Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
Технологија„Apple“ се мачи во Кина„Apple“ има проблеми со развојот на вештачката интелигенција во Кина.„Apple Intelligence“ нема наскоро да се појави на моделите на „iPhone“во Кина, како што објави веб-страницата „The Information“. Според извештајот, „Apple“ се бори да го прилагоди „Baidu LLM“ (large language model), кој има проблем да ги разбере командите и прашањата, како и да нуди прецизни одговори и дејства во вообичаени сценарија. „Apple“ ги лансираше уредите „iPhone 16“ со ветување дека телефонот ќе добие функции за вештачка интелигенција во октомври, со ажурирањето на „iOS 18.1.“ Сепак, тој подоцна објави дека платформата „Apple Intelligence“ ќе биде одложена за Европа и Кина. Американската компанија се соочува со уште еден проблем во Кина. Политиката за приватност на „Apple“ не дозволува собирање податоци од корисници на „iPhone“ кои поставуваат прашања за вештачка интелигенција. Сепак, „Baidu“ сака да ги задржи податоците за да ги анализира и да ја подобри својата вештачка интелигенција. „Ernie 4.0“ е најнапредниот модел на „Baidu“ и „Apple“ сака да го користи за генеративна вештачка интелигенција на уредите „iPhone“, „iPad“ и „Mac“. Планот е, исто така, да се имплементира „LLM“ во „Siri Assistant“. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе Денеска во хотел во истанбулската населба Бакиркој избувна пожар, а пожарникарите евакуираа голем број луѓе кои биле во зградата.Пожарникарите реагираа на местото на пожарот, а операцијата за гаснење е во тек, објави Хуриет. Засега нема информации за повредени. Бакиркој е општина на европската страна од Истанбул, на брегот на Мраморното Море.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петминаЛишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово. При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети. Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежаПочнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија. Како што најавивме, на сомнителен начин.На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија. Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа? Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани. По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија. Дали ова значи дека истрагата е прекината и се работи под радарот? Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија? Што прави АВМУ? Или мачкаат очи? Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара? Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер. Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда. Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ. Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми. Наскоро медиумски мрак и во Македонија - во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски . Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook