Петрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминал
2Петрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминал
3Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
Технологија„Apple“ повторно загубиСудот го отфрла барањето на технолошкиот гигант за блокирање на методите за плаќање од трети страни до конечната одлука на Врховниот суд.„Epic Games“ постигна уште една процедурална победа во својата битка со „Apple“ за надоместоците за „App Store“, откако Апелациониот суд на САД за Деветтиот округ го потврди најновото барање на креаторот на „Fortnite“. Пресудата значи дека „Apple“ мора да продолжи да им дозволува на програмерите да користат методи за плаќање од трети страни во своите апликации без да наплаќаат надомест. Најновата пресуда значи дека барањето на „Apple“ за запирање на промените е поништено, повторно фаворизирајќи ги програмерите и принудувајќи го производителот на „iPhone“ да ги задржи промените во својот систем за наплата, барем засега. Конечниот исход од случајот ќе утврди дали „Apple“ може да наплаќа надомест за купувања направени надвор од својата продавница за апликации во САД - и ако е така, колку. The Ninth Circuit Court just reversed their decision granting Apple’s motion to stay the mandate. The Court wrote: “Apple has failed to show good cause to sustain our prior stay order. Apple has not demonstrated that any proceedings on remand will cause it irreparable harm if our… — Epic Games Newsroom (@EpicNewsroom) April 29, 2026 Во објава на „X“, „Epic“ ја прослави пресудата на судот во негова корист, посочувајќи на неодамнешна поднесок во која се наведува: „Apple не успеа да покаже основана причина за да ја потврди нашата претходна забрана. „Apple“ не покажа дека каква било постапка за враќање во понискиот суд би му предизвикала непоправлива штета ако нашата забрана не се одложи“. Со други зборови, судот не беше убеден дека „Apple“ ќе претрпи сериозна штета ако промените во „App Store“ останат на сила додека трае правната битка. Извор: Б92Тагови: Apple Epic Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ФудбалБилиќ и по дебаклот против Англија останува на клупата на Хрватска рватската фудбалска репрезентација претрпе еден од најтешките удари во својата историја! Во мечо до Лигата на нации, Англија славеше со неверојатни 7:0 на „Рујевица“ и им го нанесе најтешкиот пораз во историјата на популарните „Ватрените“, а веднаш по тој историски дебакл се наметна прашањето – што ќе се случи со селекторот Славен Билиќ? Дел од хрватската јавност веќе почна да бара негово заминување, но претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, по натпреварот повлече потег со кој ја отстрани најголемата дилема. Билиќ, барем засега, останува на хрватската клупа. Како што пренесоа хрватските медиуми, по натпреварот Кустиќ се симнал во соблекувалната и им се обратил на репрезентативците и на целиот стручен штаб. Пораката била јасна и воопшто не беше пријатна. Кустиќ им дал до знаење на фудбалерите дека начинот на кој одиграа против Англија, како и нивниот однос кон хрватскиот дрес, се неприфатливи. Сепак, по критиките следувала и поддршка. Претседателот на ХНС им порачал на фудбалерите дека поради едно катастрофално издание не станале лоши играчи преку ноќ и дека очекува реакција уште на следниот натпревар. Тој особено го истакнал престојниот дуел со Шпанија утре на „Пољуд“, каде што Хрватска ќе има можност да покаже карактер и да се обиде да го поправи впечатокот по дебаклот против Англија. Потоа претседателот Кустиќ ја решил и најголемата дилема. Маријан Кустиќ му даде безусловна поддршка на Славен Билиќ! Тоа значи дека, и покрај најтешкиот пораз во историјата на хрватската репрезентација, ХНС (HNS) во моментов не планира да го смени селекторот. Билиќ останува на клупата и ќе има можност да покаже реакција со тимот веќе на натпреварот против Шпанија. Самиот Билиќ ја презеде одговорноста ден по дебаклот и изјави дека Хрватска мора да покаже карактер. „Ја преземам одговорноста за ова разочарување што ѝ го приредивме на Хрватска“, рече Билиќ, порачувајќи дека дуелот со Шпанија е можност тимот да го поправи впечатокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитетПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Христијан Мицкоски за наводната загрозеност на македонскиот идентитет.„Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата“, рече Филипче. Тој потсети на изјавите и ветувањата на Мицкоски за Преспанскиот договор и на потврдата дека договорот го штити националниот идентитет. „Велеше, идентитетот е загрозен, ќе го поништиме Преспанскиот договор. И што направи човекот? Ништо. Кажа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката Гордана Сиљановска потврди дека Преспанскиот договор го штити нашиот национален идентитет“, потенцираше претседателот на СДСМ. Филипче нагласи дека се потврдени ставовите што СДСМ ги застапува за заштитата на македонскиот идентитет и јазик а лагите на Мицкоски се целосно потопени. „Јасно е дека овие луѓе со лага дојдоа на власт, глумејќи патриоти, и сега со лаги сакаат на власт да останат. Се потврди сè што зборувавме досега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ посочи дека задржувањето на државата во изолација ги загрозува нејзината иднина и интересите на граѓаните. „Не напредуваме, стоиме во место. Поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат. Ние тонеме во сиромаштија. Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Скопје, 05.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминалВенко Филипче и талогот од СДС зборуваат само за ЕУ и нашето пристапување во ЕУ по секоја цена.Во оваа прилика им укажуваме дека еден од главните услови за ЕУ е токму борбата против корупцијата. Ова што Филипче сега го прави изгледа како селективна борба против корупцијата и борба против сопартијци кои му се неистомисленици. Меѓу нив последен е случајот кој го наведе, поточно скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана кога министерка беше Славјанка Петровска, актуелна пратеничка на СДС, а сега и дел од платформата 12.05 која бара промени во СДС. За овој случај ВМРО-ДПМНЕ го повика јавното обвинителство да постапи, како што го повикува за секој еден случај со корупција и криминал без разлика кој е осомничен. Филипче пак е должен за овој случај и за било кој друг, каде има сомнеж за криминал, да ги достави до јавното обвинителство сите информации со кои располага. Филипче воедно треба да информира и да доставува информации до обвинителството за секој случај без разлика кој е осомничен. Во спротивно ќе сметаме дека Филипче лаже и применува двојни аршини. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter