно дрво само од лиценцирани продавачи и складови. Со набавката на дрва од легални извори активно се придонесува за спречување на нелегалната трговија и за заштита на шумите.

Воедно, граѓаните се повикуваат да пријавуваат сомнежи за незаконска сеча, транспорт и продажба на дрва до Шумската полиција и другите надлежни органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер