3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
Здравје Археолошкиот музеј со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозатаОсветлување на Археолошкиот музеј со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата - 24 март.Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје, заедно со професионалните здруженија: Македонското лекарско друштво, Здружението на пневмофтизиолози, Македонското респираторно здружение и Македонското педијатриско респираторно здружение се вклучија кон годинешните активности на „Stop TB Partnership“, што претставува интернационална иницијатива и партнерство под закрила на Обединетите Нации, по повод одбележување Светски ден за борба против туберкулозата (ТБ) - 24 март, 2024 година. Секоја година, на 24 март, го одбележуваме денот кога д-р Роберт Кох во 1882 го објавил откривањето на бацилот на туберкулоза. Светскиот ден на туберкулозата е повод да се мобилизира политичката и социјалната посветеност за натамошен напредок кон елиминирање на туберкулозата. Одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата е со цел подигнување на свесноста за глобалната епидемија на туберкулоза и напорите кои се во тек за нејзино елиминирање. Овој ден служи како потсетник за изгубените животи од ТБ, тековната борба на оние кои живеат со оваа болест и итната потреба за глобална акција за да се стави крај на ТБ. Нашата меѓународна кампања има за цел не само да информира и ангажира, туку и да мобилизира ресурси, да се залага за ефективни политики и да го поттикне учеството на заедницата во глобалната борба против ТБ, усогласувајќи се со годинешната тема и целите за да нè доближи до свет без ТБ. Годинешно мото за денот на борба против туберулозата „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата” треба да го привлече вниманието кон оваа глобална закана со цел да ја впрегнеме нашата колективна моќ за да ставиме крај на туберкулозата до 2030 година и затоа да ги достигнеме целите за одржлив развој. Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза упатува благодарност до Археолошкиот музеј за вклучување кон ова глобално движење за да го привлечеме вниманието кон важноста за борбата против туберкулозата. Партнерството „Стоп за ТБ“ ја започна кампањата „Осветли за туберкулозата“ првпат во 2017 година, при што во претходните кампањи со вклучување на над 60 градови ширум светот. Нашата земја, првпат се вклучи во оваа кампања минатата година, кога за истата цел се осветли Камениот Мост во црвено. Министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаЗајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоциклиВо септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово. Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли. Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: Зајакнати контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
СветВладимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките нападиРускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости. Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија. Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријаваПо насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.Тагови: нелегална сеча на дрва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter